Полноќна

Сподели

Автор: Дарко

Реклама

Отсјај од огледало,rnтрепери, те бара…rnвечерната магла ја разбива,rnнурка во длабочината на душатаrnи… пронаоѓа пајажина.

Капката роса,rnкондензат на една чиста љубов,rnполека се слева во потокот солзи,rnврели, солени, полни копнеж.

Шепоти едно срце,rnрецитира поезија, љубовна,rnја буди душата да му створи мелодија,rnда ги разгори чувствата,rnпоривот љубовен да го скротат,rnда ја врзат муграта со денот иден.

Сликата полноќна,rnнасликана од солзи,rnљубов и копнеж,rnсрце растреперено,rnдуша вознесена од чувства,rnлесно потпрена на ѕидот,rnплете вистинска приказна,rnмоја љубена.

Популарно

Може ќе ве интересира