Барот „The Passenger Bar“ е лоциран во Мадрид, Шпанија, а е инспириран од старомодните возови од 20-ти век, уреден со многу кожа, бакар и темно дрво. Но, она што го прави уникатен, е фактот дека овој бар-воз ги води неговите гости на прошетка околу светот, без да ги напушти неговите темели.rnrn
rnrnОвој кафе бар преку ден и рок бар навечер, им нуди илузија на движење на неговите посетители. Трите „прозорци“ покрај седиштата, се всушност видео екрани кои се програмирани да покажуваат синхронизирано движење кое се пренесува од еден кон друг прозорец, кои создаваат чувство дека гледате низ вистински прозорец додека се возите во воз. Па така, додека пиете кафе или коктел во ова интимно место, ќе уживате во убавиот урбан поглед или природна убавина низ која минувате „по патот“. rnrn
rnrnВидеата ги креирал шпанскиот видео артист Франгер, а фотографиите од урбаните сцени и пејзажите се направени од вистински возови, кои возат ширум светот. Фантастична идеја нели?!rnrn
rnrnДизајнерите на овој бар од компанијата „Parolio“ биле инспирирани од долгиот и тесен простор, па така продолжиле со концептот за создавање бар кој наликува на воз. Доследни во врска со рок музиката која е присутна во вечерните часови, тие го декорирале ходникот со фотографии од најголемите ѕвезди од класичната рок музика, фотографирани во возови и железнички станици. Сопственици на овој бар се младите шпански актери Родриго Тарамона и Џими Кастро.rnrn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
