КАФЕ ПАУЗА

Астрологијата открива зошто сте сѐ уште сингл

Астрологијата открива зошто сте сѐ уште сингл

Што е тоа што прави постојано да се навраќате на вашиот сингл статус? Не дека е невозможно вас некој да ве сака и вие сигурно ќе ја пронајдете таа специјална личност еден ден. Но, секој хороскопски знак има природни карактерни пречки, поради кои остануваме сами подолго време одошто сакаме. Прочитајте дали самите си го попречувате патот кон пронаоѓање на љубовта.rnrnАстрологијата открива зошто сте сѐ уште синглrn

Овен

rnСамобендисаната природа на овенот, свири како сирена на почетокот од љубовната врска и сигнализира дека родените во овој знак знаат да бидат доста напорни. Овните мораат да го смират нивното его и ставот дека тие се секогаш најбитни, како и повремено да постигнуваат компромис со партнерот, доколку сакаат нивната врска да успее.rn

Бик

rnНемојте да мислите дека партнерот ќе ви остане лојален доколку престанете да се грижите за вашиот надворешен изглед или ако станете премногу мрзливи и не се трудите да ја распалите романсата. Тврдоглавите бикови исто така имаат тенденција да држат лутина долго време и дозволуваат гневот и бесот да им растат, доколку истата кавга се случува повеќе пати.rn

Близнаци

rnДоколку изневерувањето го сметате како најнормална навика во вашите љубовни врски, тогаш веројатно сте типичен близнак. Врската со близнак може да биде многу збунувачка за неговиот или нејзиниот партнер, доколку тој премногу често го менува неговиот карактер од крајност во крајност. Тоа ќе предизвика партнерот/ката да избега од близнакот колку што може побрзо и подалеку.rn

Рак

rnРаковите ризикуваат со тоа што можат прерано во врската да почнат да спомнуваат „страшни“ теми како брак и деца. Раковите имаат тенденција да бидат премногу наметливи, правејќи нивните партнери да се чувствуваат задушено, неудобно и да сакаат да се повлечат од врската.rn

Лав

rnКако лав, вие се расправате со вашиот љубовен партнер, бидејќи сте грижливи. Но, доколку партнерот се чувствува збунето, може да помисли дека лавот постојано стартува караници, кои можат навистина да истоштуваат. Лавот може да остане сингл, доколку победувањето на личните битки, му е поважно од освојувањето нечие туѓо срце.rn

Девица

rnТаа прекрасна личност која посакувате да ве повика на состанок, може воопшто да не ни знае дека вие сте заинтересирани за неа, бидејќи девиците се многу срамежливи. Исто така, девиците имаат тенденција да се откажуваат пребрзо од потенцијалните партнери и да не дигнат повеќе телефон, дури и ако најмал, реален или замислен детаљ од состанокот, тргнал на лошо.rn

Вага

rnЉубовниот живот на вагите може да биде катастрофален, доколку тој или таа постојано одбира партнери, кои се „скршени“ и им треба „поправка“. Всушност вагите честопати потсвесно бараат луѓе кои се лоши за нив, што подоцна им влијае и самите да станат манипулативни и лажливи. Поради ова, вагите паѓаат во сопствената стапица, бидејќи луѓето кои ги избираат, ги вадат на површина нивните лоши особини.rn

Скорпија

rnШармантно зајадливата скорпија, може да стане големо буцкало во врската, што може да предизвика прекин на истата. Скорпијата честопати има провоцирачки став „сѐ или ништо“, кој ги одбива нејзините или неговите потенцијални партнери. Некои скорпии сакаат сите работи во врската да ги држат под контрола, што исто така предизвикува партнерите да кренат раце.rn

Стрелец

rnДали можеби вашите стандарди за партнер се превисоки? Ако одговорот е да, вие сигурно сте стрелец во хороскоп. Се разбира, вие го заслужувате најдоброто и не сакате да се сложите на каков било партнер. Но, размислувањето дека никој не е доволно добар за вас, не е воопшто атрактивно и со таквиот став ја одбивте потенцијалната љубов во вашиот живот.rn

Јарец

rnЈарците знаат да бидат многу резервирани, емотивно отсутни, па дури и љубоморни додека да стекнат целосна доверба во партнерот, за што пак може да им биде потребно многу време. Неговиот или нејзиниот љубовник, може многу лесно да се фрустрира и да му здодее јарецот, пред да се заинтересира за традиционалните вредности кои тој ги поседува.rn

Водолија

rnВодолиите имаат став за сѐ и не се ни обидуваат да ја сокријат својата ексцентрична природа. Таквата особина дефинитивно може да биде слатка на почетокот од врската, но постојаните конфликти од кои водолијата не сака да отстапи, стануваат премногу деструктивни со тек на време.rn

Риби

rnДали сѐ уште мечтаете за повторно обединување со вашиот бивш партнер? Тогаш веројатно сте риба, која поради својата пожртвувана природа си создава голема огорченост во себе. Рибите дури и не би прекинале врска во која не им е убаво. Тие имаат тенденција да одбираат партнер кој ја злоупотребува нивната добродушност, а тоа ги предизвикува рибите постојано да се враќаат на нивниот сингл живот.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.