Веѓите секогаш биле центар на многу креативни (понекогаш и чудни) модни трендови. Од тенки до бушави, речиси секогаш има некоја нова идеја за изгледот на веѓите. Но, единственото нешто кое никогаш не би ви паднало на ум е да им дозволите на вашите веѓи да се „сретнат“.rnrn
rnrnНо, манекенката Софија Хаџипантели не само што го направила тоа, туку и ги офарбала своите веѓи црни за уште повеќе да ги истакне. Таа прифаќа дека нејзиниот изглед не им се допаѓа на сите, но не се грижи за мислењето на другите.rn
„Јас лично сметам дека моето лице изгледа подобро вака. Сосем е во ред да не им се допаѓа на другите.“
rn
rnrnНеодамна таа позирала како Фрида Кало, познатата сликарка од Мексико која е позната по нејзините споени веѓи.rn
„Отсекогаш ја сакав и сметав дека е посебна. Откако го направив тоа сметам дека конечно ја прифатив личноста која сум.“
rn
rnrnШто мислите? Дали и вие би се откажале од средените веѓи?rnrn
rnrn
rnrnФотографиите продолжуваат на следната страница…rn
