КАФЕ ПАУЗА

Audi освои девет вредни награди

Automotive Innovations Award  (LTR): - Felix Kuhnert, Leader Automotive Pricewaterhouse Coopers AG - Dr. Stefan Knirsch, Member of the AUDI AG Board of Management for Technical Development  - Barbara Hahlweg, Presenter - Prof. Dr. Stefan Bratzel, Director Center of Automotive Managementrn

Audi е „Најиновативен премиум бренд“

rnAudi е добитник на три награди за автомобилски иновации. Наградите се доделуваат од страна на институтот за истражување „Центар за автомобилско управување (CAM) и PricewaterhouseCoopers AG (PwC). Audi ја освои главната награда „Најиновативен премиум бренд“, а во исто време ги освои и двете награди за своите иновации во категориите „Поврзан автомобил“ и „Возило концепт/каросерија“.rnrnAudi S3 Sedanrn

Двојна победа за Audi – „Најдобар Автомобил во Мексико“

rnAudi забележа две победи на мексиканската верзија „Автомобили на годината“. Audi А1 е победник во категоријата „Најдобар мал компактен автомобил“, додека пак Audi A3 со неговата лимузинската изведба беше прогласен за „Најдобар компактен седан“. Наградите беа доделени од страна на списанието „Automóvil Panamericano“.rnrnAudi A6rn

Прво место за Audi А6 на наградите „Најдобри автомобили во Чешка за 2016 година“

rnAudi А6 е победник во категоријата „Најдобар автомобил од средна големина“ во Чешка. Audi А6 освои најмногу гласови на читателската анкета која беше спроведена од страна на републичките публикации „auto motor a sport“ и „AUTO7“.rnrnAudi Q2rn

Голем успех за Audi на ADAC 2016

rnAudi импресионира со мал број дефекти во сите класи, што беше потврдено од страна на клубот ADAC кој собира статистички податоци поврзани со дефектите на автомобилите. Информациите се засновани на анализираните податоци за дефектите преку повеќе од 2,4 милиони тестови спроведени на различни возила и различни елементи од страна на клубот ADAC. Одлучувачки фактор е статистиката на дефекти што го покажува бројот на дефекти на возилата според годината на производство.rnrnAudi Q7rn

Маркус 2016: Три победи за Audi во Австрија

rnКлубот на австриската мобилност ÖAMTC ги награди Audi ТТ Roadster, Audi Q7 и Audi А4 . ТТ Roadster и Audi А4 беа победници во своите класи во категоријата „Опрема и безбедност“, додека Audi Q7 ја освои наградата во категоријата „Економија“ за најниски месечни трошоци во својата класа.rnrnAudi at the New York International Auto Show:rn

Врвна безбедност: Audi со највисоки оценки на Thatcham тестот

rnПо тестирањето спроведено од страна на Thatcham, Audi R8 Spyder, Audi A5, Audi Q5 и Audi Q2 постигна одличен резултат и ги надминаа пропишаните норми за безбедност. Минатата година Audi R8, Audi А4 и Audi A4 Avant успешно ги завршија овие тестови. Другите модели од портфолиото на Audi ќе бидат оценувани на крајот на годината. Thatcham е британски автомобилски истражувачки центар кој заедно со осигурителните компании ги тестираат актуелните модели преку голем број на сценарија со цел да се проценат механичките и електронските елементи за заштита од кражба.rnrnAudi A4 Avant 3.0 TDI quattrorn

„Најдобар службен автомобил за 2016 годината“: Audi победи во четири категории

rnПри процесот на селекција за наградите најдобар службен автомобил за 2016 годината, три Audi модели беа оценети како најдобри во своите категории. Audi А3 Sportback 1.6 TDI победи во компактната класа, Audi A4 Avant 2.0 TDI Ultra S tronic е избран како најдобар модел во класата автомобили до средина големина, додека Audi А6 Avant 2.0 TDI Ultra S tronic беше прогласен за апсолутен победник во својата класа. Покрај одличните резултати на своите модели, брендот го освои и првото место во категоријата „Најдобра услуга за флотните клиенти“.rnrnВкупно 82 модели во 12 категории беа тестирани од страна на 250 флотни менаџери, што е најголемиот компаративен тест во Европа. Критериумите за оценување беа: удобност, возни карактеристики и економичност на тестирани модели. Наградите „Најдобар службен автомобил за 2016 година“ беа доделени од страна на специјализираното списание „Firmenauto“ и организација за технички услуги DEKRA.rnrnAudi A4rn

Три награди Red Dot за Audi

rnAudi освои три Red Dot награди за 2016 година. Брендот со четири прстени победи со дизајнот на новите Audi A4, Audi R8 и. Red Dot наградите се потврда за квалитет на производите и стојат зад совршениот дизајн на новите производи.rnrnAudi A4 2.0 TFSI quattrorn

Флота награда за Audi A4

rnБританскиот магазин „Fleet News“ го избра Audi А4 за најдобар премиум автомобил за 2016 година. Жирито имаше особени пофалби за дизајн на Audi A4, но и за иновативните карактеристики и опции, а особено ја истакна вредноста на автомобилот.