Црвената плажа се наоѓа на реката Лиаохе, која се наоѓа 30 километри северозападно од градот Панжин во Кина. Своето име плажата го добила благодарение на нејзиниот изглед, кој е предизвикан од една морска трева која цвета на солена почва. Тревата започнува да расте во април или во почетокот на мај и преку лето е зелена. На есен, таа добива црвена боја, а плажата наеднаш добива изглед како да е прекриена со црвен килим и создава еден уникатен пејзаж. Поголемиот дел од „Црвената плажа“ е заштитен и затворен за посетителите.rn———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

