КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Љубов, смрт и роботи (Love, Death & Robots)

Колекција од анимирани кратки приказни што опфаќаат повеќе жанрови, од научна фантастика и фантазија до хорор и комедија

rnГлавни улоги: Скот Вајт, Нолан Норт, Метју Јанг КингrnrnЖанр: анимација, комедија, фантазијаrnrnКреатор: Тим МилерrnrnПремиера: 15 март 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 15 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=wUFwunMKa4ErnrnНетфликс објави нова научно фантастична антологија наречена „Љубов, смрт и роботи“ што вклучува 18 кратки филмови. Секоја епизода е сосема различна од претходната, и во однос на приказната и во однос на технологијата што е користена. Ќе забележите разновидна анимација и CGI технологија, од аниме до хипер-реалистичка компјутерска анимација. Што се однесува до самите приказни, тие се пишувани во различни поджанрови на научната фантастика, од комедија и стимпанк до хорор и фантазија.rnrn rnrnИако станува збор за анимација, сепак оваа ТВ серија се препорачува за публика над 18 години бидејќи поголемиот дел од епизодите вклучуваат многу насилство и голотија (скоро на истото ниво како просечна епизода од „Игра на тронови“). Но, ако треба да споредуваме во однос на приказната, тогаш најблиската ТВ серија би била „Црно огледало“, но во анимирана форма и со многу послободен пристап на раскажување.rnrn rnrn„Љубов, смрт и роботи“ ги претставува проблемите на модерното општество, притоа обидувајќи се да го задржи вниманието дури и на генерацијата Јутјуб, правејќи ги епизодите со должини меѓу 6 и 17 минути. Најчесто се обработуваат тешки и темни теми, што не се за сечие срце. Веќе спомнавме дека серијата изобилува со насилство и голотија, и тоа ја прави визуелно тешка за гледање, но темите како силување или машката доминација врз женските тела ѝ даваат и психолошка тежина. Имајќи го сè ова на ум, би ѝ дале шанса?rnrn