Автор: Маја ЛинковаrnrnЖивотот е краток и треба да го живеете секој ден како да ви е последен. Додека го живеете својот, не можете да сфатите колку е тој деликатен, сè додека не доживеете некоја трагедија. Иднината не можеме да ја предвидиме. Денес си среќен и живееш, а утре? Тоа е мистерија.rnrnОвие фотографии се добар потсетник за нашата сопствена смртност. Кратко време откако биле направени, животот на овие личности се судирал со трагедија. Тие се последните фотографии кои биле направени со славните личности пред да си заминат.rnrnЗад секоја фотографија која ќе ја видите, има трагедија која се случила кратко потоа.rnrnОва е последната слика на Фреди Меркјури направена во 1991 година, пред да почине од бронхијална пневмонија како резултат на СИДА.rnrnРаперот Тупак седи со неговиот менаџер Суг Најт во автомобилот, пред да биде застрелан на 13 септември 1996 година.rnrnОваа слика од Адолф Хитлер била направена приближно два дена пред неговата смрт. Тој стоел надвор од неговиот бункер во Берлин, разгледувајќи ја штетата која била направена од бомба.rnrnАлберт Ајнштајн позира за фотографија во неговиот дом во Принстон, Њу Џерси, во март, 1995 година. Еден месец подоцна тој починал од аортна аневризма.rnrnЕјми Вајнхаус е фотографирана една недела пред нејзината смрт на 23 јули 2011 година, во близина на нејзиниот дом во Северен Лондон.rnrnМарк Дејвид Чепман е мажот кој го застрелал Џон Ленон, а се појавува на последната слика на музичарот. Тој барал автограм од него.rnrnБоб Марли се забавува со неговото семејство во Минхен, Германија, пред да почине од рак на 11 мај 1981 година.rnrnЏими Хендрикс позира со неговиот омилен инструмент „ Црната Бети“ на денот пред да почине.rnrnОваа фотографија од Курт Кобејн е направена од фотографот Џеси Фроман. Набргу потоа, Курт извршил самоубиство во 1994 година.rnrnМерлин Монро ги посетила Френк Синатра и Бади Греко, викендот пред нејзината смрт на 5 август 1962 година.rnrnПринцезата Дајана седи на задното седиште и гледа во папараците. Секунди откако е направена сликата, Мерцедесот доживеа несреќа.rnrnСтив Ирвин се фотографира на бродот на морскиот биологист Крис Џонс, два дена пред неговата смрт во 2006 година.rnrnЕден ден сите ќе се најдеме во овој смртен калап. Не можеме да знаеме кога или каде ќе се случи тоа, но тоа не можеме да го спречиме. Почитувајте го животот што го живеете. Искористете ја секоја секунда од вашиот живот. Се надеваме дека овие славни личности имале шанса да го сторат тоа пред да починат.rnrn rnrn