Постојат многу причини поради кои другите луѓе може да не сакаат да се во ваша близина. Секој човек е различен и на секого не му одговараат истите луѓе, но постојат одредени начини на однесување кои едноставно не се прифатливи во ниту една можна ситуација. Доколку некогаш сте биле на љубовен состанок со некој кој зборува со отворена уста додека јаде или доколку имате напорен колега кој мисли дека е шеф, јасно ви е дека постојат одредени навики и карактеристики кои воопшто не се привлечни. Ова се 15-те најчести…rn
1. Немате манири
rn
rnrnБез разлика дали жвакате со отворена уста, не кажувате „благодарам“ или немате почит кон келнерите, некултурните луѓе многу лесно можат од убави да станат грди. Ако не знаете да јадете како цивилизирано човечко суштество или да се однесувате со другите како што треба, заклучете се и останете си дома сами.rn
2. Премногу пцуете
rn
rnrnНормално е понекогаш да опцуете, но ако погрдните зборови се дел од вашиот секојдневен говор, не само што другите ќе ве сметаат за неинтелигентни туку и ќе побегнат од вас што подалеку.rn
3. Сметате дека заслужувате некои работи иако немате основана причина за тоа
rn
rnrnНема ништо полошо од човек кој смета дека го заслужува најдоброто само затоа што мисли дека е посебен. Неблагодарноста во комбинација со мрзливоста се неподносливи особини.rn
4. Никогаш не сте љубопитни
rn
rnrnЗа другите… И за светот…rn
5. Многу сте себични
rn
rnrnНе се врти сѐ околу вас, но ако мислите така ви гарантираме дека сте себичен партнер, лош пријател и неверојатно многу ги нервирате колегите.rn
6. Имате лоши хигиенски навики
rn
rnrnНикој не би сакал да биде човекот кого сите го озборуваат затоа што одбива да користи дезодоранс, редовно да ги мие забите и да носи чиста облека.rn
7. Ширите негативна енергија
rn
rnrnПостојаното жалење и негодување е токсично и непродуктивно. Ако постојано ги осудувате работите на неуспех уште од самиот почеток, полека ќе се уништите себеси, како и сите околу вас.rn
8. Не давате поддршка
rn
rnrnНајважниот дел од сите меѓучовечки односи е сигурноста дека имате на кого да се потпрете и кому да верувате. Само затоа што нешто не ве интересира, не значи дека не е важно. Покажете им на вашите пријатели и блиски дека навивате за нив и дека сте тука за да ги сослушате. Доколку не го правите тоа, набрзо ќе откриете дека луѓето не се повеќе тука за вас.rn
9. Имате премногу голем натпреварувачки дух
rn
rnrnНа сите ни е потребна пријателска конкуренција понекогаш, но ако постојано ги претворате успесите во тешкотии, може да станете напорни за околината. Сакате да бидете напорни? Во ред, тогаш престанете со тоа.rn
10. Пишувате пораки наместо да се јавувате
rn
rnrnЗнаете што е подобро од 100 зборови? Едно дело.rn
11. Постојано озборувате
rn
rnrnСите озборуваме одвреме-навреме, но ако постојано ширите информации за другите луѓе од еден на друг човек, си ја уништувате сопствената репутација.rn
12. Никогаш не ги враќате долговите
rn
rnrnНикој не заборава дека должи некому пари, а уште помалку заборава кога некој ним им должи пари.rn
13. Имате план за сѐ и не оставате простор за импровизација
rn
rnrnСите имаме ограничено време во брзото темпо на живеење, но ако очекувате луѓето да ве чекаат и да се прашуваат дали ќе ги удостоите со вашето присуство, тоа е навистина лоша навика.rn
14. „Тролате“ на Фејсбук
rn
rnrnДали навистина морате да пишувате зајадливи коментари на објавите од вашите таканаречени пријатели за да добиете малку внимание? Ако одговорот е „Да“, време е да си најдете ново хоби.rn
15. Лажете
rn
rnrnЛуѓето ќе ве одбегнуваат, доколку немаат доверба во вас.
