После седум долги месеци, Марс престана да транзитира низ знакот Близнаци и влезе во знакот Рак каде ќе престојува до 20 мај.rnrn
rnrnВо периодот што следува ќе бидеме под силно влијание на нашите емоции бидејќи тие ќе нè мотивираат да дејствуваме сега. Сè што сме закопале длабоко во себе сега ќе пронајде начин да излезе на површина.rnrnВина, лутина, тага, нежност, чувство на припадност, љубов и сите преостанати емоции ќе сакаат да бидат ослободени, особено доколку долго време сме ги потиснувале.rnrnЗатоа, во следниот месец дозволете си да покажете сè што чувствувате, ослободете ги вашите емоции и прегрнете ја личноста која ја сакате.rnrnПокрај тоа, планетите ќе нè поттикнат и да научиме да се справуваме со чувствата на позрел и поодговорен начин. Почекајте да помине првиот напад на бес и лутина, а потоа смирено изразете го она што сте го почувствувале. Марс ќе ни помогне да сфатиме како да дејствуваме без употреба на сила, да бидеме сочувствителни и да не се плашиме да ги откриеме нашите недостатоци.rnrnОткријте што е тоа што ве придвижува, што ви дава енергија, можеби оттука ќе започнат внатрешните промени. Посветете повеќе време и внимание на личниот живот, односот со родителите и партнерот.rnrnЗабавете малку и следете ја вашата интуиција. Пружете си го она по кое долго време копнеете. Малку романтика, нежност и позитивни мисли. Бидете креативни во справувањето со предизвиците.rnrnОткако прочитавте за влијанието на Марс во Рак до 20 мај, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Како ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај?
