Филмовите направени според вистински настани немаат влијание само врз публиката, туку и врз актерите што глумат во нив. Тие навистина се обидуваат да го прикажат нивниот лик најреално што можат, па понекогаш овој лик може да стане и дел од нивниот живот. Во продолжение погледнете некои од најпознатите филмови, за кои сигурно не сте знаеле дека се направени според вистински приказни.rn
1. „Авијатичарот“ (The Aviator)
rn
rnrnОвој филм го прикажува животот на Хауард Хјуз, пионер во авијацијата и режисер. Хауард станал успешен филмски продуцент во периодот од 1927-ма до 1947-ма година, но истовремено морал да се соочува со сериозни симптоми на опсесивно компулсивно нарушување. Во улогата на Хауард го гледаме Леонардо Дикаприо, кој навистина добро го доловил неговиот карактер. Филмот е адаптација на книгата „Тајниот живот“ (The Secret Life) од Чарлс Хигхем.rn
2. „Кошмар на улицата на брестовите“ (А Nightmare on Elm Street)
rn
rnrnОвој филм кој исплаши многумина не е само филм. Вес Крејвен, режисерот на филмот, ја добил идејата од вистинска приказна што ја прочитал во весник. Приказната била за 18 бегалци кои умреле под мистериозни околности, откако наводно имале кошмар.rn
3. „Лов на црвениот октомври“ (The Hunt for Red October)
rn
rnrnАмериканскиот трилер со Шон Конери и Алек Болдвин во главните улоги е направен според истоимениот роман на Том Кленси од 1984-та година. Приказната од ерата на Студената војна е за советски капетан кој сака да им наштети на бродовите на САД и нивните офицери. Но, неговите планови се уништени кога еден американски агент од ЦИА мора да ѝ покаже докази на морнарицата на САД пред двете држави да започнат вистинска војна.rn
4. „Хотел Руанда“ (Hotel Rwanda)
rn
rnrnМногумина го нарекуваат овој филм африканска верзија на „Шиндлеровата листа“. Филмот е направен според вистински настани кои се случиле Руанда во 1994-та година. Во филмот гледаме како хотелиерот Пол Русесабагина им ги спасува животите на илјадници бегалци, нудејќи им засолниште во хотел. Филмот прикажува како политиката си игра со животите на обичните луѓе и како геноцидот и насилството можат да предизвикаат трајна штета врз човештвото.rn
5. „Руди“ (Rudy)
rn
rnrnОвој филм беше голем хит и навистина им го привлече вниманието на гледачите. Филмот е направен според животната приказна на Даниел „Руди“ Руетигер, кој бил физички и финансиски неспособен да биде дел од фудбалскиот тим во неговиот колеџ. Исто така, Руди бил дијагностициран и со дислексија. Но, неговата посветеност му помогнала да стане познат фудбалер.rn
6. „Падот на црниот јастреб“ (Black Hawk Down)
rn
rnrnВо 1993-та година, војниците на САД имала задача да го фатат Мохамед Фарах Аидид. Настанот бил покриен од новинарот Марк Боуден, кој подоцна напишал и книга за тоа. Филмот од 2001-ва година е адаптација на оваа книга.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
