Тетоважите и везењето се два вида уметност кои се работат со игла, но се сосема различни. Барем досега. Везењето е класична уметност која веројатно ја поврзувате со вашата баба, но дали некогаш сте помислиле како би изгледало во форма на тетоважа?rnrnРезултатите кажуваат сè. Со комбинирањето на двете уметности, се добиваат навистина интересни дезени кои се и уникатни, и традиционални. Тетоважата изгледа како навистина да е извезена на кожата и речиси има 3Д ефект. Па доколку барате идеја за тетоважа, зошто да не пробате да „извезете“ нешто на вашата кожа?rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Илустраторот Еико Ојала од Нов Зеланд, кој моментално живее во Естонија, прави дела кои често ги прикажуваат умот и телото. Направени со светли бои и дефинирани силуети, неговите дела визуализираат моќни пораки преку уметнички наредени слоеви од хартија. Она што е интересно за овие дела е тоа што сите се направени дигитално.rnrnrnrn3Д композициите на Еико навистина ќе ве натераат да посакате да ги допрете. Секоја дигитална илустрација е паметно составена од слоеви шарени форми и сенки. Неверојатниот и уникатен пристап на Еико му овозможил учество во некои од најдобрите публикации.rnrnВо серијал за весникот The Washington Post, Еико ги визуализирал умот и телото на дете додавајќи слоеви во силуетата на профилот на едно момче. Исто така, тој направил и неверојатен гиф за текст за инфаркт на The New York Times. Без разлика каков е концептот, овој талентиран илустратор може да визуализира комплексни идеи со неговиот препознатлив минималистички стил.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Талентот се наоѓа во секој од нас. Се разбира, напорната работа се исплати, но некои луѓе се природно талентирани. Душан Кртолица од Србија спаѓа во оваа група луѓе. Тој започнал да црта кога имал само 2 години и изгледа дека цртањето му е во крвта.rnrnrnrnДецата го гледаат светот на поинаков начин благодарение на нивната бујна фантазија. За Душан, најголема инспирација е природата. Тој е фасциниран од животните, но и од природата како целина. Па, решил да почне да ги слика овие нешта.rnrnКога имал само 4 години, неговите родители го забележале неговиот талент и го запишале во уметничко улиште. На 8 години неговите дела веќе биле покажувани низ училиштето и привлекувале многу внимание. Кога наполнил 9 години, нацртал јато птици што може да го восхити секој. На 10 години почнал да црта и луѓе. Доколку ја има потребната инспирација, Душан може да нацрта сè.rnrnrnrnrnrnrnrnНа 13 години Душан добил и одлична можност. Тој пишувал енциклопедија и цртал за истата. Енциклопедијата е за праисторискиот свет и е оригинално издадена на српски јазик. Исто така Душан учествувал во неколку телевизиски шоуа и имал 6 соло изложби. Има многу муштерии, а најдобриот дел е што брзо се спријателува со нив.rnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Саша Монтиљо е сликар од Белград чии слики прикажуваат магичен реализам. Според него, секоја сцена има одредено место во хиерархија, исто како и ѕвездите кога се набљудувани од Земјата и кои ни се појавуваат во некоја форма. На сликите нема никакви случајности и сè е хармонично и дел од нешто. Покрај ова, на нив нема ниту една трага од хаос, нешто од коешто страдаат бројни аспекти во модерното време.rnrnНа прв поглед, неговите дела можат да бидат дефинирани како реализам, а можеби дури и хиперреализам. Но доброто око веднаш ќе забележи дека оваа класификација е погрешна.rn
„Она што го имаме овде е магичен реализам, бидејќи засега нема подобар, ниту попрецизен термин за оваа прилика.“
rnУживајте во магичните слики.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Уметницата Јаојао Ма Ван Ас е љубителка на животни која сака да илустрира еден од најважните елементи во нејзиниот живот – нејзиното куче Паркер. Нејзината колекција илустрации детално ја прикажува радоста од чувањето куче, како и посебната врска која се создава помеѓу луѓето и нивни крзнени пријатели.rnrnМа Ван Ас работи како уметнички режисер за анимирана ТВ серија и пред неколку години решила илустрирањето да го направи хоби. Работејќи со Фотошоп, таа умешно ги доловува слатките моменти кои ќе ги препознаат сите кои чуваат куче.rn
„Паркер е мојот син и го сакам премногу. Мислам дека секој кој го сака неговото куче колку мене, разбира колку е силна врската. Паркер и јас навистина сме на иста бранова должина. Тој сака да скока на мене кога сум среќна и ме теши кога сум тажна. Тој навистина е мојата емоционална поддршка.“
rnИлустрациите на Ма Ван Ас содржат многу повеќе од нејзиното куче и таа ја слави врската помеѓу нив. Нивната неверојатна поврзаност и љубов за авантури ќе ја препознаат сите кои сметаат дека нивното куче им е најдобар пријател.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Уметницата Бри Брукс ја слави убавината на океанот преку нејзините неверојатни слики. Насликани на платно, нејзините дела прикажуваат големи површини вода од птичја перспектива, често придружени со брег или бродови.rnrnrnrnКомпозициите се со извонредна сина боја, а Бри обрнува особено внимание на суптилните нијанси на водата. На една слика се гледа темната боја на водата далеку од копното, но и светлосините бранови кои удираат во брегот.rnrnБри патувала низ светот и ги цртала овие слики за да го прикаже нејзиното искуство. Покрај тоа, нејзината инспирација зависи и од нејзиното расположение. Таа сака да го слуша опкружувањето, нешто што често не може да го прави поради вревата од луѓето и автомобилите. Нејзините слики се начин да го запомни светот како мирно место.rn
„Неодамна почнав да го цртам моето бегство од гужвата од крајбрежните градови. Во свет полн со хаос и места полни со врева, секогаш го ценев моето време поминато во природа.“
Гундуз Агајев е брилијантен уметник од Азербејџан кој не се плаши да го сврти вниманието кон некои од најголемите проблеми во светот. На неговите цртежи се прикажани модерни проблеми, како на пример зависноста од социјалните мрежи или нездравото впивање на информациите од телевизија.rnrnНеговите интереси се многубројни и тој може да ги забележи проблемите во многу разни делови од општеството, како на пример религиската индоктринација уште на многу рана возраст. Тој исто така ги нагласува политичките конфликти ширум светот и според коментарите на неговите дела, на некои им се допаѓаат, но на некои не.rnrnГундуз учел на Државната академија за уметници во Азербејџан од 1998-ма до 2002-ра година, а неговата прва изложба ја одржал во 2004-та година. Имал изложби и надвор од државата, како на пример во Русија, Турција и Туркменистан. Како протест поради неправдата во неговата држава, тој почнал да црта и бил соочен со силен притисок. Поради ова, во 2014-та година ја напуштил Азербејџан.rn
1. Алчност
rnrn
2. Чувајте ги децата безбедни онлајн
rnrn
3. Жена протестира против задолжителното носење на хиџаб во Иран
Артистката Алисон Рејчел била инспирирана од тагата и самотијата што ги чувствувала во поголемиот дел од животот и ги создала овие инспиративни илустрации. На илустрациите се прикажани жени и цитати за поддршка и сила.rn
„Поради борбата со депресијата уште откако бев тинејџерка ми требаа години да заборавам многу идеи во кои верував, повеќето од кои имаа лошо влијание на моето ментално здравје. Сè уште се обидувам да откријам како да бидам жива во овој свет, но споделувањето на моите мисли и сфаќања со другите се покажа како наградувачки процес.“
rnНејзиниот Инстаграм профил има речиси половина милион следбеници, а постои само две години. Алисон сака да го продолжи растот на нејзината онлајн заедница, додека споделува вистини што многу ѝ помогнале.rnrn„Нечија друга убавина не е недостаток на вашата.“rnrn„Треба да научите да станете од масата кога повеќе не се служи љубов.“ – Нина Симонrnrn„Научете да поставувате граници со токсичното семејство.“rnrn„Понекогаш само треба да се скриете од светот.“rnrn„Дозволете им на жените да бидат грди.“rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Бри Мери е уметница од Аризона. Уште од мала почнала со цртање и ова хоби се претворило во вистинска страст. Почнала да ја привлекува идејата да црта на што помали површини бидејќи ѝ се допаѓало тоа што тогаш мора повнимателно да размислува за композицијата и боите.rnrnДенес Мери користи маслени бои и црта минијатурни пејсажи на монети. Таа сака да докаже дека и малите нешта нудат многу чуда и убавина. Погледнете ги нејзините мали ремек-дела.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Денес можеме да видиме многу артисти кои ги претвораат дводимензионалните површини во 3Д дела. Но професионалниот шминкер Лука Луче си игра со оваа перспектива на навистина интересен начин – неговото платно е неговото лице.rnrnrnrnИталијанскиот артист ја прикажува неверојатната моќ на шминката создавајќи илузии кои истовремено се и неверојатни и морничави.rnrnrnrnЛука работи како мејкап артист за ТВ ѕвезди повеќе од 18 години, но почнал со илузиите во 2014-та година. Прво започнал да црта на неговите раце, а потоа се обидел и на лицето. Тој одлично ги користи неговите вештини за сенчење и контурирање и целосно ја менува формата на неговите лице и глава. Уживајте во неговите необични дела.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn