КАФЕ ПАУЗА

Еден научник од Оксфорд тврди дека одењето на работа или на училиште пред 10 часот има ефект сличен на мачење

Еден научник од Оксфорд тврди дека одењето на работа или на училиште пред 10 часот има ефект сличен на мачење

Научникот од универзитетот Оксфорд, д-р Пол Кели неодамна открил нешто што веројатно влијае на сите нас. Тој ги истражувал методите на мачење во денешното, модерно време и открил дека одењето на училиште или на работа пред 10 часот наутро е најлошиот современ облик на мачење.rnrnЕден научник од Оксфорд тврди дека одењето на работа или на училиште пред 10 часот има ефект сличен на мачењеrnrnД-р Кели вели дека секој од нас има свој „телесен часовник“, познат како „циркадијански ритам“. Овој часовник е претходно програмиран и не може да се менува, затоа принудувањето да се разбудиме многу порано значи дека одиме против нашиот внатрешен часовник, а тоа може лошо да се одрази на нашето здравје.rnrnАктивностите пред 10 часот наутро може да предизвикаат емоционален и физички стрес, што може да доведе до некои здравствени ризици.rnrnТој ја тестирал својата теорија во едно училиште во Велика Британија, каде го поместил почетокот на часовите од 8:30 во 10 часот и дошол до заклучок дека по некое време се подобрило нивото на посетеност на часовите и општата продуктивност на учениците. Било забележано подобрување и во успехот на учениците.rnrnИ, зошто сè уште се бориме?rnrnОсумчасовните работни денови биле создадени на почетокот од XX век за да се зголеми продуктивноста на работниците во фабриките. Работодавците не го земале предвид биолошкиот часовник на телото, кој се разбира, треба да се усогласи со сончевата светлина, а не со распоредот на обврските на луѓето.rnrnЗа жал, ние сè уште сме заглавени во стариот систем и не размислуваме за тоа што нашето тело природно сака. Ако сите ги слушаат своите тела и се будат природно, нивната работа ќе биде многу попродуктивна и фокусирана, а луѓето ќе бидат посреќни.rnrnУтопија или не: времето наутро треба да го искористите за себе и за вашиот личен развој, медитација, вежбање, длабоко дишење, планирање на денот, читање. Треба да имате и здрав појадок, а не избезумени да се подготвувате и да трчате на училиште или на работа. Работата и учењето треба да започне во 10 часот и да трае до 14 часот, според овој научник.rnrnМожеби сакате да прочитате и за истражувањата кои покажале дека чувањето деца дома може да биде потешко од одењето на работа.