Без разлика дали ја следите кето диетата или едноставно се чувствувате лошо кога јадете леб, овој рецепт ќе биде одличен за вас. Она што е поинтересно за овој рецепт е тоа што неговите состојки како семето од лен, сусам и псилиум можат да го подобрат вашето расположение. На пример, ленот се нарекува суперхрана поради неговите својства: тој е одличен извор на тиамин, рибофлавин, пиридоксин, фолна киселина, пантотенска киселина и добар извор на ниацин. Исто така, содржи голем број минерали – бакар, магнезиум, манган, фосфор, селен, железо, калциум и цинк.rnrnЗаедно со ленот е и псилиумот, кој е еден од најголемите пријатели на варењето на храната. Тој е одличен извор на растворливи влакна, а познато е дека влакната помагаат во регулирање на варењето, го чистат организмот од токсини, го забрзуваат метаболизмот и помагаат при губењето на телесната тежина.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 150 гр брашно од бадем
- 40 гр псилиум во прав
- 60 гр кокосово брашно
- 75 гр мелен лен
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка кромид во прав
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- сусам со кој ќе ги посипете направените лепчиња
- 2 лажички јаболков оцет
- 6 белки
- 2 цели јајца
- 480 мл врела вода
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn 011
- Измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги течните. Формирајте топчиња. Од оваа количина смеса ќе излезат околу 9-10 лепчиња.
- Наредете ги на хартија за печење. Печете околу 50 минути на 175 степени.
rn 011
rn
rnДополнителна информација:rnrnКога ќе ги направите лепчињата мора веднаш да ги ставите да се печат. Исто така, користете дигитална вага за мерење на состојките.rnrnПогледнете го и овој рецепт за пуслица ролат со боровинки и малини.