КАФЕ ПАУЗА

Неделен хороскоп од 28 февруари до 6 март: Кои знаци ги очекува најмногу среќа?

rn

Вага

rnВе очекува неверојатна недела. Ќе имате многу можности да се докажете на работа што може да доведе и до унапредување. Доколку сте во врска, ќе имате прекрасни мигови со партнерот, а ако сте сами, можеби токму оваа недела ќе ја запознаете сродната душа. Ќе блескате од среќа, а вашата позитивна енергија ќе придонесе и за подобрување на вашето здравје. Не заборавајте колку што е можно почесто да одите на прошетка, да се храните здраво и да внесувате повеќе течности.rnrnНеделен хороскоп од 28 февруари до 6 март: Кои знаци ги очекува најмногу среќа?rn

Скорпија

rnИако не секој аспект од вашиот живот ќе функционира на начин како што посакувате, сепак борбите и предизвиците ќе ве направат попаметни и посилни. Ќе се чувствувате нервозни и возбудени бидејќи очекувате приход како резултат на инвестицијата што ја направивте претходно. Сепак, ќе постојат моменти кога ќе уживате во вашиот професионален и приватен живот бидејќи голем дел од времето ќе го поминувате со саканата личност. Искористете ги овие моменти за да поразговарате за теми поврзани со вашата иднина.rn

Стрелец

rnОваа недела ќе ви биде полна со авантури и среќа. Ќе се чувствувате енергично во текот на целата недела без разлика на препреките на кои ќе наидете затоа што со секој нов предизвик ќе бидете сè поблизу до целта. Покрај тоа, љубовта и поддршката на партнерот ќе ве следат на секој чекор, а тоа ќе придонесе да се чувствувате посебно. Ова ќе биде и нов поттик да работите на своите желби и да не се откажувате.rn

Јарец

rnМногумина ќе ви се обратат за помош токму поради вашите технички вештини и практични познавања. Ќе наидете и на посебен однос од страна на пријателите, семејството, колегите и партнерот. Среќата ќе ве следи и во поглед на бизнисот кој ќе се одвива во најдобар ред. Ќе се појави нова можност токму оваа недела која, доколку ја искористите, ќе ви донесе голем профит. Што се однесува до семејството, бидете подготвени и за многу позитивни изненадувања.rn

Водолија

rnЌе имате одлична недела благодарение на малите гестови од страна на вашиот партнер кои ќе направат да се чувствувате среќни и задоволни. Очекувајте подобрување на здравјето во текот на следните денови. Ќе се чувствувате добро со оглед на неизмерната поддршка на семејството и пријателите. Ќе сфатите дека луѓето кои беа со вас во вашите најтешки мигови се оние кои вистински се грижат за вас и дека без нив не би можеле да бидете таму каде што сте денес.rn

Риби

rnПолека им се ближи крајот на тешкотиите со кои се соочувавте минатата недела. Работите постепено ќе се вратат во нормала, почнувајќи од оваа недела. Ве очекуваат позитивни изненадувања и моменти на нежност за кои ќе се погрижи вашиот партнер. Подобрувањето на нештата ќе придонесе и за зголемување на вашата самодоверба што ќе ве направи особено среќни во текот на целата недела. Не заборавајте да ја искористите максимално секоја можност што ќе ви се пружи.rnrnОткако го прочитавте неделниот хороскоп од 28 февруари до 6 март, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ќе се збогатат во март.rnrnИзвор: pinkvilla.com