Шведската уметница Cecilia Levy изработува необични скулптури од страници од стари книги. Така, во нејзините дела, таа ги спојува љубовта кон уметноста и љубовта кон пишаниот збор. Погледнете ги во продолжение овие прекрасни шолји за чај.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие преубави мали скулптури, можеби ќе сакате да погледнете и како љубителка на книгите ја претвора својата огромна библиотека во мали уметнички дела.rnrnИзвор: mymodernmet.com
Category: Изработки и инсталации
-

Уметница изработува необични хартиени скулптури на шолји за чај
-

Јапонски уметник изработува неверојатни ремек-дела од ориз!
Уметноста, колку и да е добро сочувана сепак понекогаш е привремена, а се чини дека некои уметници го прифаќаат овој факт. Така, јапонскиот уметник кој е познат на Инстаграм како Onigiri Gekijo создава уметност со оризови топчиња кои на јапонски се нарекуваат „onigiri“. Ќе се согласите дека овие креации се премногу добри за да послужат само како ужинка. Погледнете ги во продолжение.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие ремек-дела, можеби ќе сакате да погледнете и како талентирана докторка создава неодоливи скулптури од ориз кои можат да се јадат.rnrnИзвор: designyoutrust.com -

Погледнете ги овие неверојатни скулптури од керамика!
Делата на уметницата Katharine Morling досега се изложени на интернационални изложби во Њујорк, Лондон, Мајами како и Италија, Кувајт, Алжир, Германија и Франција. Таа исто така може да се пофали и со самостојни изложби во Шведска, Холандија и Велика Британија. Во 2019 година, пак, била поканета по петти пат да ги изложи своите дела на изложбата организирана од страна на Кралската академија на уметностите во Лондон. Нејзините скулптури претставуваат тродимензионални цртежи каде секој предмет носи своја приказна. Погледнете ги во продолжение.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие неверојатни скулптури, можеби ќе сакате да погледнете и како уметница создава скулптури од картон кои носат политичка порака.rnrnИзвор: designyoutrust.com -

Куклите на познатите личности изгледаат пореално благодарение на овој уметник!
Ноел Круз е уметник кој што ги преобликува куклите на познатите личности така што тие изгледаат многу пореално од оригиналната верзија! Неговите кукли содржат многу повеќе детали и се високо ценети меѓу колекционерите. Погледнете ги во продолжение.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие прекрасни изработки, можеби ќе сакате да погледнете и како мајка создава кукли за децата со вродени аномалии да не се чувствуваат изоставени.rnrnИзвор: designyoutrust.com -

Уметник се обидува да ја долови врската меѓу човекот и природата преку овие скулптури!
Јужноафриканскиот уметник Даниел Попер преку своите скулптури сака да ја сподели идејата за поврзаноста меѓу природата и луѓето. Неговата изложба „Human+Nature“ ќе биде отворена сè до 2023 година во паркот Morton Arboretum, Илиноис, САД. Во продолжение погледнете ги неговите скулптури.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие скулптури, можеби ќе сакате да погледнете и како уметник прави скулптури на животни од рециклирано сребро.rnrnИзвор: mymodernmet.comrnrn -

Уметник создава неверојатни скулптури од рециклирано железо!
Уметникот Brian Mock прави вистински уметнички дела кои воодушевуваат со својата креативност и имагинација. Тој како материјали користи старо железо и метални предмети кои благодарение на неговата генијалност, стануваат дел од нови предмети и скулптури на животни. Овие предмети добиваат нов живот и ги предизвикуваат гледачите да ја преиспитаат реалноста бидејќи таа не секогаш изгледа онака како што е. Во продолжение погледнете ги неговите скулптури.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте скулптурите, можеби ќе сакате да погледнете и како јапонски уметник создава скулптури користејќи само балони.rnrnИзвор: mymodernmet.com -

Паднатите лисја можат да послужат како материјал за вистински уметнички дела!
Дали знаевте дека и паднатите лисја можат да послужат како инспирација за вистински уметнички дела? Лито, самоук јапонски уметник, во 2020 година почнал да се занимава со овој уметнички стил и открил дека е совршен начин за справување со АДХД (ментално, бихевиористичко нарушување кое се карактеризира со прекумерна енергија, импулсивност и невнимание кои се несоодветни за возраста на пациентот).rnrn
rnrnТој открил дека процесот на креирање на овие чудесни минијатурни уметнички дела му помогнал да ја подобри концентрацијата. Во продолжение погледнете ги овие мали, извонредни изработки.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие изработки, можеби ќе сакате да погледнете и како обичните предмети се претвораат во инспирација за необични илустрации.rnrnИзвор: mymodernmet.com -

Неверојатни дела од хартија: Спој на уметност и креативност
Уметницата Yulija Brodskaya креира фантастични 3D портрети, а притоа како материјали користи само хартија и лепак. Таа има искуство во областа на графичкиот дизајн, но во 2006 година решила да се посвети на уметноста.rn
„Хартијата отсекогаш ме фасцинирала. Пробав различни техники и конечно го најдов вистинскиот метод: сега цртам со хартија, наместо на неа“, вели уметницата.
rnПогледнете ги во продолжение нејзините креативни дела.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие преубави изработки, можеби ќе сакате да погледнете и на кој начин можете да го претворите сувото цвеќе во уметност.rnrnИзвор: designyoutrust.com -

Уметница создава скулптури од картон кои носат политичка порака!
Канадската уметница Laurence Vallières создава скулптури од рециклиран картон. Нејзините скулптури на животни ги изразуваат човековите емоции и однесувања кои се генерални за сите, без разлика од каде доаѓаме или каде одиме.rnrnПокрај тоа, делата на оваа уметница носат не само еколошка туку и политичка порака:rn
„Политичкото значење на моите скулптури доаѓа до израз преку ѓубрето кое го користам за мојата уметност и кое е доказ за тоа колку нашата економија е штетна за планетата Земја“, вели уметницата.
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие скулптури, можеби ќе сакате да видите и како уметник прави скулптури на животни од рециклирано сребро.rnrnИзвор: designyoutrust.com -

Дали знаевте дека и фустаните можат да бидат вистински ремек-дела?
Дизајнерката Sylvie Facon дизајнира преубави, шармантни креации со бајковити детали! Нејзината најнова креација е вистинско ремек-дело! Имено, дизајнерката преку разните техники на везење успешно доловила делче од преубав, романтичен пејзаж.rnrn
rnrnЗа да го заврши фустанот ѝ биле потребни околу 190 часа прецизна работа. Но, откако ќе го погледнете подобро фустанот ќе сфатите зошто бил потребен толку многу труд за да биде сошиен. Секој детаљ на сликата совршено се вклопува со романтичната визија на дизајнерката, а фустанот е надополнет и со смарагдно-зелена наметка која уште повеќе ја истакнува неговата грациозност и елегантност. Преубав е, нели?rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ја погледнавте оваа преубава креација, можеби ќе сакате да погледнете и како дел од најпознатите уметнички дела се претворени во прекрасни здолништа и фустани.rnrnИзвор: mymodernmet.com