Не се знае дали станува збор за високите температури и сонцето во летните месеци или пак, луѓето во топлите денови се повеќе подготвени на љубов, но на многумина им е познато дека во овој период настануваат најголемите љубовни пресврти. Новите познанства кои лесно прераснуваат во страсни љубовни авантури ќе изобилуваат во текот на ова лето, па токму затоа погледнете што ве очекува и вас…
rn
Овен
rnЗаедно со Стрелецот вие ќе поминете незаборавни моменти. Тој позитивно ќе влијае врз вас бидејќи ќе му ги проширите видиците, додека пак тој ќе ви помогне правилно да ја насочите вашата енергија. Од друга страна пак, во заедничката постела, вие ќе доживеете необјасниво задоволство и ерупција од страст.rn
Бик
rnЌе остварите интуитивен однос со Девица кој ќе биде проследен со длабоко разбирање. Токму нејзината мудрост и практичност е она кое вам ви одговара, а во комбинација можете многу нешта заедно да остварите. Вие истовремено ќе бидете и пријатели и љубовници.rn
Близнаци
rnЛавот е дефинитивно оној кој ова лето ќе го освои вашето тело, но и вашето срце. Тој ќе ви овозможи огромна сигурност, но и чувство на слобода и опуштеност.rn
Рак
rnСкорпијата целосно ќе ја разбира вашата потреба за сигурност и семејство, па токму затоа ќе се разбирате во однос на сите погледи. Во креветот ќе се согласувате подеднакво добро како и надвор од него. Со оваа личност вам никогаш нема да ви биде здодевно.rn
Лав
rnВие ќе се согласувате многу добро со Овенот, а тој ќе ги следи сите ваши желби и потреби. Вашиот однос ќе биде исполнет со разбирање, дури и покрај тоа што одвреме-навреме може да се појават мали караници. Во сексот целосно ќе си одговарате еден со друг.rn
Девица
rnЈарецот ќе ве разбере во целост и ќе се обиде да ви овозможи сè што ви е потребно, вклучувајќи ја и заштитата и љубовта. И двајцата ќе имате исти цели и огромна волја заедно да работите на нивното остварување.rn
Вага
rnВодолијата ќе знае како целосно да ги задоволи сите ваши потреби, па токму затоа и со неа никогаш нема да ви биде здодевно. Таа во секој момент ќе знае како да постапува со вас, дури и во потешките периоди.rn
Скорпија
rnРибите ќе ви овозможат истовремено и страст и романса. Тие исто така и ќе ги разберат вашите ненадејни промени на расположение, но и лесно ќе ги поднесуваат сите ваши маани. Со нив вие ќе доживеете вистинска хармонија.rn
Стрелец
rnОвенот ќе знае како да ви го овозможи неопходното возбудување и акција. Тој ќе успее да ги открие дури и најскриените делови од вашата личност, па токму затоа покрај него ќе се чувствувате спонтано и слободно. Во кревет ќе доживеете незаборавна експлозија од страст.rn
Јарец
rnВие постојано трагате по чувството на сигурност кое Бикот може да ви го овозможи. Вие ги цените истите вредности па токму затоа и совршено ќе се усогласите емоционално. Вашата врска би можела да има светла иднина, бидејќи ќе биде подеднакво возбудлива, но и сигурна за двајцата.rn
Водолија
rnБлизнаците најдобро ќе ги разберат вашите потреби, промени на расположение, како и желбата да ја задржите вашата индивидуалност. Тие никогаш нема да се обидат да ја променат вашата личност, ниту навиките, па токму затоа и покрај нив ќе се чувствувате слободно. Од друга страна пак, никогаш нема да ви недостасуваат теми за разговор.rn
Риби
rnРакот целосно ќе ви се предаде, а со тоа и ќе ја намали вашата љубомора. Доколку и тој од вас го добие истото, има големи шанси да ја доживеете најголемата љубов во вашиот живот. Тој ќе знае како да ве задоволи и како допре до вашата душа.

