Грчкиот визуелен дизајнер Карис Цевис е добро познат по неговите сложени мозаици. Вообичаено, неговите уметнички дела опфаќаат голем број субјекти, од популарни ТВ ликови и музичари па сè до американски претседатели и интернационални спортисти. Инспирацијата да ги создаде тематските мозаици ја наоѓа во речиси сето она што го опкружува, а за неговата најнова серија „Африкански тули“ се инспирирал од неодамнешната посета на африканскиот континент. За да ги изработи своите дела користи разноразни ткаенини, хартии, везови и кој било друг материјал што може да ја долови убавината и страста на Африка.rnrn
rn
„Африка беше љубов на прв поглед. Научив толку многу за нејзината култура, но почувствував дека се крие некаква мистерија на ова тло поврзана со природата, луѓето, животните, историјата… Овде луѓето користат тули и секаков вид материјал за да изградат свој дом, свое засолниште. Нивните домови се вистински извор на креативност и претставуваат мозаик од симболи, пораки и чувства така што сама по себе се роди идејата да ја преточам таа креативност во мојата уметност“, изјави Карис.
rnВо продолжение погледнете ги неговите феноменални уметнички дела.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте мозаиците инспирирани од африканската култура, ви препорачуваме и да прочитате кои неверојатни земји во Африка треба да ги посетите.rnrnИзвор: mymodernmet.com