КАФЕ ПАУЗА

Филм: Хелбој (Hellboy)

Written by

in

,
Хелбој, заробен помеѓу натприродниот и човечкиот свет, се бори против античка магија со цел да се одмазди

rnРежија: Нил МаршалrnrnУлоги: Дејвид Харбор, Мила Јовович, Ијан МекшејнrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnПремиера: 12 април 2019rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, фантазијаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ZsBO4b3tyZgrnrnХелбој е еден од најпопуларните антихерои на филмското платно, еден од најпознатите лошковци кои се обидуваат да се изборат со своите демони и да најдат начин да се претворат во суперхерои. И бидејќи станува збор за момчето од пеколот, како што ни кажува и неговото име, овој филм има многу повеќе хорор карактеристики од останатите од својот жанр, и приказната се врти околу ѓаволи и вештерки наместо околу почесто забележуваните супернегативци.rnrn rnrnПрвото нешто што ќе го забележите кај овој филм се неверојатните визуелни ефекти, но кога ќе се обидете да ја следите приказната, ќе сфатите дека таа има многу дупки, правејќи го „Хелбој“ филм којшто изобилува со акција која повремено е прекината со по 2-3 реченици изговорени од страна на главните актери. Најлошото е што овие 2-3 реченици звучат исто во текот на целиот филм, иако се користат различни зборови.rnrn rnrnШто се однесува до приказната, на кратко, ќе видите буквално сè од нацисти, некроманти, бесмртни тајни општества и медиум што зборува со духови до Баба Јага и хуманоидна свиња што јаде човечки усни и некако успева да го имитира нивниот глас. Да, филмот навистина делува хаотично, но како што веќе спомнав, Хелбој е еден од омилените антихерои на филмското платно, па во комбинација со специјалните ефекти, тој може да биде фина дистракција од секојдневниот живот.