За сите љубители на фотографирањето и на фотоапаратите компанијата „Titanium Buzz“ дизајнираше фантастичен венчален прстен инспириран од леќа. Тој е наменет за фотографите кои сакаат да стапат во брак, како и за оние кои едноставно сакаат да ја покажат страста за фотографирањето. Прстенот е направен од циркониум, а е широк 10 милиметри. Можете да го нарачате за сума од 329 американски долари, а можно е и гравирање на лична порака од максимум 25 карактери.

rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
