КАФЕ ПАУЗА

Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

Нема ниедна личност на планетава која не посакала барем еднаш во животот да има прекрасна филмска насмевка со снежно бели заби. Погледнете ги наредниве неколку совети и трикови кои доколку редовно ги применувате ќе успеете брзо и едноставно да ги избелите вашите заби и да ја добиете неодоливата насмевка која веќе подолго време ја посакувате.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

Сол и оцет

rnОвој трик за избелување на забите е познат од многу одамна и голем број од оние што го пробале велат дека е многу ефикасен. Измешајте една лажичка сол со неколку капки јаболков оцет. Откако ќе се појави малку пена во мешавината, нанесете ја на четка и измијте ги вашите заби. Потоа измијте ги забите повторно, но овој пат со паста за заби. Се препорачува овој метод да не се повторува повеќе од еднаш во неделата.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

Сода

rnБрз и едноставен начин за избелување на вашите заби е да ги исплакнувате од време на време со мешавина од по една лажичка сода, 3% хидроген и вода. Убаво исчеткајте ги вашите заби со мешавината и притоа внимавајте да не ја голтнете. И за овој трик се препорачува да не го употребувате повеќе од еднаш неделно.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

Лушпа од портокал

rnБелата страна од внатрешноста на лушпата од портокалот содржи состојки кои одлично ги избелуваат забите. Направете им мала „масажа“ на вашите заби со лушпата од портокал и по само неколку „третмани“ веќе ќе ја забележите разликата. За подобри резултати додадете и малку сол на внатрешноста од лушпата и не заборавајте потоа да ги измиете вашите заби со обична паста. Третманот можете да го практикувате и со лушпа од лимон.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

Јаболков оцет

rnДокажано е дека јаболковиот оцет многу помага при белеење на забите, но многу е важно да бидете внимателни при неговата употреба бидејќи киселината го нагризува надворешниот слој на забите. Поради тоа разложете една лажичка во 120 милилитри вода и ќе добиете течност за плакнење која претставува здрав начин за избелување на вашите заби.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевка