КАФЕ ПАУЗА

Јарец и водолија – љубовна комбинација

Јарец и водолија – љубовна комбинација

Кога ќе се спојат јарец и водолија во љубовна врска, тие настојуваат да си ги извлечат позитивните работи еден од друг. Јарецот е попретпазлив, со рационален поглед на животот, додека водолијата е нестабилна, грижлива и со идеалистички пристап кон скоро сè. На површината, може да изгледаат како тотално спротивни луѓе, но штом се „шмекнат“ еден со друг, се формира нераскинлива врска.Јарец и водолија – љубовна комбинацијаИ јарецот и водолијата можат да бидат тврдоглави до степен што ниеден од нив да не биде желен да направи компромис. Јарецот тежнее да биде организиран и секогаш размислува за последиците. Водолијата е модерна и смета дека рутините се проблематични и здодевни.rnrnЈарецот ќе и се воодушевува на водолијата, но може да се исфрустира барајќи логика во мистичниот, неорганизиран ум на неговиот партнер. На водолијата нема да и се допадне доминантноста кај партнерот, но ќе се чувствува фино поради поддршката која тој и ја дава и ќе и олесни што конечно има некој во нејзиниот живот кој се грижи за нејзините лични проблеми и чувства.rnrnИ јарецот и водолијата се раководени од планетата Сатурн, додека таа е и од Уран. Сатурн е ладен, со традиционална енергија. Влијае на ориентирање кон постигнување на целите и напредно размислување. Уран пак, се однесува на сè што е различно и необично.rnrnЈарецот ќе и покаже на водолијата живот базиран на организација, рационалност и комфор. Водолијата пак, може да му помогне на својот јарец да научи да „сонува“ и повеќе да се залага за своите верувања.rnrnВодолијата го истражува животот низ случајности, а јарецот секогаш очекува специфичен резултат. Понекогаш, овие два партнера можат да го сфатат размислувањето на другиот. Може да се појават и конфликти доколку јарецот е многу строг или доколку водолијата се занесе по чести патувања и „фенси“ живот.rnrnДвата партнери мора да сфатат дека секој од нив си го живее животот на уникатен начин, но ова е добро бидејќи вака тие секогаш ќе имаат многу различни работи да си споделат меѓу себе. И двајцата знаат да бидат  тврдоглави и да поседуваат силен мотив за да го добијат она што го сакаат. Доколку имаат план, ќе се држат до него, сè додека не се оствари замисленото.rnrnЈарецот сака да си дава идеи и да раздава задачи. Водолијата со срце ќе сака да му помогне, доколку тој и даде конкретна улога во работата. И во нивната заедничка работа може да произлезат конфликти од истата причина, тврдоглавоста присутна кај двата знака. Но, ова ќе се избегне доколку тие сфатат дека работат заедно за постигнување на заедничка цел и само на овој начин ќе ги видат посакуваните резултати.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо сочинето од јарец и водолија е нераскинливата врска која ја имаат откако стапиле во љубовно партнерство. Оваа врска ќе биде корисна и задоволувачка за партнерите. Нивната љубов ќе биде од значење не само за нив самите, туку и за сите околу нив.