ТВ серија: Што ако (What if)

Сподели

Млад брачен пар, западнат во долгови, ќе прифатат необична понуда од инвеститор

rnГлавни улоги: Џејн Ливај, Блејк Џенер, Кит Пауерс, Рене Зелвегер

Реклама

Жанр: трилер

Креатор: Мајк Кели

Премиера: 24 мај 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: [ratings]

 

https://www.youtube.com/watch?v=AFnI887xhBE

Ако сте расположени за мистериозен трилер што ќе ве одведе на луд емоционален ролеркостер, тогаш оваа ТВ серија е одлична за вас! Рене Зелвегер ја толкува улогата на Ен Монтгомери, моќна и богата бизнисменка и инвеститорка која е позната по своето безмилосно владеење. Токму затоа и Лиса Донован ќе се изненади кога ќе дознае дека неверојатната Ен сака да инвестира во нејзиниот мал бизнис кој е на работ на пропаѓање. Но, како што кажавме, Ен е безмилосна, па нејзината понуда воопшто нема да биде лесна или едноставна.

За да го добие потребното финансирање и лансирање на својата компанија, Ен ќе ѝ ги понуди на Лиса потребните финансии само ако нејзиниот сопруг, Шон Донован, помине една вечер со неа. Тој треба да потпише договор дека по завршувањето на вечерта, никогаш нема да открие што се случило тогаш. А ако открие, Лиса го губи правото на компанијата. Па, што мислите? Што ќе одлучат тие? И како нивната одлука ќе влијае на останатиот дел од нивниот заеднички живот?

Популарно

Може ќе ве интересира