Сетот од керамички прибор за јадење кој е инспириран од оригами изгледа како вистинска свиткана хартија обликувана во форма на чинии. Совршени се за свечена вечер, зарем не?rnrn
rnrnКерамичката уметница Анџелина Ерхон од Хамбург, ја креирала оваа занимлива серија садови која вклучува плитки чинии, длабоки чинии, филџани и вазни. За изработка на садови како овие, дизајнерката морала прво да креира примарен модел, потоа да обликува гипсен калап и дури потоа да создаде ваква керамика.rnrn
rnrnФиналниот производ е керамика која изгледа како преклопена хартиена структура. Сите чинии се 100% рачна изработка од Хамбург, а зависно од големината, цената варира од 10 до 50 долари.rnrn

Сјајна керамика инспирирана од оригами
