Секој ден во Париз, или во кој било друг дел од романтичната Франција, делува како сценарио од бајките, но мора да признаете дека Денот на вљубените звучи како совршен датум за да ја бакнете вашата сакана личност под Ајфеловата кула. И додека фантазирате за градот на светлината, ние решивме да ви покажеме како префинетите Французинки и вечни заводнички се подготвуваат за овој ден. Погледнете ги овие 7 совети кои ќе ви покажат како да се претворите во вистинска Парижанка.rnrn
rn
Бидете подготвени
rnПодготвувањето за Денот на заљубените почнува уште од моментот кога ќе ги отворите очите, ќе облечете фустан и ќе отидете до првата пекара да купите кроасан и кафе. Запаметете дека Французинките секогаш се подготвени, затоа што никогаш не се знае кој може да сретнат зад аголот – можеби токму тоа да биде нивната судбинска средба и Денот на заљубените да почне на најдобар можен начин. Мотото на тамошните жени е: „Никогаш не дозволувајте да не бидете подготвени“.rn
Имајте повеќе избори
rnЗа момчињата треба да размислувате како за колачи: Тие се вкусни, но не е доволен само еден залак за да го засити вашиот апетит. Морате да пробате и ванила и чоколадо и портокал, за да знаете кој има најдобар вкус. Брижит Бардо во една прилика изјавила: „Можеби ќе ме нарекуваат грешница, но јас сум во мир со самата себе.“ Затоа, само напред. Не запирајте се себеси ако нешто ви одговара или нешто навистина сакате. Па, нели е Денот на вљубените!rn
Не се опседнувајте премногу
rnБез оглед на тоа дали сте во кратка или долга врска, или пак сте сингл, треба да запаметите дека ова е комерцијален празник! Не е важно ако ова вечер ја поминете сами, без својата сакана личност. Иако ова е ден за заљубените души, не е единствен кога треба да ја ширите љубовта!rnrn
rn
Изедете ги сите слатки работи
rnСлободно поминете го Денот на заљубените во најдобро друштво, со најдобри слатки работи. Запаметете, тоа е дозволено на овој ден. Заборавете на линијата и диетите и дозволете си себеси да паднете во светот на чоколадата. Бидете креативни, па спакувајте го омиленото чоколадо на најромантичен начин и подарете ѝ го на саканата личност.rn
Нахранете ја својата фантазија
rnКога станува збор за Денот на вљубените, можете да одберете некоја секси долна облека, а и да ги исполните сите свои желби, како и желбите на вашиот партнер. Направете го овој ден вреден за паметење!rn
Блескајте
rnЗа да блескате секој ден, па дури и на Денот на вљубените, неопходно е пред сѐ да се обожавате себеси, па и работите околу вас. Правете го она што ви одговара, без оглед на тоа дали станува збор за коктел со вашите пријатели, партнерот, па дури и вечер помината со вашиот миленик. Угодувајте си себеси. Ако плановите за Денот на вљубените ви пропаднаа, тоа не значи дека треба да бидете сами и очајни. Французинките сигурно би отишле сами во некој бар, би си купиле пијалак или би организирале ноќно пливање во некој луксузен хотел.rn
Ризикувајте
rnКетрин Денев во една прилика изјавила: „Ако се обидувате да измерите каква ќе ви биде иднината, никогаш нема да се осмелите да ризикувате во сегашноста.“ А, тоа не е секогаш добро! Во некои ситуации ви е потребно барем малку ризик за да ги свртите работите во своја корист. Овој ден направете нешто што никогаш претходно не сте го направиле. Веќе долго време ви се допаѓа некое момче? Испратете му порака или подарок и привлечете го неговото внимание. Сите средства се дозволени!rnrn
