Автор: Зорица ТодороваrnrnРодени помеѓу 21-ви декември и 20-ти јануари, жените во знакот на Јарецот се создадени за цврсти и сигурни врски. Нивниот карактер се поврзува со одговорност, трудољубивост и својствено практичен поглед на светот. Ако ги имате предвид овие нивни особини, тогаш со сигурност ќе го најдете совршениот подарок за вашата партнерка.rnrn
rn
1. Подароци кои ја поттикнуваат нејзината амбиција
rnКлучот во наоѓање на идеалниот подарок за жената Јарец е да ја разберете нејзината амбициозна страна. Тие се познати по својата ориентираност кон кариерата, затоа подарете ѝ нешто што ќе ѝ помогне да ги оствари своите професионални амбиции и цели. Личен планер во кој ќе ги внесува своите дневни обврски или софтвер за изработка на презентации ќе ѝ овозможат да напредува на работното место, или уште подобро: нов модел на смартфон кој ќе ги одразува нејзините одлични менаџерски способности.rnrn
rn
2. Традиционални гестови
rnЖените во овој знак особено ги почитуваат традиционалните вредности и затоа еден од можеби најпосакуваните подароци за нив претставува накитот. Одберете нешто безвременско, кое не се ограничува од модните трендови и ќе му се спротивстави на времето, како на пример бисери. Додека креативните, лични изработки повеќе би им се допаднале на Водолиите или чувствителните Ракови, Јарецот повеќе цени вообичаени гестови на искажување љубов, црвени ружи и кутија од најдобрите чоколади.rnrn
rn
3. Почестете ја со игри
rnАмбициозната природа на вашата партнерка ќе ужива во активности кои вклучуваат одреден степен на натпреварување. Однесете ја на пример на куглање или на мини-голф, притоа дозволувајќи ѝ да ве победи во неколку партии. Без разлика колку пријателски, Јарците чувствуваат дека е повредена нивната чест кога ќе изгубат од својот противник. Се разбира, немојте да ѝ дадете до знаење дека сте ја пуштиле да победи.rnrn
rn
4. Интимни подароци
rnЕлементот што владее со Јарците е Земјата, што не е изненадувачки имајќи предвид колку приземјени и практични луѓе се самите тие. Но ова исто така значи дека му подлегнуваат на телото и неговите страсти што ги прави страсни партнерки во кревет. Дозволете ѝ на таа нејзина страна да дојде до израз со убава долна облека или сатенски прекривки.rnrn