КАФЕ ПАУЗА

Роденденски подарок за вашиот партнер Водолија

Роденденски подарок за вашиот партнер Водолија

Автор: Зорица ТодороваrnrnВодолиите се најголемите визионери во целиот зодијак. Нивниот карактер е одбележан со слободен и постојано љубопитен ум кој ги води нивните лични избори. Имајќи ги овие карактеристики предвид, нема да згрешите со подарокот за нивниот роденден.rnrnРоденденски подарок за вашиот партнер Водолијаrn

1. Најнова технологија

rnГолемиот иноватор што се крие во мажот Водолија е привлечен од што било напредно и ново, без разлика дали се работи за идеи, знаење или технологија. Оттука имате цела низа подароци поврзани со модерните технологии, како на пример рачен GPS систем ако обожава да планинари или да патува. Ако знаете дека поминува доста време во својот автомобил, земете му дивиди плеер, а ако пак е домашен тип, најновиот HD телевизор. Побарајте го најновиот дигитален фотоапарат кој ќе може да го земе со себе на следното патување.rnrnРоденденски подарок за вашиот партнер Водолијаrn

2. Необично искуство

rnКлучот за идеалниот подарок за партнерот Водолија е во новитетите. Ова е затоа што тој се води од поразличен начин на размислување, наместо од традиционалните вредности. Така, наместо да размислувате во правец на вообичаените подароци како часовник или книга, барајте нешто необично. Запишете го на курс по јога, акупунктурна масажа или нешто поврзано со неговата слабост – водата. Доколку имате можност, подарете му го искуството на професионалното нуркање.rnrnРоденденски подарок за вашиот партнер Водолијаrn

3. Креативна љубов

rnДодека физичката интимност не мора да биде број еден во врската со мажот Водолија, тој сепак знае да биде креативен љубовник. Неговата вообичаено љубопитна природа му овозможува да има енциклопедиско познавање за работите поврзани со сексот бидејќи секогаш сака да знае како функционираат и како можат да бидат подобрени. Подарете му карти за играње со секс-мотиви или Камасутра книга; уште подобро одете двајцата заедно во шопинг по сексуални помагала.rnrnРоденденски подарок за вашиот партнер Водолијаrn

4. Одмор на невообичаено место

rnБидејќи вашата Водолија не се задоволува со вообичаените случувања, одведете го на место кое не е толку популарно како Париз или Истанбул. Отворени површини опколени со недопрена природна убавина се совршеното место за неговиот слободен дух. Ако ви е тешко да организирате некој таков одмор, измислете друг начин како уникатно да го поминете заедно неговиот ден. Одете на кампување со голем оган и не заборавајте да спакувате пиво и сендвичи, или пак одвезете го на ручек во некој град каде досега не сте биле.rnrnРоденденски подарок за вашиот партнер Водолијаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.