Шкотската уметница Џо Хамилтон создава неверојатни уметнички дела од рециклирано предиво и пластика. Почнувајќи од впечатливи, шарени портрети па сè до макотрпно зашиените градски пејзажи, нејзините плетени парчиња си играат со текстурата, бојата и нијансите, при што ја сведуваат уметноста на плетењето во едно сосема поинакво светло. Преку својата уметност, Хамилтон сака да ја подигне свеста за прашањата што го мачат општеството, особено во поглед на климатската криза. Нејзините дела имаат за цел да го прикажат односот меѓу човекот и животната средина, како и разорното влијание на човештвото врз нашата планета.rnrn
rn
„Поради мојата загриженост (но и мала опсесија) со климатската криза, почнав да рециклирам и да користам колку што е можно повеќе од пластичниот отпад во моето домаќинство за моите дела“, вели Хамилтон.rnrnТаа исто така додава: „Се надевам дека моите дела и материјалите од кои се изработени ќе ни помогнат да го преиспитаме нашиот однос со вештачкиот и природниот свет и дека навреме ќе го сопреме уништувањето на нашата планета. Се надевам и дека мојот бавен начин на работа наспроти брзиот ритам на модерното живеење ќе нè поттикне да забавиме и да го цениме она што го имаме, наместо постојано да бараме нешто повеќе“.
rnВо продолжение погледнете ги нејзините уметнички дела.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие неверојатни уметнички дела, можеби ќе сакате да погледнете и како можете да се изборите со здодевноста преку плетење.rnrnИзвор: mymodernmet.com