Нови романтични комедии кои ќе ве натераат повторно да верувате во љубовта

Сподели

Класиците како „Убава жена“ (Pretty Woman) и „Дневникот на Бриџит Џоунс“ (Bridget Jones’s Diary) се незаменливи, но убаво е им дадеме шанса и на новите романтични комедии кои пристигнаа во киносалите годинава.

Реклама

Од новата верзија на „Аладин“ (Alladin), до филмската адаптација на бестселерот „И сонцето е ѕвезда“ (The Sun Is Also a Star), 2019-та година ни носи одлични филмски доживувања од овој жанр, совршени за топлите летни денови.rn

1. „Берлин, те сакам“ (Berlin, I Love You)

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=xcafHBvjfEA

Ова е најновото продолжение на филмската сага „Градови на љубовта“. По Париз, Њујорк и Рио, време е да ги погледнеме десетте љубовни приказни сместени во главниот град на Германија, Берлин.rn

2. „После сѐ“ (After)

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=BNLta4nDM10

Младата Теса е посветена студентка, грижлива ќерка и верна девојка на своето момче од средношколските денови. Нејзините амбиции ја носат на студии на факултетот кој отсекогаш сакала да го посетува. Но, кога ќе го запознае мистериозниот Хардин Скот, нејзиниот среден живот почнува да се распаѓа како кула од карти.rn

3. „Освој ме ако можеш“ (Long Shot)

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=S5jiaHvx-kY

Фред Фларкси е талентиран новинар кој често запаѓа во неволји. Шарлот Филд е една од највлијателните жени во светот – паметна, софистицирана и успешна во сѐ што прави. Меѓу овие двајца луѓе нема ништо, освен тоа што Шарлот му е симпатија на Фред од детството. И сега, кога нивните патишта повторно се вкрстуваат, Шарлот неочекувано паѓа на шармот на Фред.rn

4. „Аладин“ (Aladdin)

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=foyufD52aog

Приказната за шармантното момче Аладин ни е многу добро позната на сите. Годинава имаме шанса да изгледаме една нова, филмувана верзија на една од нашите омилени сказни од детството. Секако, Вил Смит во улогата на Џинот е повеќе од доволна причина да го гледате овој филм.rn

5. „И сонцето е ѕвезда“ (The Sun Is Also a Star)

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=3On0BXzGnuI

Наташа е девојка која не верува во судбина и во остварување на соништата. Таа не е девојка која би се заљубила во некое слатко момче кое ќе го запознае низ улиците на Њујорк, особено не во момент кога нејзиното семејство треба да биде депортирано. Даниел е добар син и студент, кој го живее животот според очекувањата на неговите родители. Тој не е сонувач, но кога ќе ја сретне неа, тој почнува да верува дека судбината скроила некој голем план за нив двајца.

Доколку ви требаат уште предлози, погледнете кои се филмовите кои треба да ги изгледа секоја жена.

Популарно

Може ќе ве интересира