Сте забележале ли некогаш дека различни луѓе, сосема различно реагираат на критиките? Некои од нив едноставно ги прифаќаат како конструктивни и учат нешто од нив, додека пак други се навредуваат или бегаат. Според астрологијата, секој од хороскопските знаци ја прифаќа критиката на свој начин, па добро е да го знаете тоа доколку во иднина решите да се соочите со некој од нив.rnrn
rn
Овен
rnКако еден од најтемпераментните знаци, ако на Овенот не му се допаѓа тоа што го чул, тој ќе реагира многу бурно. Подобро немојте да го изнервирате со директна критика, бидејќи тој ќе се налути и драматично ќе ја напушти просторијата во која сте.rn
Бик
rnИако важат за многу тврдоглави личности, Биковите ќе се обидат непријатните ситуации да ги решат на дипломатски начин. Имено, Бикот најверојатно ќе глуми дека не ја чул критиката или несоодветната забелешка, па ќе продолжи да говори за времето.rn
Близнаци
rnКако еден од знаците кои најмногу зборуваат, Близнаците изгледа едвај чекаат да чујат нешто што не им по ќеиф со цел да започнат дебата на таа тема. И секако, потоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да докажат дека тие се во право.rn
Рак
rnЕмотивниот и чувствителен Рак не е секогаш расположен за слушање груби зборови. Доколку тој се почувствува навредено или на кој било начин загрозено од страна на соговорникот, тогаш едноставно ќе се повлече. Понекогаш се случува и да пушти неколку солзи.rnrn
rn
Лав
rnАко земеме во предвид дека тој обожава да е во центарот на вниманието, Лавот може дури и да биде импресиониран од критиката. Всушност, тој ќе успее непријатната ситуација да ја претвори во своја корист така што ќе започне расправија во која ќе зборува само за себе.rn
Девица
rnПрагматичната Девица уште во старт ќе ве осуди дека имате предрасуди, па ќе почне да ви објаснува дека тоа е не убаво и дека треба да го промените вашето мислење. На крај, можеби дури и самата да се критикува.rn
Вага
rnСекоја ситуација, дури и онаа која е најнепријатна, Вагата може да ја сврти на нешто радосно. Таа со својот шарм ќе се обиде дури и од најлошите ситуации да го извлече најдоброто, па токму затоа и критиките не ги гледаат како најстрашното нешто што може да им се случи.rn
Скорпија
rnНикој не сака да си игра со Скорпијата бидејќи таа може да ве „прободи“ директно во срцето и да ве остави да патите со денови. Таа е една од оние знаци кои едноставно не можат да прифатат критика и најчесто се бранат со директен напад.rnrn
rn
Стрелец
rnНепредвидлив и шеговит, Стрелецот има способност дури и непријатниот разговор да го прекине така што ќе ви каже дека му е жал и дека воопшто не сте требале ни да почнете да разговарате на оваа тема.rn
Јарец
rnДоколку тврдоглавиот и таинствен Јарец се најде во непријатна ситуација, тој учтиво се повлекува и во иднина се обидува да ги избегне сите оние кои биле дел од тој настан. Тој можеби нема бурна реакција, но никогаш не ги заборава ниту пак, опростува добиените критики.rn
Водолија
rnНепријатно? Што е непријатно? За неа едноставно сè е нормално бидејќи таа знае дека сите ние сме луѓе, или вонземјани, зависи со каков вид Водолија зборувате и токму поради тоа со тек на време ќе направиме грешка. Случајно или намерно.rn
Риби
rnИако критиката нема да им биде по волја, Рибите нема да се трудат да избегаат од непријатната ситуација, туку едноставно ќе се обидат да ја разберат, да научат нешто од неа и потоа да ја надминат.rnrn