Какви жени сака секој хороскопски знак?

Сподели

Пред да стапите во сериозна врска со потенцијалниот партнер, важно е да го слушнете и мислењето на ѕвездите. Прочитајте што сакаат од својата партнерка припадниците на секој хороскопски знак.

Реклама

rn

Овен

rnЛичностите родени во овој хороскопски знак паѓаат на силни и независни жени. Тие сакаат жени кои го кажуваат точно она што го мислат и не се плашат да прифатат каков било предизвик. За Овните, вистинските афродизијак се успехот и способноста.rn

Реклама

Бик

rnСрцето на Биковите го освојуваат забавни и женствени жени што им даваат вистинска поддршка.rn

Близнаци

rnБлизнаците паѓаат на исклучително интелигентни и креативни жени, полни со смисла за хумор. Ако постојано успевате да го фасцинирате, тој ќе биде ваш.rn

Рак

rnРаковите сакаат жени кои во себе носат невиност и наивност, но и целосна посветеност. Ако кон нив покажете ранливост и желба да ве заштитат, веќе сте ги освоиле овие личности.rn

Реклама

Лав

rnЛавовите сакаат отворени жени полни со самодоверба. Овие мажи паѓаат на жени што секогаш се средени од глава до пети, а телото и фризурата мора секогаш да им бидат совршени. Освен тоа, овие личности сакаат жената да биде исклучително образована, интелигентна, успешна и духовита.rn

Девица

rnМажите родени во овој знак паѓаат на девојката од соседството – симпатична, но не и фатална и многу интелигентна. Таа е чувствителна, размислува логично и е многу лојална, а Девиците не сакаат премногу емотивни реакции.rn

Вага

rnВагите веруваат во идеални врски, па секогаш ја бараат вистинската. Тие сакаат убава, самоуверена и интелигентна жена која ќе ги поддржува и ќе им биде верна до крајот.rn

Скорпија

rnМажите родени во овој хороскопски знак сакаат да бидат најдобри и да го имаат најдоброто. Овие мажи бараат сексапилна, паметна, страсна и независна жена.rn

Стрелец

rnСтрелецот сака енергична жена која постојано ќе го предизвикува и која ќе го следи во неговите авантури без проблем и без приговори.rn

Јарец

rnНа овие мажи им треба цела вечност за да се заљубат во некого, а тоа е причината зошто бараат жена што трпеливо ќе ги чека. Тие сакаат секси, но не и вулгарни, приврзани, но не и „залепени“ и жени кои имаат богат социјален живот и успешна кариера како приоритет.rn

Водолија

rnВодолиите бегаат од приврзани жени. Овие мажи сакаат самостојни жени кои нема да ги следат нивните стапки, туку ќе можат да водат одделен живот од нив, без да прашаат каде е тој сега и зошто оди таму.rn

Риби

rnМажите родени во овој хороскопски знак многу често се заљубуваат, но она што навистина го бараат е нежна и великодушна жена со отворен ум која сака уметност и животни.

Прочитајте го сексуалниот хороскоп за 2020 година.

Најново

Може ќе ве интересира