Постојат многу причини зошто љубовните врски се подобри во триесеттите отколку во дваесеттите години од животот. Меѓу останатото, партнерите се позрели и знаат што сакаат, па се одбегнуваат несакани кавги и непријатни моменти кои се секојдневни во врските за време на дваесеттите.rnrn
rnrnВо дваесеттите години имате повеќе слободни пријатели, поголема енергија, почесто излегувате и запознавате нови луѓе речиси секојдневно. Иако изгледа дека полесно може да се најде љубов во дваесеттите поради овие работи, мора да се признае дека врските најчесто се несериозни во овој период. Но, кога ќе влезете во третата деценија, за вас започнува нова фаза од животот во која може да очекувате многу поедноставни и посериозни врски. Зошто е тоа така?rn
1. Подобро знаете што сакате
rnВо триесеттите години подобро се познавате. Многумина се чувствуваат изгубени во дваесеттите, па затоа прават грешки во љубовта кои не би ги направиле подоцна.rn
2. Полесно ви е да му поставувате какви било прашања на партнерот
rnСега не се срамите да бидете директни. Згора на тоа, сакате да му поставувате секакви прашања на партнерот бидејќи знаете дека е подобро порано да ги дознаете сите можни негативни детали.rn
3. Сте научиле многу од своите претходни грешки
rnСите претходни проблеми и грешки кои сте ги направиле во љубовните врски сега се исплатат. Сега знаете на што треба да внимавате и не ги повторувате истите грешки.rn
4. Знаете дека не треба да трошите време на нешто што од почетокот не ви изгледа сигурно
rnСекој од нас премолчил за одредени работи бидејќи сме одбивале да си признаеме дека треба да ставиме крај. Во триесеттите години, тоа се случува многу поретко.rn
5. Го цените сопственото време
rnСега знаете дека треба да посветувате време на себе, но го цените и времето на останатите. Тоа ве прави посреќни и влијае позитивно на вашите љубовни односи.rn
6. Знаете дека не треба да најдете партнер „само за да не бидете сами“
rnВеќе е застарено мислењето дека не треба да се биде сам во триесеттите. Досега научивте дека е подобро да се биде сам отколку да се биде несреќен.rn
7. Имате многу поголемо искуство за сѐ
rnСите претходни врски ве научија на многу работи кои ги применувате во сегашните врски.rn
8. На поранешните партнери гледате како на „научена лекција“ со која подобро се разбирате себеси
rnПовеќе не гледате на поранешните партнери како на „непријатели“ кои ви го уништиле животот, туку на луѓе со кои во тој момент сте се чувствувале добро и кои ви помогнале да созреете на одреден начин.rn
9. Не се плашите доколку врската напредува брзо бидејќи вие го одбирате темпото
rnМожеби разговорот за заеднички живот со партнерот во дваесеттите ве плашеше, но тој е вообичаен во триесеттите и тоа е добро. Впрочем, сега знаете дека некои чекори кои ви изгледале големи претходно всушност се потребни во некои врски.rnrnСледно, прочитајте кои се и какви се најсреќните врски?