Малдивските острови се далеку од градскиот живот, а блиску до природата. Тие се тропски рај, во кој имате чувство како да сонувате убав сон. Малдивите се познати по своите природни убавини – син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Освен богатството кое го овозможила природата, на Малдивите има толку луксузни хотели, што ако еднаш ги посетите, нема да сакате никогаш да си заминете оттаму.rnrn
rnrnПриродните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот.rnrn
rnrnЕден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.rnrn
rnrnОстровите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од 2м над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи. Секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, диско, простории за спортски активности, како и школа за нуркање. Дел од островот (обично средината) е наменет за живеалишта за персоналот, кујни, генератори, перални, станица за пречистување на отпадни води.rnrn
rnrnХотелите нудат разни екскурзии и активности: возење со подморница и со хидроавион, риболов, лов на птиците сабјарки и др. До и од комплексот се патува со брзи глисери.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
