КАФЕ ПАУЗА

Астрологијата и моминската вечер

Астрологијата и моминската вечер

Сакате да испланирате совршена моминска вечер за вашата најдобра другарка? Во тој случај, добро би ви дошле неколку совети од космосот, кои ќе ви помогнат да сфатите во што навистина би уживала идната невеста на нејзината последна сингл вечер.rnrnАстрологијата и моминската вечерrn

Овен

rnНевестата со хороскопски знак овен ќе сака моминска вечер која е забавна, енергична, но да не трае со часови. Таа сака да ја прескокне традицијата и да ги прави работите кои неа ѝ се допаѓаат, па затоа другарките треба дефинитивно да ја вклучат идната невеста во планирањето на моминската вечер.rn

Бик

rnНевестата родена во знакот бик ќе сака моминска вечер во која ќе бидат послужени разни видови закуски и скапо вино. Овој сензуален хороскопски знак тежнее по релаксирачка атмосфера, која ќе ѝ дозволи да го забави темпото и да ужива во моментот додека трае.rn

Близнаци

rnЗабавната и безгрижна невеста родена во знакот близнаци најверојатно најмногу ќе ужива во својата моминска вечер доколку на неа со другарките играат „Вистина или предизвик“, „Врти шише“ или некоја друга игра од ваков тип. „Што повеќе, толку подобро“ е социјалното мото на близнаците, така што другарките треба да ги поканат сите девојки кои таа ги знае. Таа ќе ужива озборувајќи со секоја нејзина гостинка.rn

Рак

rnУбава храна и присуството на женски членови од семејството ќе направи милата невеста со хороскопски знак рак да биде среќна на нејзината моминска вечер. Имајте повеќе хартиени марамчиња при рака и направете многу фотографии и видеоснимки, бидејќи оваа чувствителна девојка најверојатно ќе пролее многу солзи-радосници додека слави и таа дефинитивно ќе сака секој момент да биде документиран.rn

Лав

rnНевестата со хороскопски знак лав ќе сака да биде во центарот на внимание на нејзината моминска вечер. Направете проекција на фотографии или краток филм во кој таа ќе биде главната ѕвезда. „Лавицата“ ќе ужива во аплаузот и пофалните зборови од нејзините другарки.rn

Девица

rnНевестата родена во хороскопски знак девица ќе ужива во богато сервирана трпеза и пријатен разговор со нејзините најблиски другарки. Ваквата класична забава збогатете ја со тоа што ќе повикате козметичарка која ќе ѝ направи специјален педикир и маникир со кој вашата девица ќе биде на „седмо небо“.rn

Вага

rnМоминска вечер помината во софистициран спа-центар, ќе ја направи романтичната вага среќна. После прекрасното уживање во неверојатен комфор заедно со најблиските пријателки, таа одвај ќе чека да се сретне со свршеникот и да ги сподели впечатоците од денот.rn

Скорпија

rnНевестата-скорпија со сигурност ќе сака провокативна моминска вечер. Без разлика дали станува збор за некакви одбрани секси поклони за првата брачна ноќ, стомачен танц или пак посета на машки стриптиз-клуб, невестата ќе си помине забавно. Бидете сигурни дека нејзината енергична страна ќе избие на површина во текот на ноќта.rn

Стрелец

rnНевестата родена во знакот стрелец нема да сака нешто премногу девојчинско за нејзината моминска забава. Наместо тоа, овој авантуристички дух најверојатно ќе сака да ја помине ноќта во некој забавен парк или правејќи нешто екстремно. Вака поминатата ноќ ќе ѝ се допадне многу повеќе, отколку да седи, да муабети и да грицка предјадења заедно со нејзините другарки.rn

Јарец

rnКонзервативната и внимателна невеста, родена во знакот јарец ќе ужива доколку нејзината моминска вечер вклучува почитување на традицијата и добриот вкус. Практичната невеста, исто така, ќе сака на нејзината моминска вечер да бидат поканети и некои другарки успешни во нивната кариера, со кои ќе добие шанса малку да поразговара додека се забавува.rn

Водолија

rnНевестата-водолија ќе сака нешто поразлично од вообичаеното за нејзината моминска ноќ. Астролог или читач на тарот карти би можеле да бидат интересни нешта кои ќе ѝ дадат космичка перспектива на ноќта во која таа ќе ужива.rn

Риби

rnСпиритуалната невеста родена во знакот риби, би сакала мала церемонија или некаков ритуал на нејзината моминска вечер. Масажа на стапалата со разни креми и етерични масла ќе ѝ причини големо задоволство на рибата, бидејќи и онака најчувствителен дел од нејзиното тело се токму стапалата.