По напорниот ден исполнет со обврски, луѓето во Јапонија бараат разноразни начини како да се опуштат, најчесто преку посета на мали кафулиња. Токму на такво место, идеално за опуштање и уживање укажуваат и илустрациите на јапонскиот уметник Chihiro Sahurada.rnrn
rnrnСеријата илустрации е наречена „Кафуле Полна Месечина“ и прикажува мистериозен штанд на кој се продава кафе и други пијалаци како и храна и кој може да го посетат само оние кои се исцрпени од работа.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnИ покрај минијатурната големина, кафулето има прилично богато мени кое е инспирирано од небеските тела, прикажувајќи ја безграничната имагинација на уметникот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие преубави илустрации, можеби ќе сакате да ги погледнете и забавните и креативни илустрации направени од зрна кафе.rnrnИзвор: designyoutrust.com
Category: Слики и илустрации
-

Исцрпени сте од работа? Опуштете се во магичното кафуле „Полна Месечина“
-

Нурнете во шарениот свет на Ван Гог преку овие неверојатни илустрации!
Како и многу други уметници така карикатуристот и илустратор Alireza Karimi Moghaddam наоѓа инспирација во ликот и делото на Винсент ван Гог. Тој бил тинејџер кога за прв пат почнал да им се восхитува на стилот и живописните дела на уметникот.rnrn
rnrnТака, со години неговите илустрации се резултат на инспирацијата од делата на Ван Гог. Во неговите најнови илустрации е присутна и интеракцијата на славниот уметник со Фрида Кало.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие преубави илустрации, можеби ќе сакате да погледнете и како магична изложба им дозволува на посетителите да влезат во делата на Ван Гог.rnrnИзвор: mymodernmet.com -

Надреални фотографии чија цел е да послужат како извор за инспирација
Канадскиот уметник Modifeye за неговата уметност вели:rn
„Моите фотографии ми служат како алатка за раскажување приказни. Доколку некоја од нив може да ве натера да застанете за миг и да размислите додека користите Инстаграм, тогаш сум ја завршил мојата работа!“
rn
rnrnЦелта на овој уметник е преку неговите дела да ги поттикне другите на размислување но и да биде извор на инспирација.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите надреални фотографии.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие фотографии, можеби ќе сакате да погледнете и 20 фотографии од луѓе што претвораат во уметност сè што ќе допрат.rnrnИзвор: designyoutrust.com -

Почувствувајте ја убавината на животот преку овие шарени и разиграни илустрации!
Илустраторката Аби Лосинг ја доловува магијата на нашето секојдневие преку нејзините смели и напати ексцентрични илустрации. Погледнете ги во продолжение.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие илустрации, можеби ќе сакате да го доживеете шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрации.rnrnИзвор: designyoutrust.com -

Уметник се обидува да ја долови врската меѓу човекот и природата преку овие скулптури!
Јужноафриканскиот уметник Даниел Попер преку своите скулптури сака да ја сподели идејата за поврзаноста меѓу природата и луѓето. Неговата изложба „Human+Nature“ ќе биде отворена сè до 2023 година во паркот Morton Arboretum, Илиноис, САД. Во продолжение погледнете ги неговите скулптури.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие скулптури, можеби ќе сакате да погледнете и како уметник прави скулптури на животни од рециклирано сребро.rnrnИзвор: mymodernmet.comrnrn -

Уметница користи необично платно за своите уметнички дела
Италијанската уметница Golsa Golchini е позната по сликањето мали ремек-дела на необични платна. Нејзините најнови уметнички дела вклучуваат трансформирање на сопствената рака во уметничко дело со минијатурни претстави на фигури, животни и предмети. Ова е уште еден доказ за тоа дека кога станува збор за уметност не постојат граници и дека како инспирација може да ни послужи дури и сопственото тело.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnДоколку ви се допаднаа овие уметнички дела, можеби ќе сакате да погледнете и како обичните предмети се претвораат во инспирација за необични илустрации.rnrnИзвор: mymodernmet.com -

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа
Томас Санчез е роден во 1948 година во Агуада де Пасахерос, Куба. Тој е еден од најпознатите и најплатените кубански уметници. Студиите како сликар ги започнал во 1964 година на Факултетот за уметност „Сан Алехандро“ во Хавана, а подоцна и на Националниот институт за уметност.rnrn
rnrnВо 1980 година ја добил наградата Хуан Миро која ја доделува фондацијата Миро, а во 1984 година ја добил наградата Амелија Пелаез за делото со кое учествувал на првото биенале во Хавана. Во 1985 година била организирана неговата прва ретроспективна изложба во Националниот музеј за ликовни уметности во Хавана. Во 1989 година ја напуштил Куба за да живее во Мексико. Моментално живее во Костарика и Мексико.rnrn
rnrnНеговите дела се резултат на визиите и искуствата од секојдневното вежбање медитација.rnrn
rnЗа неговите дела Габриел Гарсија Маркез напишал: „Никој не може да избега од магијата на Томас Санчез – колку повеќе ги запознаваме неговите дела толку повеќе ги засакуваме и стануваме сè сигурни дека ако светот заслужува да биде одново изграден, тоа е бидејќи личи на неговите слики.“
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте делата на Томас Санчез, можеби ќе сакате да ги погледнете и магичните пастелни пејзажи оживеани во природата.rnrnИзвор: designyoutrust.com -

Полски уметник создава неверојатни реалистични портрети!
Инспириран од традиционалното сликарство, полскиот уметник Damian Lechoszest креира неверојатни реалистистични портрети кои се проткаени со чувство на носталгија. Неговите маестрални портрети ја доловуваат индивидуалноста на секој од субјектите. Уште поинтересно е што, за да го прикаже тоа, уметникот ги фотографира своите субјекти заедно со нивните портрети. На тој начин се истакнува реализмот во неговите дела. Освен тоа, тој користи елементи и на импресионизам и апстракција за колку што може попрецизно да го долови неговото сопствено видување за секој од субјектите.rnrn
rnrn rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие неверојатни портрети, можеби ќе сакате да ги видите и портретите кои ја доловуваат неразделната врска помеѓу девојче и нејзиното куче.rnrnИзвор: mymodernmet.com -

Доживејте го шармот на јапонските продавнички и ресторани преку овие илустрации
Уметницата Angela Hao ја доловува магијата и разновидноста на јапонските излози преку нејзините илустрации. Иако живее и работи во САД, таа „патува виртуелно“ низ улиците на Токио и Осака преку Google Street View, а многубројните згради покрај кои поминува ѝ служат како инспирација.rnrn
rn„Мојата уметност најмногу се фокусира на архитектурата. Обожавам да ги сликам излозите на продавниците. За мене најинтересниот дел од создавањето уметност е кога додавам замислени елементи во навидум обичната реалност како дрвја, лоза, саксии, животни – сите овие нешта му даваат живот на цртежот“, вели уметницата.
rnЌе се согласите дека нејзините илустрации кои ја спојуваат природата со урбаниот пејзаж, содржат естетски елементи слични со оние на анимираните филмови на Студио Гибли.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnДоколку ви се допаднаа овие илустрации, можеби ќе сакате да ги погледнете и неверојатни илустрации што ја доловуваат магијата на покривите во Париз.rnrnИзвор: mymodernmet.com -

Логоа на светски брендови како средновековни илустрации
Една од клучните работи денес за успешен бренд е препознатливото, оригинално лого. Но, што ако брендовите кои ги знаеме денес постоеле пред стотици години? Како би изгледало нивното лого во средновековниот период? Уметникот Ilya Stallone ја користи својата уметност за да нè однесе назад во времето при што одново ги дизајнира логоата на познатите светски брендови во стилот на средновековната уметност.rn
Тој ја добил инспирацијата по неговата посета на замоците во Белорусија. „Долго време се занимавам со дизајнирање, илустрирање и изработка на логоа, па така во еден момент сфатив дека можам да ги спојам работата која ја сакам и духот на средновековието“, вели Ilya.
rnВо продолжение погледнете ги неговите креативни илустрации.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnДоколку ви се допаднаа овие необични илустрации, можеби ќе сакате да погледнете и 15 илустрации кои го доловуваат секојдневието на еден вљубен пар.rnrnИзвор: mymodernmet.com