КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм и ТВ

  • Филмови со кучиња кои ќе ги расположат сите оние на кои седењето дома им е преку глава

    Филмови со кучиња кои ќе ги расположат сите оние на кои седењето дома им е преку глава

    Кучињата се симпатични крзнени суштества кои обожаваат гушкање, галење по стомакот и храна. Поради моменталната ситуација со пандемијата, луѓето кои имаат кучиња го поминуваат поголемиот дел од времето играјќи си со нив. Без разлика дали имате крзнен пријател во домот или не, можете да изберете некој филм со кучиња и да го гледате за време на карантинот.rnrnВи предлагаме неколку одлични филмови во кои кучињата живеат до крајот на филмот, бидејќи со моменталната состојба во светот никој не би сакал да биде уште потажен.rn

    1. „Дамата и скитникот“ (Lady and The Tramp)

    rn„Дамата и скитникот“ е анимиран филм за едно богато и разгалено кученце кое се заљубува во еден шармантен скитник. Ова е приказна која зборува за љубовта која секогаш победува, за поделбата на класите и за пронаоѓањето на вашето место во овој свет. Иако во 2019 година беше направен и филм, оригиналот сѐ уште победува.rnrnДамата и скитникотrn

    2. „Сто и еден далматинец“ (One Hundred and One Dalmatians)

    rnБазиран на романот на Доди Смит, „Сто и еден далматинец“ е филм од 1961 година кој е полн со кучиња и го има еден од најдобрите негативци на Дизни на сите времиња – Круела де Вил. Приказната започнува кога кучињата Понго и Пердита се киднапирани, бидејќи Круела де Вил сака да го искористи нивното крзно за далматински мантил. Тогаш родителите започнуваат авантура за да ги вратат кучињата.rnrnСто и еден далматинецrn

    3. „Скуби Ду на островот на мртвите“ (Scooby-Doo on Zombie Island)

    rnАко барате нешто повозбудливо тогаш гледајте го „Скуби Ду на островот на мртвите“ каде Скуби Ду се бори со вистински мртовци. Целиот 77-минутен филм е полн со забава, многу мртовци и авантури со бандата од „Мистериозната машина“. Можете да го гледате кога би сакале да се релаксирате без да мислите на друго. Кој не го сака Скуби? Тој е толку добро кученце!rnrnСкубиДуrn

    4. „Кучешки денови“ (Dog Days)

    rn„Кучешки денови“ е филм за животите на група луѓе и нивните кучиња, а нивните меѓусебно поврзани приказни ќе ве натераат да копнеете по човечка интеракција. Во главните улоги на филмот се Ева Лонгорија, Нина Добрев, Ванеса Хаџенс, Томас Ленон, Рајан Хенсен и Фин Волфард. Не смееме да ги заборавиме и кучињата кои се многу симпатични.rnrnКучешки деновиrnrnЗа повеќе предлози, погледнете ги овие 10 филмови кои ќе ве насмеат.

  • Филмови со танцување кои ќе ги задржат жените поблизу до екраните

    Филмови со танцување кои ќе ги задржат жените поблизу до екраните

    Ги имаме гледано стопати, но ако се случи да наидеме на некој од овие филмови на телевизија, нема да можеме да се одвоиме од екранот.rnrnФилмови со танцување кои ги задржат жените поблизу до екранитеrnrnСоставивме список од филмови со танцување и музика кои секогаш го подобруваат расположението.rn

    1. „Валкан танц“

    rnhttps://youtu.be/eIcmQNy9FsMrnrnРомантичната приказна за добра девојка, Френсис Бејби Хаусмен, која го доживува најдобриот период од животот на годишен одмор со инструкторот по танц Џони, неповратно ги освои срцата на многу жени, без оглед на возраста.rnrnРетро-музиката, одличната кореографија и хемијата помеѓу главните актери го направија овој филм култен класик што секоја жена треба да го погледне.rn

    2. „Флешденс“

    rnhttps://youtu.be/YdXqyECQzckrnrnСите соништа можат да се остварат ако ги вложиме сите сили. Оваа порака најдобро ни ја пренесе Алекс Овенс, која работи како заварувачка во текот на денот, а танцува и копнее по кариера како професионална балерина, ноќе. Иако подоцна дознавме дека сите сцени ги танцувала танчарката Марин Жерон, а не актерката Џенифер Билс, тоа не го расипа впечатокот за филмот, кој донесе незаборавни хитови како „Maniac”, „Flashdance“ и „What a Feeling”.rn

    3. „Дали сте за танц?“

    rnhttps://youtu.be/UGtS3CL-zpornrnРаботен според филмот со исто име и актерските легенди Фред Астер и Џинџер Роџерс, во 2004 година беше снимен римејк на овој филм. Во него, Ричард Гир толкува улога на човек кој доживува средовечна криза која пробува да ја надмине со помош на класични и латиноамерикански танци со згодената инструкторка која ја глуми Џенифер Лопез. По овој филм и луѓето со 2 леви нозе имаат потреба да се запишат во училиште за танцување, а бонус за гледачите е неочекуваниот пресврт во кој главните ликови не започнуваат романтична врска.rn

    4. „Били Елиот“

    rnhttps://youtu.be/0g1YvKDdIfcrnrnСекоја чест за „Црниот лебед“ и тинејџерската драма „Централна сцена“ која следи група танчари од Њујорк, но ако се прашуваме кој филм со танцување би го погледнале повторно, тогаш тоа е „Били Елиот“! Џејми Бел во улога на талентирано момче кое мора да се спротивстави на родовите стереотипи на околината за да ужива во танцот е исто толку трогателен колку и неговото движење на сцената.rn

    5. „Безгрижен“

    rnhttps://youtu.be/P4narQca4OcrnrnЗамислете да живеете во град каде танцувањето е забрането? А токму со таква неверојатна премиса се занимава филмот „Безгрижен“. Можеби тој не е толку технички поткован во однос на танцувањето, како другите филмови на листата, но тој ни ја покажа целата моќ на оваа активност. Шармантниот Кевин Бејкон во бела маица и фармерки, не мора ни да споменеме, зарем не?rn

    6. „Треска во саботната вечер“

    rnhttps://youtu.be/tyJDYTG5leQrnrnНикој не танцува толку вешто на песната „Stayin ‘Alive“ како младиот Џон Траволта, кој се здоби со светска слава и многу женски фанови по неговата главна улога во овој филм. Признајте дека се обидовте да го имитирате неговото движење со рацете и показалецот?rn

    7. „Магичниот Мајк“ и „Магичниот Мајк XXL“

    rnhttps://youtu.be/8AnW97qET4ErnrnДали сте ги виделе комплицираните кореографии што ги изведоа познатите актери предводени од Чанинг Татум? Заради нив навистина вреди да се остане пред малите екрани и да се препуштите на магијата на овој филм.rnrnМожеби сакате да ја погледнете и листата од најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година.

  • Серии во кои можете да уживате додека сте во изолација

    Серии во кои можете да уживате додека сте во изолација

    Изгледавте сè на Нетфликс, телевизиските програми не ви се допаѓаат и изгледавте многу култни наслови од списокот со серии и филмови што мора да ги гледате? А, што е со некои од долгите серии што сега можете да ги гледате без никакво каење? Ако овој период барате утеха во филмовите, во сериите и во забавните емисии, тоа е сосема во ред. Овие серии не само што ќе ви предизвикаат чувство на носталгија затоа што ќе ве потсетат на детството и на моментите кога животот беше нормален, туку во моментов може да имаат навистина позитивен ефект врз вашето расположение.rn

    1. „Симпсонови“ („The Simpsons“)

    rnhttps://youtu.be/SR8WWFzrZAgrn

    2. „Вовед во анатомија“ („Grey’s Anatomy“)

    rnhttps://youtu.be/q1pcpgREQ5crn

    3. „Девојките Гилмор“ („Gilmore Girls“)

    rnhttps://youtu.be/fr9NyhPJ2Pkrn

    4. „Паркови и рекреација“ („Parks and Recreation“)

    rnhttps://youtu.be/9djCOPHOvOwrn

    5. „Девојки“ („Girls“)

    rnhttps://youtu.be/k4tY-2PTFPgrn

    6. „Туѓинец“ („Outlander“)

    rnhttps://youtu.be/PFFKjptRr7Yrn

    7. „Два метри под земја“ („Six Feet Under“)

    rnhttps://youtu.be/VT6Fq1ENb8srn

    8. „Повикај го мојот агент“ („Call my Agent!“)

    rnhttps://youtu.be/zXu3gOi8HxIrnrnПогледнете ги и 5-те најдобри мини серии за кои нема да поверувате што всушност сте изгледале.

  • 5-те најдобри мини серии: Нема да поверувате што всушност сте изгледале!

    5-те најдобри мини серии: Нема да поверувате што всушност сте изгледале!

    Останавте без идеја што да гледате за време на изолацијата?rnrn5-те најдобри мини серии: Нема да поверувате што всушност сте изгледале!rnrnВи ги предлагаме 5-те најдобри мини серии, што го заслужуваат вашето целосно внимание! Секоја од нив има само по неколку епизоди, но тоа е доволно за да остави силен впечаток и никогаш да не ги заборавите!rn

    1. „Изгубената соба“ („The Lost Room“, 2006 год.)

    rnhttps://youtu.be/pB-1h1F6vrIrnrnОваа мини-серија има само 3 епизоди, но никогаш нема да ја заборавите! Џо Милер е обичен детектив, кој случајно доаѓа до клучот од собата број 10 во хотелот „Sunshine“. Но, клучот не ја отвора вратата. Детективот треба да ја реши мистеријата поврзана со оваа соба затоа што приказната се движи во целосно шокантна насока…rn

    2. „Худини“ („Houdini“, 2014 год.)

    rnhttps://youtu.be/sC5B93_wHMcrnrnКратката серија (од вкупно само 2 епизоди) која ја раскажува приказната за славниот волшебник Хари Худини. Неверојатните трикови на илузионистот сè уште не се доволни за да се разоткрие еден од најневеројатните луѓе во светот.rn

    3. „Чернобил“ („Chernobyl“, 2019 год.)

    rnhttps://youtu.be/s9APLXM9Ei8rnrn5-те епизоди од серијата ја покажуваат вистината за страшната трагедија што го погоди Чернобил. Погледнете ја реконструкцијата на трагичните настани и обидите да се неутрализираат грозните последици од големата нуклеарна катастрофа.rn

    4. „Патрик Мелороуз“ („Patrick Melrose“, 2018 год.)

    rnhttps://youtu.be/PfKXeUOj6P0rnrnПатрик страда од бројни зависности од кои сака да се ослободи засекогаш. Во тие обиди тој открива дека причината за неговите психози лежи во детството. Преку 5 неверојатни епизоди оваа серија сериозно ја зголемува свеста за темите за кои сите треба да размислиме!rn

    5. Олив Китериџ („Olive Kitteridge“, 2014 година

    rnhttps://youtu.be/3S1CepUaGMIrnrnСекое семејство има тајна. Преку 4 неверојатно возбудливи епизоди, оваа серија открива што може да се случи во едно семејство во текот на 2 децении.rnrnМожеби сакате да прочитате и за оваа ТВ серија „Зора“ („Daybreak“).

  • 14 филмови со премиера во 2020 година кои треба да ги изгледаме

    14 филмови со премиера во 2020 година кои треба да ги изгледаме

    Повеќе од 10.000 филмови беа премиерно објавени во 2019 година, но 2020 година е исто толку плодна! За да не се изгубиме во целата оваа разновидност, треба да ги прочитаме коментарите на критичарите, написите и оценките на Интернет.rnrnСледува список од најочекуваните филмови во 2020 година.rn

    1. „Dune“ („Дина“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=UZXB4aAIJcwrnrnДатум на објавување: 19 ноември, 2020 годинаrnrnДенис Вилнов ќе се обиде и ќе ве изненади со новата адаптација на научно фантастичниот роман на Франклин Харберт. Патем, на претходната адаптација што била објавена во 1984 година работел Дејвид Линч. Приказната воглавно е околу навигаторите кои патуваат во вселената и знаат сè за иднината. Но, тие исто така, имаат потреба од нешто посебно наречено Дина од планетата, Аракис. Војната ќе се одвива над оваа планета.rn

    2. „Soul“ („Душа“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=xOsLIiBStEsrnrnДатум на објавување: 17 јуни, 2020 годинаrnrnВо 2020 година, „Пиксар“ ќе издаде своевидна и мудра анимација. Објавувањето на „Onward“ („Напред“) е повеќе за деца, но „Душа“ ќе биде одлична и за возрасните. Главниот лик на „Душа“ е наставник по музичко кој сонува да настапува во џез-клуб. Одеднаш, тој умира и завршува во простор каде што мора да го продолжи својот пат. Што ја прави личноста човек? И од каде потекнуваат нашите соништа? Ова се главните прашања што „Пиксар“ ги истражува во овој многу очекуван филм.rn

    3. „Emma“ („Ема“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=nOCDjU-frrgrnrnДатум на објавување: 14 февруари 2020 годинаrnrnОвој филм е филмска адаптација на романот на Џејн Остин за младата и привлечна Ема Вудхаус која бира партнери за нејзините пријателки, но е убедена дека таа никогаш нема да се омажи. Се разбира, животот на оваа девојка е полн со изненадувања. Главната улога во овој филм ја игра британската актерка, Ања Тејлор-Џој која можеби ја препознавате од трилерот „Split“ („Подели“).rn

    4. „The Secret Garden“ („Тајната градина“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=gHNOXDiD9VkrnrnДатум на објавување: 15 април 2020 година.rnrn„Тајната градина“ се заснова на класичниот роман на Френсис Елиза Бурнет. Ова е приказна за девојче чии родители починале, па тоа морало да се пресели во палатата на нејзиниот чичко. Нејзе ѝ било забрането да шета по ходниците на огромниот имот, но таа не се придржувала до тоа и еден ден, открила тајна врата која водела до волшебна градина. Креаторите на „Хари Потер“ и „Падингтон“ работеле на овој филм, затоа бидете сигурни дека тоа ќе биде возбудлива приказна.rn

    5. „The Many Saints of Newark“ („Многуте светци во Неварк“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=vHzWOnpvtMMrnrnДатум на објавување: 25 септември 2020 годинаrnrn„Многу светци на Неварк е своевидна најава на иконската серија „Сопранови“. Филмот се одвива во 1960-тите во САД, а го следи животот на младиот Тони Сопрано. Во Неварк во тоа време афроамериканските и италијанските заедници се бореле за моќ и никој не бил подготвен да се предаде.rn

    6. „Gretel&Hansel“ („Јованче и Марика“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=QZblQLhKcZQrnrnДатум на објавување: 30 јануари 2020 годинаrnrnРежисерот Оз Перкинс не се плаши да претвори бајката за братчето и сестричето во хорор филм. Новиот филм „Јованче и Марика“ го следи главниот лик додека оди во шумата за да најде работа и храна за себе и нејзиниот брат. Но, тие не знаат дека ќе мора да се соочат со вистинско зло. Ова е тотално нова верзија на старата приказна.rn

    7. „A Quiet Place: Part II“ („Тивко место: II дел“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=N85H8Qx4Im4rnrnДатум на објавување: 18 март 2020 годинаrnrnЕмили Блант ќе се појави во овој застрашувачки хорор филм кој е продолжение на страшниот тресок од 2018 година. „Тивко место II“ ќе покаже што се случува со ликовите откако нивната куќа беше нападната од чудовиштата.rn

    8. „The Last Thing He Wanted“ („Последното што го посака“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=Q2Ako4nNIWArnrnДатум на објавување: 27 јануари 2020 годинаrnrnВо овој нов филм на „Нетфликс“, Ен Хатавеј ќе ја игра улогата на новинарката Елена МекМахон. Таа наследува бизнис со оружје од нејзиниот татко. Но, на крај излегува дека зад овој бизнис се крие многу поголемо зло.rn

    9. „Wendy“ („Венди“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=v2eFSwrdbtwrnrnДатум на објавување: 28 февруари 2020 годинаrnrn„Венди“ е фантастичен филм за девојче кое избегало од остров каде времето запрело. Сега, таа треба да одлучи што е поважно за неа: слободата или нејзиното семејство.rn

    10. „The Woman in the Window“ („Жената во прозорецот“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=MJk4CITQ6a4rnrnДатум на објавување: 14 мај 2020 годинаrnrn„Жената во прозорецот“ е претстојниот трилер од Џој Врајт и Гари Олдман. Приказната е воглавно околу жена со агорафобија (страв од отворен простор). Таа ги шпионира соседите и завршува како сведок на нешто ужасно.rn

    11. „Tenet“ („Принцип“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=-BplPeKclvwrnrnДатум на објавување: 15 јули 2020 годинаrnrnКристофер Нолан ќе ги израдува своите обожаватели со уште еден огромен филм што ја доведува во прашање нашата идеја за простор и време. Буџетот на „Принцип“ бил неверојатни 225 милиони долари што го прави еден од најскапите филмови на сите времиња. Ова е акционен филм за шпионажа и патување низ времето во кој играат Џон Дејвид Вашингтон и Роберт Патинсон.rn

    12. „The Personal History of David Copperfield“ („Личната историја на Дејвид Коперфилд“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=l4GfEi_GyyUrnrnДатум на објавување: 24 јануари 2020 годинаrnrnШкотскиот писател на сатира, Армандо Ланучи, решил да направи филмска адаптација на романот на Чарлс Дикенс за Дејвид Коперфилд. Тој ветува дека филмот е светол и смешен. Коперфилд го глуми актерот Дев Пател. Во филмот ќе ги видите и Хуг Лори, Тилда Свинтон и Бен Вишав.rn

    13. „The French Dispatch“ („Француска испорака“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=jvc115GGCSMrnrnСè уште нема датум на објавувањеrnrnЕден од најважните режисери на денешницата, Вес Андерсон, ќе го објави својот нов филм во 2020 година. Неговиот нов филм ќе биде најавен на насловна страна на еден американски весник. Оваа драма – комедија има одлични актери, вклучувајќи ги и Франсис МекДорманд, Бил Мареј, Тимотеј Халамет, Леа Сејдукс, Кејт Винслет и многу други.rn

    14. Филм на Пол Томас Андерсон – насловот сè уште не е објавен

    rnНема многу информации за овој проект на режисерот кој освои Оскар, но љубителите на филм се убедени дека овој филм на Пол Томас Андерсон ќе биде еден од најважните филмски настани во 2020 година. Филмот ги прикажува 1970 тите и се снима во долината Сан Фернандо каде што главен лик е ученик во средно училиште кој не е професионален актер.rnrnМожеби ќе ви измамат насмевка на лицето: предлози за совршена филмска вечер во вашиот удобен дом.

  • Ќе ви измамат насмевка на лицето: Предлози за совршена филмска вечер во вашиот удобен дом

    Ќе ви измамат насмевка на лицето: Предлози за совршена филмска вечер во вашиот удобен дом

    Времето што ќе го поминете дома можете да го искористите на многу начини, од дружење со семејството до учење нови работи, играње игри, вежбање итн. Но, за да внесете малку смеа и позитивна енергија, особено во овој период кога вестите ве вознемируваат, погледнете го овој список и изберете некој од филмовите што ќе ви го подобрат расположението.rn

    1. „Голема риба“ (Big Fish)

    rnhttps://youtu.be/M3YVTgTl-F0rn

    2. „Потрага по среќа“ (The Pursuit Of Happyness)

    rnhttps://youtu.be/DMOBlEcRuw8rn

    3. „Валкан танц“ (Dirty Dancing)

    rnhttps://youtu.be/eIcmQNy9FsMrn

    4. „Подобро не може да биде“ (As Good As It Gets)

    rnhttps://youtu.be/rrRl2QQKkI8rn

    5. „Полноќ во Париз“ (Midnight in Paris)

    rnhttps://youtu.be/FAfR8omt-CYrn

    6. „Вистинска романса“ (True Romance)

    rnhttps://youtu.be/P6DW0HtpT-0rn

    7. „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting)

    rnhttps://youtu.be/PaZVjZEFkRsrn

    8. „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ (Le Fabuleux Destin d’Amélie Poulain)

    rnhttps://youtu.be/RMbFcxbLMrYrn

    9. „Те чека мејл“ (You’ve Got Mail)

    rnhttps://youtu.be/bjP4s7UUnK8rn

    10. „Џуно“ (Juno)

    rnhttps://youtu.be/QuN0Z65sp5crn

    11. „Мали женички“ (Little Women)

    rnhttps://youtu.be/AST2-4db4icrn

    12. „Луда, глупава, љубов“ (Crazy, Stupid, Love)

    rnhttps://youtu.be/8iCwtxJejikrnrnПогледнете го и овој список со филмови што ќе ве прошетаат низ светот овој викенд.

  • 10 документарни филмови поради кои ќе го гледате светот поинаку

    10 документарни филмови поради кои ќе го гледате светот поинаку

    Повеќето луѓе имаат свои омилени ТВ-емисии и филмови, па понекогаш е тешко да го замислите одморот по долгиот работен ден без нив. Но, поради изобилството на измислени приказни што ги имате на располагање, може да ги пропуштите филмовите за вистинските настани и феномени што можат да ви ги прошират хоризонтите. Во продолжение погледнете го списокот на најдобрите документарни филмови и ТВ-серии од последните години.rn

    1. „Цената на сè“ (The Price Of Everytning)

    rnhttps://youtu.be/2mbqcY9g5CMrnrnОвој двократен кандидат за Оскар се обидува да открие како се формира цената на уметничките дека. Влијателни креатори, организатори на аукции и други специјалисти во областа на истражувањето помагаат да се открие тоа.rn

    2. „Нашата планета“ (Our Planet)

    rnhttps://youtu.be/aETNYyrqNYErnrnОва е мини-серија за тешкиот живот на дивиот свет поради климатските промени. Екипата на „Нашата планета“ создадена од Би-Би-Си работеше на познатата серија 4 години. Тимот, кој се состоеше од 600 луѓе, посети 50 земји на различни континенти со цел да го процени влијанието на луѓето врз флората и фауната.rn

    3. „Вистинската цена“ (The True Cost)

    rnhttps://youtu.be/QPMU1VHgmEornrnОвој скандалозен документарец ги истражува внатрешните тајни на светот на модата, во потрага по одговорот на прашањето: „Која е цената на модата?“. Луѓето што стојат зад овој филм направија одлична работа и ги посетија не само модните ревии, туку и земјите од третиот свет каде што ја открија шокантната вистина за индустријата.rn

    4. „Пожар во рајот“ (Fire In Paradise)

    rnhttps://youtu.be/5KNAl23NwMErnrnПожарите станаа глобален проблем за целото човештво. Прво Сибир, а сега и Австралија е уништена од оваа непогода. Но, малкумина од нас знаат за трагедијата на Рајскиот град во Калифорнија што се случи есента во 2018 година. Пожарот што избувна поради дефект во далноводите го претвори малиот град во пепел, каде што останаа само најочајните жители. Уште поголем пожар зафати огромен дел од државата, но филмот ја прикажува приказната на начинот на кој се сеќаваат луѓето што го населувале некогаш огромниот град.rn

    5. „Мраз на оган“ (Ice On Fire)

    rnhttps://youtu.be/Elf0RFBhr8IrnrnОва е документарен филм за еколошката криза и е продуциран од Леонардо Ди Каприо. За разлика од другите слични филмови, тој вели дека не е сè изгубено за човештвото ако ги преземеме неопходните активности. Во филмот се откриени тие корисни активности.rn

    6. „Чистачите“ (The Cleaners)

    rnhttps://youtu.be/iGCGhD8i-o4rnrnФилмот е дизајниран да ги прикаже фактите на „дигиталното чистење“, што е активност на отстранување на непотребните информации од Интернетот. Пет искусни чистачи ги споделуваат тајните на оваа професија. Креаторите на филмот исто така интервјуираа луѓе од различни краеви на светот на кои силно им влијание цензурата на Интернет.rn

    7. „Аполо 11“ (Apollo 11)

    rnhttps://youtu.be/tpLrp0SW8ygrnrnОвој документарен филм е за слетувањето на астронаутите на Месечината. Содржи ретки видеа и интервјуа со учесниците на тој настан. Целта на филмот е едноставна: да ги растера сите сомнежи за реалноста на настанот кои сè уште се присутни.rn

    8. „Лица и места“ (Visages Villages)

    rnhttps://youtu.be/DE9GgLA62KcrnrnОва е филмска авантура каде што режисерот, Анес Варда и еден фотограф патуваат низ предградијата на Франција. Тоа е неверојатен филм за случајните средби, за необичните пријателства и за убавината на околниот свет. Документарецот беше номиниран за Оскар во 2018 година.rn

    9. „Една чудна карпа“ (One Strange Rock)

    rnhttps://youtu.be/XrC4vDcWmxkrnrnОва е ТВ-серија за тајните на нашата планета што илјадници научници постојано се обидуваат да ги откријат. Ќе научите какви откритија сака да расплетува науката во современиот свет.rn

    10. „Дивиот Амстердам“ (Wild Amsterdam)

    rnhttps://youtu.be/a7s8wGkqtHQrnrnПогледнете го животот на неверојатниот Амстердам низ очите на мачорот по име Фритс, како и низ очите на другите локални животни. Филмот е создаден за да покаже дека градот не постои само за луѓето, туку дека и животните можат да најдат удобност на неговите улици.rnrnПогледнете го списокот со документарни филмови што треба да ги изгледате за проширување на свесноста за менталното здравје.

  • Анимираниот филм „Напред“ („Onward“): Емотивен и убав, но без очекуваната магија од „Pixar“

    Анимираниот филм „Напред“ („Onward“): Емотивен и убав, но без очекуваната магија од „Pixar“

    Првите реакции за анимираниот филм „Напред“ е додека станува збор за интересна приказна која за жал, нема да ги маѓепса сите.rnrnСместена во еден магичен свет населен со фантастични суштества, приказната следи двајца браќа џуџиња („елфови“) кои на платното со своите гласови ги „оживуваат“ актерите Том Холанд и Крис Прат.rnrnАнимираниот филм „Напред“ („Onward“): Емотивен и убав, но без очекуваната магија од „Pixar“rnrnПо обидот да го воскреснат нивниот мртов татко од кој останала само долната половина од телото, парот оди во потрага со цел да ја врати и горната половина од телото на нивниот татко. За оваа мисија тие имаат на располагање само 24 часа.rnrnПриказната ги има сите финеси од типот: трогателна подлошка која го „разгорува“ жарчето во нас, а по која „Pixar“ стана препознатлив, а има и некои незгодни, магични „решенија“.rnrnМногумина кои присуствувале на претпремиерата, сметаат дека сторијата е слатка и забавна и со многу емотивни моменти кои особено ги погодуваат луѓето што имаат загубено родител.rnrnСепак, некои сметаат дека заплетот е прилично „тенок“, особено во споредба со астрономски високите стандарди што публиката ги очекува од филмовите на „Pixar“.rnrnСе работи за добар, пријатен филм, но веројатно не и за ремек-дело.rnrnВо продолжение погледнете ја најавата за филмот и некои од коментарите на гледачите кои имале можност да го погледнат филмот пред официјалната премиера на 5-ти март 2020 година.rnrnhttps://youtu.be/gn5QmllRCn4rn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrnrnМожеби сакате да прочитате и за најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година.

  • „Медена земја“ – приказна за споделувањето и човечноста

    „Медена земја“ – приказна за споделувањето и човечноста

    Големите теми се скромни и искрени. Тие непретенциозно допираат до срцата на гледачите поради општочовечката димензија и силната порака. Тие се ремек-дела кои со својата универзалност се препознаваат и се ценат од сите.rnrn„Медена земја“ – приказна за споделувањето и човечностаrnrnТаков е и документарниот филм „Медена земја“. Приказната од каменитиот Балкан, тлото натопено со крв и мед, својот фокус го наоѓа во едно запуштено македонско село кое балансира на работ меѓу реалноста и имагинацијата. Такви се и главните ликови од овој филм. Последните припадници од племето кое полека исчезнува, племето кое со својот благороден пристап, се препознава и низ цивилизациските пресеци преку сцени од Африка, Перу, Индија…rnrnТие сцени се последните сцени од светот кој исчезнува поради суровоста на „соседите“ кои водени од капиталистичката матрица на приграбување на сите вредности наметнуваат свои правила и ги бришат сите траги од скромност, чесност, трудољубивост и отвореност кон природата, кон ближниот, кон туѓинецот…rnrnАтиџе е „последниот Мохиканец“ кој на целиот свет му покажува што е грижа, што е љубов, а што борба! „Да сè уште постоиме“ –  како да крикнува таа. И тој крик ечи како ехо низ целиот филм. И останува во главите на сите за да одѕвонува како камбана, како завет кон иднината. Бидејќи ниеден остров не осамен. Ничија судбина не е одделена од другите. Сè е поврзано и се врти во „зачараниот“ миг од сегашноста, а она што ѝ се случи нејзе, што ни се случи сите нам… Може да им се случи и на другите.rnrnНо, дури и Атиџе моментално не е со своите пчели. Таа стигна и до Холивуд, а на нејзиното присуство таму се гледа како на средба со „ретка билка“, можност да се запознае „неизбрусениот, ненашминкан дијамант“ од „Земјата на медот“.rnrn„Медена земја“ е филм на сите и за сите. Во својата матрица ја носи библиската порака „Љуби го ближниот свој како самиот себеси“. А тој ближен не е секогаш болната мајка на смртна постела, тој ближен е и природата која одамна го пушти „алармот“ за тревога!rnrnМожеби сакате да прочитате и за новиот филм на Нетфликс „Marriage Story“ (Брачна приказна) кој го подели Интернетот.

  • Најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера

    Најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера

    Можеби романтичните филмови не ви се омилениот жанр, но тие се совршен избор за Денот на вљубените. Без разлика дали сакате романтични комедии, тинејџерски љубовни афери или инспиративни животни приказни, Денот на вљубените е совршена можност да имате романтична филмска вечер, а во продолжение погледнете кои се најдобрите филмови за таа вечер.rn

    1. „50 први состаноци“ (50 First Dates)

    rnhttps://youtu.be/Y-9wSAd0dMMrnrnПо првото успешно запознавање, Хенри (Адам Сендлер) сфаќа дека ако сака да биде во врска со Луси (Дру Баримор), мора да ја шармира и да го освојува нејзиното срце секој ден до крајот на животот.rn

    2. „Раскинување“ (The Break-Up)

    rnhttps://youtu.be/ljnEUL-fdt0rnrnШто се случува кога љубовта не е доволна? Иако ја прекинале врската, Гери (Винс Вон) и Брук (Џенифер Анистон) одбиваат да го напуштат заедничкиот стан, а тоа ќе доведе до уште поболно раскинување и засилени чувства.rn

    3. „Љубовта нема правила“ (Something’s Gotta Give)

    rnhttps://youtu.be/0YyEQosnwaIrnrnПо состанокот со млада девојка, еден постар музички магнат се заљубува во нејзината мајка. Филмот е во режија на Ненси Меерс, а во главните улоги се Џек Николсон и Дајан Китон.rn

    4. „Господин Дидс“ (Mr. Deeds)

    rnhttps://youtu.be/5aB1aJrxfvwrnrnДидс има пицерија и живее скромно во гратчето каде што сите го обожаваат. Но, тој наследува 40 милиони долари од својот вујко и се сели во метрополата каде што ќе биде опкружен со преваранти.rn

    5. Тоа што жените го сакаат (What women want)

    rnhttps://youtu.be/VFwHs7fEUNsrnrnЕкспертот за рекламирање Ник (Мел Гибсон) се обидува да креира реклами за типични женски производи, а при обидот да влезе во женската психа, доживува несреќа, по што станува способен да слушне сè што мислат и што сакаат жените.rn

    6. „Свадбата на мојот најдобар пријател“ (My Best Friend’s Wedding)

    rnhttps://youtu.be/cvnJeQi3eQ8rnrnЏулијан (Џулија Робертс), за време на студирањето, ја прекинала својата врска со Мајкл согласувајќи се да се венчаат ако сè уште се слободни на 28 години. Кога Мајкл (Дермот Мулрони) ја бара Џулијан непосредно пред нејзиниот 28-ми роденден, тој ѝ соопштува дека за три дена ќе се ожени со Кимберли (Камерон Дијаз).rn

    7. „На патување во Америка“ (Coming to America)

    rnhttps://youtu.be/KFroCRDXw5ErnrnМладиот принц Аким (Еди Марфи) од измислената африканска држава Зимунда наполнил 21 година и сака уште малку да го прошета светот пред да се смири. Така, тој доаѓа во САД преправајќи се дека е сиромашен студент.rn

    8. „Романса во Сиетл“ (Sleepless In Seattle)

    rnhttps://youtu.be/-Lj2U-cmyekrnrnПопуларната романтична комедија од 90-тите е во режија на Нора Ефрон, а во главните улоги играат Том Хенкс и Мег Рајан. Том го глуми Сем, чиј осумгодишен син смета дека е време да си најде нова сопруга, а Мег е Ени која ја слуша целата приказна преку радио и смета дека Сем можеби е мажот на нејзиниот живот.rn

    9. „Во добро и зло“ (Silver Linings Playbook)

    rnhttps://youtu.be/Lj5_FhLaaQQrnrnПат Солатано (Бредли Купер) изгубил сè, својата куќа, сопругата и својата работа. Тој завршил во психијатриска клиника и по осум месеци се враќа да живее со своите родители (Роберт Де Ниро и Џеки Вејвер), но незадоволен од тоа, тој одлучува да стори нешто за да си го врати претходниот начин на живот, па се среќава со Тифани (Џенифер Лоренс).rn

    10. „Подобро не може да биде“ (As Good As It Gets)

    rnhttps://youtu.be/rrRl2QQKkI8rnrnМелвин Удал (Џек Николсон) е вреден њурошки писател кој има опсесивно-компулсивно нарушување. Неговиот живот се менува откако неговиот сосед што е геј ќе биде претепан и мора да оди во болница.rnrnПогледнете кои филмови може да ве прошетаат низ светот овој викенд.