КАФЕ ПАУЗА

Category: Јарец

  • Како да освоите, љубите и задржите Јарец?

    Како да освоите, љубите и задржите Јарец?

    Освојувањето на срцето на Јарецот е процес кој бара многу труд, но наградата е голема и доаѓа во облик на посветен партнер со многу страст кој ќе ви биде лојален во целост. Во продолжение прочитајте како треба да го освоите и љубите Јарецот со цел да го задржите покрај себе.rnrnКако да освоите, љубите и задржите Јарец?rnrn1. Пријателство пред љубов. Јарците најпрво сакаат да го развијат пријателскиот однос, а потоа љубовниот и сексуалниот. Во пријателството тие се предаваат до крај и никогаш не бараат ништо за возврат.rnrn2. На почетокот делуваат дистанцирано. Голем дел од Јарците се опишуваат како срамежливи, конзервативни, па дури и малку здодевни, но такви се само додека не ве запознаат. Потоа се отвораат, стануваат спонтани и полни со забава.rnrn3. Уживаат во додворување. Тие сакаат да бидат преплавени со внимание, но со умерен трошок бидејќи не се претенциозни. На почетокот, како и во текот на врската, очекуваат еднаква доза внимание, па затоа и многу ќе се погодат ако го заборавите нивниот роденден.rnrn4. Лојални им се на оние во кои имаат доверба. Јарците очекуваат да бидете нивната една и единствена љубов. Ако не им дадете повод за недоверба, тие ќе ви бидат во целост посветени и никогаш нема да имате причина за сомнежи и љубомора.rnrn5. Тие сакаат сè да биде по нивно. Идејата да се има љубовник кој сака да има сè под контрола не е привлечна за секој. Но, кога Јарците се приврзуваат за личност која исто така сака да биде доминантна во врската, тогаш може да дојде до проблеми.rnrn6. Тие се издржливи љубовници. Кога станува збор за романтика, Јарците се прилично традиционални, во креветот не се многу креативни, но она што ги издвојува е нивната издржливост. Тие ќе дадат сè од себе за да ви овозможат долги незаборавни моменти.rnrn7. Бидете внимателни со срцето на Јарецот. Станува збор за меланхоличен знак и токму затоа треба да се фокусирате на позитивните емоции. Доколку го извлечете позитивното од Јарецот, тој ќе ве награди со насмевка која го топи срцето.rnrn8. Секогаш размислуваат за иднината. Дури и ако вие сè уште не размислувате за следната фаза од вашата врска, бидете сигурни дека Јарците го разгледуваат вашиот потенцијал за долготрајна врска. Тие се практични и фокусирани на сите аспекти од врската, вклучувајќи ја и иднината.rnrn9. Мозокот е нивната најголема ерогена зона. Ако го стимулирате нивниот ум, ќе го стимулирате и нивниот сексуален нагон. Јарците обожаваат да покажуваат колку се паметни, бидејќи сметаат дека интелектот е многу секси.rnrn10. Лесно се плашат. Со цел да ја задржите љубовта на Јарецот, мора да бидете искрени од самиот почеток и да не ги шокирате по подолго време со тајни од минатото. Тоа ќе ја намали нивната доверба во вас, ќе воведе сомнежи во односот и ќе ги исплаши.

  • Посветени, лојални и добри партнери: Ова е најверниот хороскопски знак

    Посветени, лојални и добри партнери: Ова е најверниот хороскопски знак

    Една од најважните нешта во секоја љубовна врска е довербата, па токму затоа и клучно е партнерот да ви биде верен додека сте заедно. Целта на врската е да најдете личност со која ќе можете да го споделувате вашиот живот целосно, без никакви тајни. Имајќи го тоа на ум, доколку вашиот најмил е во овој хороскопски знак, тогаш нема потреба да се сомневате во неговата верност.rnrnПосветени, лојални и добри партнери: Ова е најверниот хороскопски знакrnrnЈарците се најверниот знак во целиот Зодијак, најмногу затоа што тие не го доживуваат неверството како нешто телесно, туку како духовно предавство. Нив може некоја девојка да ги привлече додека се во врска со друга, најчесто со својата интелектуална страна, но тие нема да дозволат помеѓу нив да се случи ништо повеќе од безопасен флерт.rnrnВо љубовта тие се чувствуваат среќно, но и искусуваат премногу силни емоции. Имаат тенденција да бидат љубоморни, но сепак одлучуваат да останат верни. Јарците сакаат да бидат во брак, па затоа и откако ќе ја најдат својата посебна личност, тие ќе се погрижат да ја задржат покрај себе колку што можат подолго. Тие веруваат дека нема многу шанси за љубов, па ја искористуваат во целост онаа на која ќе налетаат.

  • Во врска сте со Јарец? Добро запомнете ги овие работи!

    Во врска сте со Јарец? Добро запомнете ги овие работи!

    Ако сте заљубени или пак сте во врска со некој кој е Јарец во хороскоп, сигурно веќе знаете дека станува збор за еден многу специфичен знак со кого не можете да излезете на крај, но со малку труд и разбирање и невозможното може да стане возможно. Затоа денес ви откриваме некои специфични карактеристики за лицата кои се родени во знакот Јарец.rnrn1-vo-vrska-ste-so-jarec-dobro-zapomnete-gi-ovie-raboti-www.kafepauza.mk_rn

    1. Насочени се кон остварување на целта

    rnЈарците секогаш имаат зацртани цели и ќе направат сè за да ги остварат. Иако на прв поглед изгледаат како личности кои вршат милион работи во исто време, тие имаат јасен план во својата глава како да ги завршат сите обврски навреме. Тие се немилосрдни во добивањето на она што го сакаат, а ова важи и за личностите кои сакаат да ги освојат и кои им се допаѓаат.rn

    2. Имаат многу високи стандарди

    rnЈарците освен што се мегаломани и сакаат скапи и луксузни работи, тие исто така имаат поставено многу високи стандарди за личностите со коишто сакаат да излегуваат. Нив навистина треба да ги импресионирате со вашиот став, интелигенција, харизма, односно со целата ваша личност за да би имале некакви шанси кај нив.rn

    3. Тие се работохоличари

    rnЈарците се опседнати со работата. Секако, постојат и исклучоци, но во поголем дел од случаите тие се вистински работохоличари. Постојано се во движење, со нови идеи на ум, а тоа го почитуваат и кај другите луѓе. За Јарците работата е игра и во тоа се состои целиот шарм на овој хороскопски знак.rnrn2-vo-vrska-ste-so-jarec-dobro-zapomnete-gi-ovie-raboti-www.kafepauza.mk_rn

    4. Брутално се искрени

    rnСо Јарците секогаш ќе знаете на што сте. Тие секогаш ќе ви го кажат своето мислење, ако им се допаѓа нешто, тие јасно ќе ви го нагласат тоа, па затоа може да се каже дека тие се најискрените знаци во целиот Зодијак. Ја ценат искреноста кај другите луѓе, па затоа немојте да ги лажете, бидејќи може да ги изгубите како партнери, но и како пријатели.rn

    5. Тие се вистински натпреварувачи

    rnКажете ѝ на личноста која е Јарец во хороскоп дека не може нешто да направи и гледајте како ќе направи сè за да ве увери во спротивното. Освен што се многу тврдоглави, Јарците се и многу натпреварувачки настроени, па немојте да се изненадите ако се такви и во врската.rn

    6. Многу се посветени

    rnВо оној момент кога Јарецот ќе ве засака, тој потполно ќе ви ги предаде својата душа и своето срце и целосно ќе ви се отвори. Затоа често нивното срце е скршено, бидејќи тие не знаат да се дадат половично туку се предаваат сто проценти. Такви се во семејните, во пријателските и во љубовните врски. Не сакаат да изневеруваат, ја ценат личноста која ја имаат покрај себе, па затоа немојте да ги изневерите.

  • 10 знаци дека сте апсолутен Јарец во хороскоп

    10 знаци дека сте апсолутен Јарец во хороскоп

    Луѓето кои се родени во знакот кој ги означува почетокот и крајот на годината ќе ги разберат овие 10 работи.rnrnrn

    1. Кога некој зборува за амбиции вие едвај се воздржувате да не „прснете“ од смеење

    rnКолегата ви се жали колку работа има на новиот проект? – Би му помогнале, само да не работевте на вашите седум!rnrnВие сте многу амбициозни и мотивирани (особено од парите) и би направиле сè што би можело да ве однесе до посакуваната цел. Бидејќи сте свесни дека ништо нема да ви падне од небо, ги засукувате ракавите и без жалење тргнувате да ја завршите работата.rn

    2. Сè што му е потребно на Јарецот е еден вистински, близок пријател

    rnЛесно се сложувате со сите, но вистински пријатели станувате само со една или две личности. Се грижите и се посветувате на нив. Подготвени сте да им помогнете во секоја ситуација, да ги исправите на нозе и да не чекате ништо за возврат. Се водите според мотото: Вистински пријател е оној кој ќе биде тука, кога никој друг веќе не е!rn

    3. Не сакате да се расфрлате со вашите чувства, но…

    rnКога тоа ќе се случи, изгледа како да сте на аудиција за оскаровски филм. Солзите течат сами, затоа што се вистински и од срце. Бидејќи секогаш се држите прибрано и одмерено, вашите солзи се како прелиена чаша.rn

    4. Премногу размислувате и ги анализирате нештата

    rnНекој ви упати навидум наивна шега? Сигурно тоа бил злобен коментар, намерно упатен кон вас за да ве повреди. Барем така се развиваат мислите во вашата глава.rn

    5. Тешко е некој да ве извади од такт, но кога тоа ќе го направи…

    rnТогаш не е добро да се биде во ваша близина. Се претворате во диви ѕверови, арогантни и крајно своеглави и тврдоглави. Во тие ретки ситуации секогаш имате спремни аргументи во ракавот, со кои ќе успеете да ги убедите сите дека сте во право.rn

    6. Никој не може да насети лага како Јарецот

    rnБог нека му е на помош на оној кој ќе се обиде да ве излаже.rn

    7. Имате алишта насекаде во спалната, но таа за вас е чиста како солза

    rnЧудна опозиција што само Јарците ја разбираат, нели?rn

    8. Вие сте владетели на сарказмот

    rnКолку пати сте имале недоразбирање поради оваа ваша несвесна особина? Не сте виновни вие, тоа е посилно од вас. Дури и кога зборувате најобични работи, од вашата уста тоа секогаш звучи саркастично.rn

    9. Луѓето ве сакаат затоа што сте муабетџии и постојано кажувате шеги

    rnПа, вие сте една весела и зборлива личност која умее да ги забавува другите и просто, човек не може, а да не ве забележи иако не сте личност која сака постојано да биде во центарот на вниманието.rn

    10. Ги правите работите исклучиво за себе

    rnВие не сте себични. Едноставно сакате да вложувате во себе и да не се плеткате во туѓите животни избори. Затоа кога правите нешто прво тргнувате од себе. Па, дури и додека го читате ова си велите „Ова е за мене пишувано!“rnrnАјде сега вратете се на работата, уште многу работи чекаат на вас.

  • Роденденски подарок за вашиот партнер Јарец

    Роденденски подарок за вашиот партнер Јарец

    Јарците се рамнодушни, многу одговорни и многу, многу амбициозни. Овие особини се однесуваат како на нивниот личен, така и на професионалниот живот поради што најдобрите подароци за овој хороскопски знак би го истакнале нивниот успех и материјална вредност.rnrn0-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-jarec-kafepauza.mkrn

    „Како-да“ книги и видеа

    rnБидејќи Јарците се типови кои уживаат во самотија, уживаат во читањето. Осигурете се дека книгата што ќе им ја купите не е реализам, фикција или апстрактна филозофија. Најдобриот избор би биле практични прирачници за некое хоби во кое уживаат. Ако на пример, сака да изработува дрвени предмети, подарете му книга за изработка на мебел. Ако повеќе преферира дивидија, може да најдете секаков вид корисни информации поврзани со хобија, изработки или дури професионални совети за подготовка на совршено CV.rnrn1-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-jarec-kafepauza.mkrn

    Парични подароци

    rnМажите во овој знак особено држат до материјалното, затоа подарок со тема пари веднаш би им се допаднал. Може да побарате нешто како метална штипка за држење пари или паричник од квалитетна кожа; всушност каков било подарок поврзан со пари, од вредносни картички дури до акции и обврзници за успешниот Јарец.rnrn2-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-jarec-kafepauza.mkrn

    Организациски помагала

    rnУште еден квалитет кој ги прави Јарците најдобри менаџери и лидери во светот се нивните организациски способности. Покрај тоа што се одговорни личности, тие едноставно имаат талент за планирање и ментална бистрина која им овозможува да ги извршуваат своите задачи на организиран и професионален начин. Лаптоп, дигитален календар или луксузен часовник со многу опции се неколку одлични идеи.rnrn3-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-jarec-kafepauza.mkrn

    Членство во клуб

    rnМажот Јарец многу ги почитува традиционалните симболи на моќта и успехот, без разлика дали на личен или на професионален план. Ова во комбинација со желбата за материјални достигнувања често го поттикнува да ужива во друштво на луѓе на високи позиции. Ако можете да си дозволите, подарете му на вашиот партнер клуб-картичка за некој елитен клуб каде ќе може да запознава бизнис контакти и да склучува зделки. Доколку сепак ова е премногу за вашиот џеб, почестете го со вечер на класична опера или вечера на некој хуманитарен настан каде ќе може да биде виден од луѓето од корпоративниот свет.rnrn4-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-jarec-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Роденденски подарок за вашата партнерка Јарец

    Роденденски подарок за вашата партнерка Јарец

    Автор: Зорица ТодороваrnrnРодени помеѓу 21-ви декември и 20-ти јануари, жените во знакот на Јарецот се создадени за цврсти и сигурни врски. Нивниот карактер се поврзува со одговорност, трудољубивост и својствено практичен поглед на светот. Ако ги имате предвид овие нивни особини, тогаш со сигурност ќе го најдете совршениот подарок за вашата партнерка.rnrn0-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-jarec-kafepauza.mkrn

    1. Подароци кои ја поттикнуваат нејзината амбиција

    rnКлучот во наоѓање на идеалниот подарок за жената Јарец е да ја разберете нејзината амбициозна страна. Тие се познати по својата ориентираност кон кариерата, затоа подарете ѝ нешто што ќе ѝ помогне да ги оствари своите професионални амбиции и цели. Личен планер во кој ќе ги внесува своите дневни обврски или софтвер за изработка на презентации ќе ѝ овозможат да напредува на работното место, или уште подобро: нов модел на смартфон кој ќе ги одразува нејзините одлични менаџерски способности.rnrn1-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-jarec-kafepauza.mkrn

    2. Традиционални гестови

    rnЖените во овој знак особено ги почитуваат традиционалните вредности и затоа еден од можеби најпосакуваните подароци за нив претставува накитот. Одберете нешто безвременско, кое не се ограничува од модните трендови и ќе му се спротивстави на времето, како на пример бисери. Додека креативните, лични изработки повеќе би им се допаднале на Водолиите или чувствителните Ракови, Јарецот повеќе цени вообичаени гестови на искажување љубов, црвени ружи и кутија од најдобрите чоколади.rnrn2-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-jarec-kafepauza.mkrn

    3. Почестете ја со игри

    rnАмбициозната природа на вашата партнерка ќе ужива во активности кои вклучуваат одреден степен на натпреварување. Однесете ја на пример на куглање или на мини-голф, притоа дозволувајќи ѝ да ве победи во неколку партии. Без разлика колку пријателски, Јарците чувствуваат дека е повредена нивната чест кога ќе изгубат од својот противник. Се разбира, немојте да ѝ дадете до знаење дека сте ја пуштиле да победи.rnrn3-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-jarec-kafepauza.mkrn

    4. Интимни подароци

    rnЕлементот што владее со Јарците е Земјата, што не е изненадувачки имајќи предвид колку приземјени и практични луѓе се самите тие. Но ова исто така значи дека му подлегнуваат на телото и неговите страсти што ги прави страсни партнерки во кревет. Дозволете ѝ на таа нејзина страна да дојде до израз со убава долна облека или сатенски прекривки.rnrn4-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-jarec-kafepauza.mk

  • Јарец и риби – пријателска комбинација

    Јарец и риби – пријателска комбинација

    Рибата покрај јарецот се чувствува безбедно и сигурно, а на јарецот тоа му претставува задоволство, бидејќи знае дека секогаш кога ќе му треба совет и утеха, таа ќе биде тука за него. И покрај тоа што јарецот не плаче пред многу луѓе, може да се случи да се „сруши“ пред пријателот со хороскопски знак риба.rnrnЈарец и риби – пријателска комбинацијаrnrnРибите се познати по својата љубезност и сочувство за другите луѓе, а тоа се особини кои јарецот ги обожава кај нив. На ист начин, рибата кога е во близина на смирениот и стабилен јарец, се чувствува како сите нешта во светот да се во ред. Таа им се восхитува на моќта, авторитетот и интелигентната смисла за хумор кои ги поседува овој негов пријател. Воедно  јарецот ја обожава нежноста, сочувственоста и имагинацијата на рибата.rnrnЈарецот може да ѝ помогне на рибата во организацијата на нејзиниот живот, а таа може да му даде некои чудни идеи кои ќе го натераат да размислува пошироко од вообичаено. Сепак помеѓу овие пријатели постојат и некои карактерни разлики. Јарецот знае да биде многу непопустлив, дури и при договарањето за избор на филм или ресторан, што може да ја вознемирува лекомислената риба. Од друга страна неодговорноста на рибата и нејзината неспособност да стигне некаде на време, му оди на нерви на јарецот.rnrnКако и да е, во поголемиот дел од времето овие пријатели би требало одлично да се согласуваат, а тоа најдобро би се реализирало доколку рибата го научи јарецот како да се олабави, а тој ја научи неа на одговорно однесување.rnrnНивните несогласувања најбрзо ќе исчезнат доколку ги прават заеднички нивните омилени активности. Така тие можеби би уживале забавувајќи се на часови по валцер, декорирање цвеќиња, плетење, разговарање на историски теми и друго.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за женски јарци

    Љубовен астролошки профил за женски јарци

    Смелоста е првото нешто со кое ќе ве маѓепса девојка со хороскопски знак јарец. Нејзиното природно однесување зад кое се крие храбра и моќна личност, истовремено ви создава спокојство и страхопочит за оваа девојка. Женските јарци привлекуваат внимание со самото свое присуство. Без разлика дали станува збор за ситуации од професионален или личен карактер, таа може да ги команда луѓето во просторијата само со нејзиното дишење. Доколку не ја познавате добро може да помислите дека изгледа како некоја ледена кралица, но реалноста е поинаква. Таа е страсна девојка, но тоа добро го сокрива, прикажувајќи му ја на светот само својата студена надворешност. Ако успеете да ја препознаете нејзината поинаква внатрешна страна, ќе бидете еден чекор поблиску до нејзините вистински намери со вас.rnrnЉубовен астролошки профил за женски јарциrnrn„Самоконтрола“ е многу соодветен збор за опис на карактерот на женските јарци. Контролирајќи ги своите емоции, претставничките на овој знак делуваат како да се во секој момент стопроцентно смирени, спокојни и присебни. Ним им е потребна таа самоконтрола бидејќи под површината се тотално спротивни. Оваа ледена кралица e во суштина една многу нежна и топла жена, која не чувствува потреба да им го покаже тоа свое лице на луѓето, освен ако нема проклето добра причина за тоа. Нејзините стандарди се навистина високи, па наместо да верувате дека таа ќе „падне“ на вашиот шарм, треба навистина да се потрудите да го освоите нејзиното срце, за таа да ви дозволи да јa видите нејзината внатрешност.rnrnРеално, може попрво да изгубите верба дека нешто сериозно ќе се случи со оваа девојка, отколку да стигнете до некој повисок стадиум на освојување на нејзиното срце. Во некои моменти може да се чувствувате како обидот да ја освоите оваа девојка тотално да ви ја исцрпел енергијата. На почетокот, може и да не ве прима подалеку од куќниот праг ни како пријател кој ѝ дошол на кафе. Оваа жена го има сето трпение на светот и не се плаши да го употреби. Таа најверојатно си мисли дека не ѝ е потребен партнер, сè додека некој доволно упорен, не ја убеди во спротивното. Тајната е да бидете доволно мил, за да успеете да го стопите нејзиниот леден ѕид.rnrnЉубовен астролошки профил за женски јарциrnrnБез разлика што претставничките на овој знак честопати се окарактеризирани како силни и бестрашни жени, сепак ним потајно им се допаѓа кога партнерот е тој кој презема одреден дел од контролата. Работата нема да заврши на арно, доколку веднаш почнете да ја заведувате и шармирате. Нема да ви прости ниту ако направите грешка. Бавно но сигурно, е вистинското темпо со кое треба да се движите за да ѝ го затреперите нејзиното срце. За јарците, најдобри љубовни врски се оние чиј прогрес се движел по природен пат. Спријателете се со неа, покажете ѝ ја вашата поддршка и држете си го изливот на страст на минимум. Почетните разговори треба да ви бидат весели, површни и од општ карактер. Приближувајте ѝ се онолку колку што таа ви дозволува и за кратко време ќе се видите себеси, како седите со оваа девојка во некој интимен ресторан на романтична вечера.rnrnЉубовен астролошки профил за женски јарциrnrnПриватноста е уште една битна потреба на оваа жена. Пренагласеното покажување внимание на јавно место, озборувањата и мешањето на вашите родители во сите детали од вашата врска, се работи за кои нема простор во нејзиниот живот. Таа ја вреднува сопствената интима и сака да го сочува нејзиниот приватен живот зад затворени врати. Никој освен вие двајца, не треба да ги знае деталите за вашата врска. Со тек на време, како што ќе се проширува нејзината комфорна зона, таа можеби ќе ви дозволи да се однесувате поопуштено со неа на јавни места. Во секој случај, не терајте ја ништо да прави со сила, туку одете со неа дотаму до каде што таа ќе се чувствува удобно.rnrnДвижејќи ја врската пополека, вие станувате дел од нејзиниот живот. Ако сте доволно трпеливи и внимателно го следите нејзиниот начин на функционирање, од неа ќе добиете онолку љубов, колку што и самите сте ѝ дале. Со тек на време, таа би требало да се чувствува комотно со вас и би била доволно сигурна за да ве пушти под нејзиниот оклоп. Почнете да обрнувате внимание кога таа прави ситни работи за вас како да е ваш личен асистент. Тоа е нејзиниот начин да ви покаже дека се интересира за вас и за она што го правите и дека сака да ја искачи врската на повисоко ниво.rnrnЉубовен астролошки профил за женски јарциrnrnЖенските јарци секогаш нешто планираат и калкулираат. Чим еднаш таа почне да прави ситни работи за вас, најверојатно бара начин како да ве заведе. До овој момент вие од неа сте добиле доза на топлина, па сега сакате уште. Пријдете ѝ на половина пат со поголема доза на самодоверба. Срамежливо и искрено флертување, ќе ве одведе до патот кон кој сте тргнале. Бидете креативни…rnrnСамо поради тоа што таа можеби ќе бара начин да ве заведе, не значи дека вие сте слободен и можете да уживате. Имајте на ум дека сè до потврдувањето на вашиот официјален статус, вие може да бидете фрлени како монета од два денари. Ќе забележите кога таа ќе се чувствува сигурно со вас и кога ќе ви верува. Иако можеби нема да ви се чини дека небото е розово и дека ангелите ви пеат, сепак ќе ја чувствувате промената во вашата врска. Кога ќе ви се укаже шанса да погледнете во минатото, ќе го увидите природниот тек и прогресот на врската.rnrnЕдна од многуте придобивки од врската со жена јарец е нивната најголема тајна. Сета нивна сериозност и смирена надворешност, исчезнува кога ќе се заклучи вратата од спалната соба. Женските јарци се толку сексуални, што и самата помисла на секс може страшно да ги возбуди. Тие се големи авантуристки во кревет. Ги обожаваат чувствата и емоциите кои доаѓаат од страсниот и интимен секс. Ќе имате големи придобивки од нивното обожување на сексот.rnrnЉубовен астролошки профил за женски јарциrnrnЖените јарци чувствуваат потреба да ја рекламираат нивната вредност. Тие знаат дека вредат повеќе од сите работи кои се трудат да ги поседуваат. Развојот на нејзините приватни односи со луѓето, ги доживува како нејзина награда за вложувањата во професионалниот живот. Тие се исто толку посветени во приватниот живот колку што се во професионалниот живот, обидувајќи се двата да бидат најдобри што можат. Не се откажувајте од нејзе. Можеби ќе ѝ треба време, но штом ќе ви се посвети, наградата е бесценета.rnrnПрочитајте љубовен астролошки профил и за машки јарци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јарец и водолија – пријателска комбинација

    Јарец и водолија – пријателска комбинација

    Безгрижната и слободоумна водолија можеби изгледа неспоиво со сериозниот и фокусиран јарец, но можеби токму нивната различност е тоа што го прави ова пријателство многу интересно. Непредвидливото однесување на водолијата претставува вистински начин за релаксирање на напнатиот јарец. Водолијата го потсетува јарецот дека одвреме-навреме е убаво да се скрши некое правило на однесување и да се следи ритамот на срцето, па макар и на само час-два. На сличен начин јарецот може да ја научи водолијата за вредноста на зачуваната традиција, обичаи и култура и зошто треба да ги почитува античките предмети.Јарец и водолија - пријателска комбинацијаПријателството помеѓу јарец и водолија е еден вид експеримент за нив двајца. Водолијата ја интересира сè што е ново и занимливо, а јарецот ги преферира старите веќе испробани методи. Водолијата сака постојана промена, а јарецот живее рутински. Во оној момент кога водолијата ќе помисли дека јарецот ѝ го гуши нејзиниот стил на живеење, тој ќе направи нешто шармантно, слатко и добро промислено, што ќе ја потсети водолијата зошто си го сака јарецот за свој пријател. Така водолијата ќе ужива кога јарецот ќе ја потсети на нејзината омилена книга од детството или на некој интересен момент кој му случил во минатото.rnrnВодолијата мора да си признае себеси дека секогаш се чувствува пријатно и добредојдено во друштво на јарецот, а таа пак од своја страна му ја инјектира потребната возбуда во неговиот живот. На јарецот може да му смета бунтовното однесување на водолијата кое најчесто се случува без некоја особена причина, а таа пак може да го обвини дека е премногу ситничав и старомоден во размислувањата.rnrnОвие пријатели можат да ги надминат карактерните разлики додека уживаат во некои надворешни спортови кои бараат многу енергија, како долго трчање, скијање и слично. Од науките може да имаат заеднички интерес за археологија и антропологија. Од друштвените игри може да се забавуваат играјќи пикадо, местење мозаици, а може да сакаат и да посетуваат уметнички изложби.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јарец и јарец – пријателска комбинација

    Јарец и јарец – пријателска комбинација

    Јарецот се чувствува многу удобно кога покрај себе има пријател со истиот хороскопски знак. Тој знае дека овој другар никогаш нема да го откачи и остави сам кога ќе отидат заедно на забава, ниту ќе заборави да го нахрани кучето додека тој е надвор од градот. Покрај лојалноста и сериозноста, јарците во ова пријателство ценат што покрај себе имаат личност која се смее на нивните необични шеги.Јарец и јарец - пријателска комбинацијаКога на некој од нив му треба совет во врска со работното место или бизнисот кој планира да го стартува, тој секогаш знае дека овој пријател е вистинската личност од која треба да го побара. Јарецот најверојатно ќе ги одобри сите добро смислени бизнис-планови.rnrnРазговарање за приватниот живот може да претставува проблем помеѓу два јарци, бидејќи ниеден од нив не се чувствува удобно да ги открие своите длабоки, мрачни тајни кои толку вешто ги крие од луѓето. Во секој случај, доколку некогаш ситуацијата наложи да мораат да разговараат за некоја болна тема, јарците можат да бидат сигурни дека нивниот пријател со кој делат ист хороскопски знак, не само што внимателно ќе ислуша до крај, туку и ќе ја чува откриената тајна.rnrnДвајца пријатели јарци најверојатно ќе уживаат да го поминуваат нивното заедничко време во спортови како куглање, искачување по карпи, возење велосипед по планински патеки и слично. Исто така, јарците имаат и своја креативна страна која можат да ја развиваат со цртање, сликање или изработка на скулптури од глина и пластелин.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.