Преку сликањето на отворено, уметницата Ангела Мекеј, попозната како Студио Охки, ја доловува убавината на моментот. Нејзиниот бележник е преполн со скици од живописните места што ги посетува – од сончеви морски брегови па сè до бескрајни цветни полиња. По потекло од Австралија и Тајланд, уметницата е посебно наклонета кон топли дестинации, богати со растителен свет што честопати доаѓаат до израз во нејзините илустрации.rnrn
rn
„Моите илустрации се инспирирани од далечните патувања, долгите летни денови и чудата на природата. Најчесто работам со акварел и гваш техника, правам брзи скици од местото, а потоа изработувам детална илустрација“, вели Ангела.
rnВо продолжение погледнете ги нејзините преубави илустрации.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnДоколку ви се допаднаа овие преубави илустрации, можеби сакате да погледнете како артистка скицира морски пејзажи кои потоа ги фотографира држејќи ги над крајбрежјето.rnrnИзвор: mymodernmet.com