Сте чуле ли дека големиот император Наполеон во просек спиел само 4 часа дневно? Научникот Томас Едисон тврдел дека спиењето е само губење време? Дали сте знаеле дека 8 часа сон даваат исто енергија колку еден тост? Тогаш зошто имаме потреба од сон? Мистеријата зад ова прашање е поголема отколку што мислите, затоа што точните одговори не ги знаат ни светските научници.rnrn
rn
Зошто спиеме?
rnЗамислете го вашето тело како автомобил. Не може постојано да работи без престан и без „полнење на резервоарот“. Нашето тело закрепнува во текот на спиењето, се одмора од дневните активности, од планирањата, размислувањата и грижите. Мозочните клетки и менталната енергија се обновуваат во текот на спиењето.rn
Дали недостатокот на сон ѝ штети на нашата менталната стабилност?
rnНедостатокот од сон има сериозни последици по нашата ментална стабилност. Само со една ноќ помината без спиење нивото на концентрација значително се намалува, но не само во наредниот ден. Доколку имате нередовен сон, тешко ќе успевате во подигнување на вашето ниво на концентрација кога ви е најпотребно.rn
Кои делови од мозокот се најзагрозени при недоволно спиење?
rnНедостатокот на сон најпрво влијае во делот на мозокот кој ги контролира лингвистичките способности, меморијата, чувството за време и место. Ви се има случено поради недостаток на сон да изгубите секакво чувство за простор и време? Верувале или не, несоницата влијае дури и на нашата смисла за хумор. Недоволното спиење не прави нервозни, нерасположени, нетрпеливи.rnrn
rnrnРековме дека мозокот додека спиеме се одмора и се обновува, но тој не е исклучен. Напротив, додека спиеме размислуваме и тоа многу. Експертите тврдат дека мозокот во спиењето ги организира и складира податоците примени во текот на денот, па размислете дали пак ќе заминете на испит без претходно добро да се наспиете. Поради работата на нашиот мозок, додека спиеме настануваат соновите, кои главно се резултат на нашата потсвест.rnrnСите ние можеме на одредено време да функционираме без спиење, но по долга несоница не би функционирале правилно. Рекордот за најдолго време поминато без спиење е поставен во текот на 60-те години од минатиот век и изнесува цели 11 дена или 264 часа. Поставен е од страна на Ренди Гарднер кој во тоа време имал само 17 години. Сигурно не би сакале да се најдете на негово место после 11-от ден.rnrnВеќе спомнавме дека енергијата која ја добиваме од сонот може да ја добиеме и на друг начин, но ние не спиеме само за да собереме енергија. Кофеинот и калоричните закуски со сигурност би ни дале доволно енергија за да останеме будни, но не би ни го дале одморот кој му е потребен на нашиот мозок.rnrnСпиењето влијае на многу работи. За некои од нив не би ни помислиле дека можат да бидат контролирани од спиењето. Додека спиеме се лачат најмногу хормони за растење. Сте помислиле зошто бебињата спијат многу повеќе од возрасните? Точно е дека постојат многу митови поврзани со спиењето , но потребата за сон и работата на мозокот во текот на спиењето се различни кај секој човек.rnrnПоминуваме речиси 1/3 од животот спиејќи, а никој не знае што точно се случува додека спиеме. Она што со сигурност го знаеме, е дека спиењето е ментална појава која ни е неопходна. Доколку не ви е јасно зошто спиете, пробајте да не го правите тоа макар два дена, па ќе ви стане јасно.rnrnНекои ќе речат дека спиењето е губење на време, напротив, спиењето е храна за мозокот. Можеби губите време кога се излежувате во кревет бидејќи со вас надвладеала мрзата, но не кога спиете, бидејќи од сонот имате реална потреба.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
