КАФЕ ПАУЗА

Материјалниот успех не е мерило на вашата вредност

Материјалниот успех не е мерило на вашата вредност

Многу луѓе ја мерат својата лична вредност според тоа колку пари заработуваат, каков автомобил возат, каква облека носат, колкав им е станот или куќата и дали нивната трева е позелена од онаа на соседот.rnrnМатеријалниот успех не е мерило на вашата вредностrnrnНо, истражувањата покажуваат дека штом се обезбедат основните физички потреби (храна, покрив над глава и слично), корелацијата помеѓу среќата и материјалниот успех е еднаква на нула. Секако, ако немате што да јадете и живеете на улица без покрив над глава, едно 10.000 евра сигурно ќе влијаат на вашата среќа. Но, ако живеете просечно во некоја развиена земја, дополнителните 10.000 евра годишно нема значително да ви влијаат особено ако се претепувате од работа за да ги заработите.rnrnИсто така, според едно неодамнешно истражување, тетраплегичарите се посреќни од добитниците на лото. Како е тоа можно? Што зборува тоа за врската помеѓу надворешниот свет и внатрешните состојби како што се задоволството и среќата?rnrnНа материјалниот успех често му се дава предност во однос на другите вредности како што се чесноста, ненасилството и сомилоста. Кога луѓето се вреднуваат себеси не според своето однесување туку според својот статусен симбол, тогаш тие се само плитки и веројатно ги искористуваат другите за да го достигнат посакуваниот материјален статус.rnrnВо продолжение, прочитајте ги мудрите зборови на психотерапевтот и духовен учител Антони де Мело на оваа тема:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn„Таквата личност се грижи само што ќе мислат нејзините деца за неа, што ќе мислат соседите, што ќе мисли брачниот партнер. Размислува дека би требало да стане позната личност. Нашето општество и култура тоа деноноќно ни го влеваат во главите. Успешни луѓе! Што успеале? Успеале од себе да направат магариња бидејќи целата своја енергија ја потрошиле на здобивање нешто безвредно. Исплашени се и збунети, марионети, како и сите други.rnrnПогледнете ги како се шепурат на сцената. Како се срамат ако кошулата им е со дамки. Тоа го нарекувате успех? Погледнете како се плашат дека можеби нема повторно да бидат избрани. Тоа е успех? Со нив управуваат, манипулираат. Тоа се несреќни, мизерни луѓе. Тие не уживаат во животот. Секогаш се напнати и нервозни. Може ли тоа да се нарече човек? Но, знаете ли зошто се случува тоа? Постои само една причина: тие се поистоветиле себеси со некоја етикета. Тие своето ‘јас’ го поистоветиле со своите пари, работата или професијата. И тука погрешиле.rnrnСреќата е наша природна состојба. Среќата е природна состојба на малите деца на кои им припаѓа сето богатство на светот сѐ додека општеството или културата не ги расипат со својата глупавост.rnrnЗа да остварите среќа не мора да правите ништо бидејќи среќата со ништо не може ни да се стекне. Ние веќе ја поседуваме. Како би можеле да стекнете нешто што веќе го имате? Тогаш, зошто не ја доживувате? Затоа што морате од нешто да се ослободите. Не морате ништо да додадете за да бидете среќни, морате да исфрлите. Но, морате да ги отфрлите илузиите. Животот е лесен, животот е убав. Тежок е само за вашите илузии, амбиции, вашата лакомост, вашата стрв.“[/message_box]rnrnНе можеме да постанеме среќни под влијание на надворешни работи, а мерењето на успехот со материјални ствари е всушност само по себе – неуспех!rnrnСакате уште да читате на оваа тема? Бидете позитивни: Животната среќа е клучна за успех во кариерата.rnrn