Џебните марамчиња за во палто можеби не се повеќе толку шема, но сепак се одличен додаток доколку сакате да изгледате елегантно и софистицирано. Ова интересно и инвентивно тефтерче може да биде одлична визуелна замена за марамчето и нормално, одлично место да ги запишувате сите важни работи.
Достапно е во три бои: црвена, бела и темно сина, со димензии 9×13,5 сантиметри и има 60 страни. Можете да го нарачате преку интернет за 9,99 американски долари, а најинтересно е тоа што не се доплаќа за доставување до кој било дел од светот.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
