КАФЕ ПАУЗА

7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синови

7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синови

Сите родители мислат дека го прават најдоброто за своите деца, но некои татковци не знаат како да ги воспитаат своите синови и тоа може да резултира со нарушување на нивниот однос. Дури и татковците што се премногу заштитнички настроени кон своите деца може да ги направат децата да се плашат повеќе во текот на животот, а тоа може да доведе до повеќе неуспеси. Прочитајте кои се грешките што секој татко може да ги направи, но, за среќа, може да се избегнат ако сте свесни за нив.rn

1. Сакате да го контролирате времето кога си игра вашиот син

rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnТатковците играат суштинска улога во растењето на децата и тие користат различни зборови од мајките додека разговараат со својот син, а тоа помага во градењето подобри комуникациски вештини. Меѓутоа, кога родителот го контролира времето за игра на детето, тоа потешко ќе стекнува пријатели. Возрасниот треба да го следи водството на детето и да му даде неколку совети, но само кога тоа е соодветно.rn

2. Не поминувате време заедно

rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnРаботата ве спречува да одвоите време за најблиските, па го гледате вашето дете само неколку минути во текот на денот. Ова не е добро за двајцата. Запомнете дека вашето присуство ќе ја зголеми самодовербата на вашето дете, ќе му помогне да надмине некои детски проблеми и ќе бидете повеќе поврзани.rn

3. Ги криете опасните ситуации

rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnАко не му дозволите на вашето дете да доживее опасност, ќе биде уште повеќе исплашено. Укажувајќи на опасностите во моментот кога ќе ги видите може да има лошо влијание врз детето. Децата кои не ризикуваат додека се помлади, немаат вештини да станат независни возрасни. Таткото кој ги ограничува ризиците, ги храни стравовите на својот син.rn

4. Не му дозволувате на вашиот син да ги покаже своите емоции

rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnДодека девојчињата најчесто се охрабруваат да ги искажат своите емоции, па дури и добиваат помош да го сторат тоа, момчињата обично ги тераат да ги кријат своите емоции. Но, резултатот од потиснувањето на емоциите ќе се манифестира порано во животот и ќе влијае на неговата иднина. Незнаењето како да се справи со своите емотивни проблеми ги храни стресот и вознемиреноста, но и ја намалува неговата способност да стекнува пријателства што траат.rn

5. Го воспитувате вашиот син без да покажете љубов

rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnНа вашиот син му требаат дисциплина и воспитување, но не во форма на казна. Наместо тоа, вие сте тука за да поставите разумни правила и граници и да го потсетите дека секоја постапка има последици. Но, ако го правите сето тоа без да покажате љубов и ако викате цело време, вашето дете ќе почне да се плаши од вас и ќе стане агресивно.rn

6. Ги криете вашите неуспеси

rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnНајдобрите лекции што ги учиме во животот потекнуваат од нашите падови. Но, ако видите дека некој друг не успеал, ќе размислите двапати пред да го направите истиот чекор. Ако ги скриете лошите одлуки и пречките што не можете да ги надминете, вашиот син би можел да ги повтори истите грешки. Ако му покажете на детето како да учи од своите грешки, учејќи од вашите, тој ќе го искористи вашиот пример и ќе сфати дека нема потреба да се плаши од грешките, ќе ги прифати и ќе ги искористи за да достигне уште повисоки цели и да надмине некои поголеми предизвици.rn

7. Не ја почитувате неговата мајка

rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnАко вашиот син гледа како секогаш сте лути и покажувате непочитување кон неговата мајка, нема да поставите добра основа за неговите односи и врски во иднина. Тој треба да види како ја искажувате својата љубов кон сопругата. Дури и ако сте разведени, треба да однесувате кон неа со почит. На тој начин, вие сте пример за тоа како вашиот син треба да се однесува кон својата сестра, мајка или жена.rnrnПрочитајте кои се 5-те проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на своите деца.