Повеќето од вистините коишто ги дознаваме во секојдневниот живот, сметаме дека се за наше добро и ќе нè одведат на вистинскиот пат во животот. Можеби ова е точна констатација, но реалноста е дека за многу вистини не сме ни свесни и тотално одбиваме да ги прифатиме.
За таа цел, се создадени илустрациите со „Компирот на вистината“ којшто прави сè што е во негова моќ, да ги доближи овие сурово искрени вистини до секој од нас. Можеби дел од овие вистини биле цитирани и од други личности, но не и од најпаметниот компир во светот.
Во продолжение, погледнете ги дел од мудростите на Компирот на вистината, којшто повремено можеме да го видиме во друштво на неговите две пријателчиња, Гаџар Кан (морковот) и Хорхе (патлиџанот).
Следете го „Компирот на вистината“ на Инстаграм, каде што тој редовно ги споделува со светот своите мудри вистини.
Ако некого познаваш долго време, тоа не значи дека ти е пријател. Секогаш ќе постојат луѓе што се поубави и погрди од тебе. Светот се грижи само за она што може да го добие од тебе. Неуспехот не е секогаш пат кон успехот. Изгледот прави разлика. Во суштина, никогаш никого не го познаваш во целост. Најбрзиот начин да добиеш одговор не е преку поставување прашање, туку преку давање погрешна изјава. Твоето „идно јас“ во моментов размислува за сегашниов момент, во облик на спомен.Продолжува на следната страница…rn
