КАФЕ ПАУЗА

Category: Слики и илустрации

  • Сатирични илустрации ни покажуваат сè што не е во ред со светот!

    Сатирични илустрации ни покажуваат сè што не е во ред со светот!

    Постои нешто навистина вознемирувачко во делата на Џон Холкрофт, но на добар начин. Разгледувајќи ги неговите илустрации, вие не можете да не се почувствувате како да гледате во нешто забрането. Кршливоста на системот, неизвесноста на вашата кариера, недостатокот на романса во светот. Страста на карактерите е нивниот извор на маки и постои само еден начин да се извлечат – прифаќајќи ја апсурдноста на модерниот свет. Холкрофт успева да спои две сосема различни ера, па црпејќи инспирација од познатите испечатени постери во 50-тите, тој создава сатирични илустрации кои покажуваат сè што не е во ред со нашето општество.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Талентирана артистка ги покажува мачките во вистинското светло

    Талентирана артистка ги покажува мачките во вистинското светло

    Кога станува збор за одбирање помеѓу кучиња и мачки, најчесто постојат два вида луѓе. Од една страна се оние што ја обожаваат возбудливата природа на кучињата, а од другата страна се оние што се привлечени од мистериозноста на мачките. Не можеме да кажеме дека едните животни се подобри од другите, но кога станува збор за мачките, нивните уникатни карактеристики навистина ги издвојуваат од останатите, правејќи го животот на нивните сопственици незамислив без нив. Тоа е сосема нормално, се согласувате? Следниве илустрации го потврдуваат тоа!rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 стрипови од француски артист што ја зголемуваат свесноста за напуштање на домашните миленици

    10 стрипови од француски артист што ја зголемуваат свесноста за напуштање на домашните миленици

    За повеќето од нас, летото носи среќа, незаборавни моменти и секако, нашите долго очекувани летувања. Но, ова не е случајот за повеќето домашни миленици во Франција, бидејќи за нив излегувањето од домот може да значи почетокот на бурниот уличен живот. Секоја година во текот на летото, околу 100.000 миленици одеднаш стануваат несакани и се напуштаат во Франција. Ова е забележано и на македонските улици. Се надеваме дека следниве стрипови ќе ви ја прошират свесноста за важноста на вашиот миленик и дека ќе ве потсетат на нивната љубов кон вас.rnrn rnrn 

  • Артист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни, користејќи биоразградлива боја

    Артист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни, користејќи биоразградлива боја

    За прослава на Интернационалниот ден на рециклирањето, од Буенос Аирес го замолиле францускиот уличен уметник познат како Saype да направи инсталација вредна за паметење.rnrnАртист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни користејќи биоразградлива бојаrnrnПознат по неговите огромни слики направени со природна и биоразградлива боја, Saype го прифатил предизвикот и создал прекрасно уметничко дело со порака. Лоцирана на плоштадот General San Martin, огромната слика прикажува мало девојче кое радосно црта еколошки цртежи.rnrnАртист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни користејќи биоразградлива бојаrnrnНаправена на површина од над 5.200 метри квадратни, целосната слика се гледа од воздух, а ова ја прави навистина драматична. Сликата ги истакнува техничките вештини на уметникот, кој совршено ја искористил перспективата за да го оживее детето. Како контраст, силните бели линии од цртежите на детето пренесуваат важна порака за денешната младост и судбината на планетата.rnrnАртист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни користејќи биоразградлива бојаrn

    „Овде малото девојче ја симболизира иднината. Сепак, нашите деца се оние кои ќе го имаат утрешниот свет во нивните раце. Книгата го симболизира образованието и неговата важност во еколошките проблеми и рециклирањето. Од секоја страна можете да забележите цртежи со креда. Од едната страна пластичен отпад во корпа за отпадоци, од другата, светот во кој ќе се наоѓаме ако се грижиме за нашата земја за да имаме мирно и чисто место како цртежот на дете.“

    rnАртист слика на трева со површина од 5.200 метри квадратни користејќи биоразградлива бојаrnrnSaype работел една недела за да го претстави големиот мурал на стакло. За уметникот ова била неверојатна можност да ја пренесе неговата позитивна порака надвор од Европа. Споделувајќи ја оваа еколошка уметност со светот, тој се надева дека ќе ги инспирира другите да преземат нешто и да направат промена.rn

    „Мислам дека можам да кажам дека вложувам многу енергија во моите проекти и страст што ќе им даде на луѓето пример – оставање трага во умовите и срцата без да оставам трага на природата и околината, тоа е мојата борба.“

    rnПогледнете ги и најдобрите уметнички инсталации што ја обележаа минатата година.

  • Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

    Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

    Тату артистот Дилон Форте создава неверојатни тетоважи со природни геометриски форми. Изминативе 12 години, тој ја пренесува неговата љубов кон природата и нејзините неверојатни дезени во неговите дела кои ја симболизираат поврзаноста на сите нешта.rnrnТату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважиrn

    „Светата геометрија ги претставува математичките пропорции и релации во рамките на природата. Сметам дека оваа поврзаност е фасцинантна и кога се фокусирам на неа можам уште повеќе да ги ценам овие поврзаности.“

    rnФорте е под влијание и од неговите патувања, а ова му помага да се поврзе со суштината на неговата визуелна уметност.rn

    „Културите ширум светот ја препознаваат светата геометрија веќе илјадници години и ѝ оддаваат почит со нивната уметност, архитектура, религии и слично.“

    rnПроучувајќи ги овие извори, тој употребува разни стилови – од тетоважи изработени со точки, па сè до елементи кои изгледаат како да се насликани со четка. Мандалата, која на некој начин го претставува универзумот, е најчестиот мотив во неговите дизајни. Таа ја претставува убавината на цикличен свет кој понекогаш има остри рабови, а понекогаш меки.rnrnНо, тетоважите не се неговиот единствен начин на изразување креативност – неретко слика и на традиционалното платно. Сепак, тетовирањето е искуство што не може да се замени со слика на платно.rn

    „Она што ме тера да ја тетовирам мојата уметност на луѓето е тоа што овие ‘платна’ продолжуваат да ги изложуваат моите дезени во текот на целиот нивен живот. Тие им придаваат свое значење на тетоважите, а јас сакам да ги правам луѓето среќни.“

    rnТату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважиrnrnТату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважиrnrnТату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважиrnrnТату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважиrnrnТату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважиrnrnТату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Погледнете некои од најдобрите тетоважи на нозе

    Погледнете некои од најдобрите тетоважи на нозе

    Нозете се одлична локација за тетоважа бидејќи се лесни за покажување, но и за сокривање, во зависност од ситуацијата. Постојат многу делови на ногата што можете да ги украсите со тетоважи, но доколку не носите често кратки панталони или здолништа, тетоважата ќе биде „невидлива“.rnrnЗа помали дела се одлични листовите, а глуждовите и колената се исто добри за суптилни дизајни. Но бидејќи овие делови немаат многу заштитни мускули или ткиво, бидете подготвени за малку болка.rnrnДоколку размислувате да ставите тетоважа на вашата нога, но немате идеја, фотографиите во продолжение нека ви служат како инспирација.rnrnПогледнете некои од најдобрите тетоважи на нозеrnrnПогледнете некои од најдобрите тетоважи на нозеrnrnПогледнете некои од најдобрите тетоважи на нозеrnrnПогледнете некои од најдобрите тетоважи на нозеrnrnПогледнете некои од најдобрите тетоважи на нозеrnrnПогледнете некои од најдобрите тетоважи на нозеrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Креативно прекриени тетоважи од бивши партнери

    Креативно прекриени тетоважи од бивши партнери

    Раскинувањата се навистина емоционално исцрпувачки, особено ако ве оставиле со траен потсетник на бившиот партнер. Тетовирањето на лицето, иницијалите или името на партнерот е навистина лесно, но ослободувањето од тетоважата може да биде проблем.rnrnЗа среќа, постојат навистина креативни артисти кои можат да ја претворат несаканата тетоважа во нешто ново и да им помогнат на луѓето да ја преболат врската.rnrnРечиси сите што сакаат да покријат тетоважа се отворени за модификации со кои целосно ќе ја прикријат. Покомплексниот дел од дизајнот на прекривање се ситните детали и сенчењето, а колку повеќе длабоки бои има на тетоважата, толку поубава ќе излезе.rnrnВоглавно, новиот дизајн е поголем од старата тетоважа со цел да има подобра покриеност. Тату артистот може да предложи и неколку третмани со ласерско отстранување. Причината е да се осветли старата тетоважа, со што ќе се покрие полесно. Во продолжение погледнете неколку одлично изведени покривања на тетоважи.rnrnПрекриени тетоважи од бивши партнериrnrnПрекриени тетоважи од бивши партнериrnrnПрекриени тетоважи од бивши партнериrnrnПрекриени тетоважи од бивши партнериrnrnПрекриени тетоважи од бивши партнериrnrnПрекриени тетоважи од бивши партнериrnrnПрекриени тетоважи од бивши партнериrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Тату артистка ги рекреира познатите уметнички ремек-дела во форма на тетоважи

    Тату артистка ги рекреира познатите уметнички ремек-дела во форма на тетоважи

    Тату артистката Ева Карабудак му дава ново значење на терминот „уметност на телото“. Со години, талентираната уметница ги тетовира познатите уметнички дела на кожата на своите клиенти. Малите, но детални тетоважи прикажуваат некои од највлијателните дела од западната историја на уметноста – од „Ѕвездена ноќ“ на Ван Гог, па сè до „Врисок“ на Едвард Мунч. Во секој дизајн, Ева ги доловува емоциите на делото, како и пристапот на уметникот со цел да ја оживее сликата.rnrnЕва е позната по тоа што експериментира со тетоважите што ги прави. Претходно правела и тетоважи со „везени“ дезени, а сега со овие уметнички дела ги поместува границите на уметноста на тетовирањето. Дали би сакале да направите ваква тетоважа?rnrnТату артистка ги рекреира познатите уметнички ремек-дела во форма на тетоважиrnrnТату артистка ги рекреира познатите уметнички ремек-дела во форма на тетоважиrnrnТату артистка ги рекреира познатите уметнички ремек-дела во форма на тетоважиrnrnТату артистка ги рекреира познатите уметнички ремек-дела во форма на тетоважиrnrnТату артистка ги рекреира познатите уметнички ремек-дела во форма на тетоважиrnrnТату артистка ги рекреира познатите уметнички ремек-дела во форма на тетоважиrnrnТату артистка ги рекреира познатите уметнички ремек-дела во форма на тетоважиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Артистка црта мали портали кон други светови на компаси и медалјони

    Артистка црта мали портали кон други светови на компаси и медалјони

    Со помош на вашата фантазија, можете да се смалите колку мува и да влезете во порталите што ги слика артистката Кара Ледон. Со помош на маслени бои и минијатурни четки, таа создава навистина детални мали светови, во кои и таа самата сака да „побегне“.rnrnКара на почетокот цртала мурали на разни градби, но сега се одлучила за минијатурни мурали, кои можете да ги носите и околу вашиот врат. Погледнете ги нејзините неверојатни мали ремек-дела.rnrnАртистка црта мали портали кон други светови на компаси и медалјониrnrnАртистка црта мали портали кон други светови на компаси и медалјониrnrnАртистка црта мали портали кон други светови на компаси и медалјониrnrnАртистка црта мали портали кон други светови на компаси и медалјониrnrnАртистка црта мали портали кон други светови на компаси и медалјониrnrnАртистка црта мали портали кон други светови на компаси и медалјониrnrnАртистка црта мали портали кон други светови на компаси и медалјониrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Неверојатни 3Д тетоважи што ќе си поиграат со вашиот ум

    Неверојатни 3Д тетоважи што ќе си поиграат со вашиот ум

    Веројатно и вам никогаш не ви е доста од 3Д тетоважи, бидејќи постојано еволуираат и изгледаат сè подобро. Прославени од пионерите како Џеси Рикс и Winston The Whale, овие илустрации секогаш ќе ве натераат да ги погледнете два пати. Некои од тетоважите изгледаат толку реално, што ќе помислите дека излегуваат од кожата. Другите пак се одлични оптички илузии, кои изгледаат речиси невозможно.rnrnДоколку барате инспирација за следната тетоважа, зошто да не ја направите во три димензии? Дезените во продолжение сигурно нема да ве остават рамнодушни.rnrnНеверојатни 3Д тетоважи што ќе ги поиграат со вашиот умrnrnНеверојатни 3Д тетоважи што ќе ги поиграат со вашиот умrnrnНеверојатни 3Д тетоважи што ќе ги поиграат со вашиот умrnrnНеверојатни 3Д тетоважи што ќе ги поиграат со вашиот умrnrnНеверојатни 3Д тетоважи што ќе ги поиграат со вашиот умrnrnНеверојатни 3Д тетоважи што ќе ги поиграат со вашиот умrnrnНеверојатни 3Д тетоважи што ќе ги поиграат со вашиот умrnrnПродолжува на следната страница…rnrn