Јарците се многу сериозни и одговорни мажи. Тие се навистина старомодни и живеат многу организиран живот. Токму затоа и воопшто не изненадува фактот што тие не изобилуваат со изненадувања, туку живеат балансиран и мирен живот, со што помалку стрес. За да го постигнат ова, Јарците се обидуваат да бидат најдобри во својата кариера, а останатите полиња од животот – оставаат самите да се случат. Па, кои се најдобрите начини да ги освоите срцата на овие старомодни мажи, без тие воопшто да забележат?rnrn
rn
1. Најпрво, бидете претставници на нивниот старомоден живот
rnОвие луѓе сакаат да се разбудат, да одат на работа, да се вратат дома, да јадат, да спијат и потоа да го повторат процесот. Тоа значи дека им е потребна еден вид стабилност во секојдневието со цел да водат мирен живот. Верувале или не, токму од оваа рутина го црпат најголемото животно задоволство. Тие обожаваат да прават планови и да уживаат во едноставноста на животот. Вие треба да го усогласите својот распоред со нивниот, и тие нема ни да забележат кога ќе им влезете во животот.rn
2. Потоа, погрижете се и вие да водите организиран живот
rnОва може да биде многу тешко да се изведе, особено ако сте претставници на похаотичните хороскопски знаци, но е единствениот начин да ги задржите Јарците крај себе. Насликајте им го совршениот живот, од почеток до крај, и однапред раскажете им ги сите интересни и возбудливи нешта што ги очекуваат. Ако сè е однапред испланирано, тие со отворено срце, едно по едно, ќе ги очекуваат сите идни настани со вас.rnrnЈарците не разбираат дека понекогаш ослободувањето од тензијата и притисокот е најдоброто нешто во животот, па затоа и продолжуваат да работат напорно, притоа игнорирајќи ја најголемата причина за нивниот стрес – нивниот ум. За да ја олесните оваа внатрешна битка на Јарците, мора однапред да им „закажувате“ време за одмор, што тие нема да го сфатат како период за релаксирање, туку како уште една задача што треба да се заврши. А токму тој период за релаксирање, ќе биде ваша шанса да се зближите повеќе.rn
3. За крај, поработете на вашата кариера и секогаш поддржувајте ја нивната
rnРаботата им помага на Јарците да се чувствуваат како да имаат контрола над себе. Ова им дава чувство на припадност и цел, додека истовремено им помага и да се движат напред во светот. На крајот од денот, тие сакаат да бидат одговорни и да имаат постојан прилив на пари. Всушност, за Јарците најважната карактеристика е да имаат кариера, како и да го делат својот живот со личност што исто така брзо напредува во својата кариера. Ова го гледаат како добар знак за постигнување успех и добра финансиска состојба, што во иднина, кога конечно ќе се решат да се пензионираат и да се одморат, ќе им овозможи шанса да уживаат во животот така што ќе го прошетаат целиот свет.rnrnЈарците и љубовта: Ако успеете да го „скротите“ овој знак, ќе имате лојален и грижлив партнер!



rnrnСо оглед на владеењето на Сатурн, без оглед на богатството кое го стекнале, Јарците нема јавно да се фалат. Тие не штедат пари доколку станува збор за трошење на паметни и корисни работи, како што е вложување во простор за живеење, образование на деца и слично. Сепак, доколку Јарците ви ветат финансиска поддршка, треба да знаете дека сте спремни дури и да се задолжат, за да не го прекршат дадениот збор. Овие луѓе не се многу по забавите, но тоа не значи дека не покажуваат никаква заинтересираност за тоа. Нивниот хумор е поинаков, по малку темен и дефинитивно наменет за луѓе кои умеат да читаат помеѓу редови. Јарците не живеат во сон, затоа што својот сон го претвораат во реалност. Ако не се во состојба да го направат тоа, нема ни да сонуваат. За нив тоа е само губење време, а времето го поврзуваат со пари. Тие ги почитуваат и туѓите и своите работи, па на договорените состаноци честопати пристигнуваат и порано. Јарците се утрински типови, па многу обврски извршуваат во првиот дел од денот, до 13 часот.rnrnЈарците се најчесто со коскеста структура, не се мачат со прекумерна тежина, доколку и други аспекти не влијаат на тоа. Ним им се осетливи забите, како и скелетниот систем, со можност за проблеми во колената и синусите. Тие би требало да избегнуваат храна богата со јаглехидрати и шеќери, а се препорачува и поголема количина протеини, со задолжителен зголемено внесување на калциум и витамин Б. Дамите родени во овој знак може да имаат проблем со сува кожа и изразени вертикални брчки по средината на челото. Мажите пак може да имаат проблеми со кожата и алопеција. Јарецот е знак кој цврсто стои на земјата, дава реална проценка и исто такво ветување. Тие стануваат оптимисти откако ќе завршат две третини од работата. Луѓето родени во знакот Јарец не може да живеат без работа и постојано освојување на врвот. Ако стојат во место, за нив тоа е големо незадоволство. Јарците имаат близок круг на пријатели, а ако сте во тој круг, треба да знаете дека тоа е највредниот подарок што можете да го добиете. Во партнерските односи бараат време и посветеност, а даруваат љубов за целиот свој живот. Подарете им го срцето и вашата почит, па ќе оставите посебно место во нивната душа.rnrn
rn
rnrnОднадвор Јарците изгледаат цврсто, но всушност се многу ранливи. Тие во себе кријат многу тајни и потребен им е само мал потсетник за да ја откријат нивната разиграна страна. На овој одлучен и паметен учител никогаш не му е тешко да се фати за работи. Поради неговата амбиција понекогаш му се случува да ги запостави пријателите и семејството и затоа тука мора да пронајде рамнотежа.rnrnЈарецот би требало да научи како да се релаксира и да заборави на грижите. Треба да запамети дека совршенство не постои и да се обиде да го намали перфекционизмот. Но, затоа, пак, би требало да се гордее на неговата смисла за хумор, ранливост, упорност и достоинство.rnrnЈарецот најдобро се согласува со Овен, Рак, Бик и Девица бидејќи можат да учат едни од други и да постигнат компромис.rnrnЈарецот не се чувствува пријатно во присуство на Близнаци, Лав, Скорпија, Вага, Риби и Стрелец бидејќи сите овие знаци сакаат да доминираат, а Јарецот не поднесува некој да му кажува што да прави.rnrnЗа Јарците се препорачуваат активности како што се медитација, јога, поминување време со животни во природа каде што фокусот е на едноставната убавина, доверба и невиност на живите суштества.rnrnШто се однесува до љубовта, Јарците најдобро функционираат со личности кои ќе им го олеснат товарот. Нивното срце ќе го освоите доколку му помагате и му дозволувате да ја контролира ситуацијата. Тоа не е лесен подвиг, но ако Јарецот еднаш ве прифати, тоа ќе трае вечно.rn

rnrnЈарците можат да бидат брутално искрени и оваа особина е многу вредна кога барате реален совет. Јарците ќе бидат љубезни, но нема да вртат околу темата. Ако знаат дека нешто е во ваш најдобар интерес, тогаш тие веднаш ќе ви го кажат, дури и ако тоа за вас моментално е малку потешко за слушање и разбирање.rn
rnrnГи знаете оние личности кои не зборуваат многу, но кога ќе кажат нешто, тоа е најсмешната работа што сте ја слушнале деновиве? Тоа се Јарците. Тие се паметни и досетливи и имаат голема смисла за хумор – што е и совршената комбинација за сарказмот кој ви е потребен во животот.rn
rnrnЈарците се многу организирани и сакаат сѐ да биде во најдобар ред, па кога ќе направат забава – тоа ќе биде една од најдобрите забави на која сте присуствувале. Независно дали се работи за мал или поголем собир, тука ќе ги има најдобрите пијалаци, најдобрата музика, најдобрата храна… И, бидејќи сѐ завршуваат предвреме, тие постојано ќе танцуваат покрај вас и нема да се грижат за никакви проблеми.rn
rnrnНезависно дали станува збор за покана во новиот ексклузивен клуб во центар или интервју за работа со компанијата од вашите соништа, Јарците ќе можат да ви овозможат влез. Тие точно знаат како да се поврзат со вистинските луѓе и ќе ви помогна побрзо да ги остварите своите краткорочни и долгорочни цели.rn
rnrnКога ќе раскинете со вашиот партнер во 3 часот наутро, можете да сметате дека Јарците ќе бидат кај вас за 20 минути со пица, сладолед и омилените филмови. Со нивната лојалност и грижливост, но и селективност, можете да бидете сигурни дека кога еднаш ќе станете дел од нивниот внатрешен круг, вие ќе добиете пријател за цел живот кој никогаш нема да ве остави на цедило.

