Фабијан Ефнер е млад суперталентиран фотограф од Цирих кој креира многу необични фотографии користејќи ги познавањата од физиката. Тој одлично знае како да создаде вонземски ефект со помош на светло, звучни бранови и разни материи.rnrn
rnrnОвој пат фотографирал меури од сапуница одговарајќи на два клучни предизвика: употреба на вистинското светло и фотографирање во вистинскиот момент. Го поставил светлото со кое требало да ги долови прекрасните бои, упорно правел меури од сапуница и трпеливо фотографирал стотици пати. По ваквата макотрпна работа успеал одблизу да ја фати колоритноста на краткиот животен век на меурите, а крајниот резултат се овие извонредни макрофотографии.rnrn







rnrnНеодамна имавме можност да видиме уште еден креативен сет фотографии од Фабијан Ефнер на кои се претставени колоритни течни мозаици, добиени како резултат на мешање на водени бои, ферофлуид (течност слична на моторното масло) и магнетно поле, под чие дејство оваа течност силно се магнетизира.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
