Повеќето од нас го знаат Боб Дилан по неговата музика. Неговите песни како Blowin’in the Wind, Like a Rolling Stone и Knocking on Heaven’s Door оставија траги врз многубројни генерации и сè уште се популарни. Но, новата изложба во Музејот на уметност при Меѓународниот универзитет во Флорида прикажува друга страна од неговата уметност. Насловена како Bob Dylan: Retrospectum, изложбата има за цел да им го доближи на посетителите визуелниот свет на Боб Дилан преку неговите слики, цртежи и скулптури од железо.
Овие дела покажуваат дека генијалноста на Дилан како уметник не се однесува само на музичкото творештво. Очигледен е неговиот интерес за урбаниот пејзаж бидејќи градовите доминираат во неговите дела. Во некои случаи пак, тој ја спојува визуелната уметност со музиката како на пример во цртежот Like a Rolling Stone на кој е рачно напишан текстот на песната, што го прави делото уште позначајно.
Во продолжение погледнете дел од делата на Боб Дилан.
„Студен ден“, 2020 „Верници“, 2012 „Улица Емет“, 2020 „Like a Rolling Stone“, 2018 „Без наслов“, 1973 „Човек на мост“, 2009Откако прочитавте за изложбата на Боб Дилан, можеби ќе сакате да прочитате и за познати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички таленти.
Извор: mymodernmet.com

