Никогаш не сте престари за да собирате школки на плажа. Тие се како накит на морето што не престанува да ве изненадува со своите уникатни форми и прекрасни бои. Токму затоа е и тажно кога треба да се разделите со деновите на плажата. Но, ако размислувате за нова тетоважа, и се пронајдовте во овој опис, тогаш имаме 7 прекрасни идеи за вас!rnrnСамо имајте на ум дека е лето. Според препораките на докторите, не смеете да пливате барем 3 недели од ставањето на тетоважата. Затоа е најдобро да се консултирате со тату артистот за соодветните техники за грижи, иако наш совет е да почекате до есен за да ја добиете вашата школка. Таман тоа ќе биде и одличен начин да се збогувате со летото.rn
1. Апстрактна школка
rn
rnrnОвој вид школка е еден од најинтересните што можат да се најдат во песокот. Токму затоа и секогаш кога ќе ја погледнете оваа тетоважа, таа ќе ве потсетува дека носите дел од океанот со себе.rn
2. Школка што мами погледи
rn
rnrnБоите и нијансите на оваа тетоважа без сомнение ќе ги натера луѓето да се свртат кон вас за да можат да го впијат секој детаљ од неа.rn
3. Школка за на плажа
rn
rnrnАко подобро размислите, не ви се потребни бои за школката да се истакнува. Доволно е да имате ваква едноставна и слатка тетоважа, што ќе биде одлична за фотографирање на плажа, како и топол потсетник за летото во студените зимските денови.rn
4. Слатка школка
rn
rnrnДа бидеме реални, едноставно нема да можете да не се заљубите во школка со нијанси на розова боја. Бидете уникатни и забавувајте се со дизајнот.rn
5. Школка што шепоти
rn
rnrnКолкупати ви се случило да земете школка од песокот и да се обидете да го чуете морето во неа? Ако сакате да го овековечите овој спомен, тогаш малата школкичка за увото е одлична идеја за вас!rn
6. Школка како накит
rn
rnrnСакате да бидете уникатни? Одберете ја најубавата школка на плажата и потоа однесете ја кај тату артистот за да се обиде да ја рекреира на вашето тело. Потоа најдете ѝ убаво место во домот каде што ќе ја краси просторијата, додека истовремено ја носите и на себе.rn
7. Школка за сирени
rn
rnrnКој вели дека ова не е печатот за тајно друштво на сирени? Оваа школка е толку едноставна, но се издвојува поради својата позиција. Одлична е за на плажа, но и за време на студените зимски денови!rnrnПогледнете ги и овие одлични идеи за тетоважи на ‘рбетот!
