Животот на Кејт Мидлтон потполно се промени откако пред речиси 6 години влезе во кралското семејство. Животот во кралските палати не е лесен, туку е полн со правила, протоколи и формалности, а принцезите, кои иако уживаат во некои привилегии, мораат да се откажат од многу секојдневни работи. Ви откриваме 10 строги правила до кои принцезите во секој момент треба да се придржуваат.
rn
1. Учење на што е можно повеќе странски јазици
rnСовремените принцези мора да знаат што е можно повеќе странски јазици за кога ќе одат на посета на дипломатите од некои странски земји, поголемиот дел од разговорот да го водат на нивниот мајчин јазик.rn
2. Одрекување од правото на гласање
rnБарем така е во Велика Британија. Иако за ова не постои службен закон, жителите на Англија сметаат дека кралското семејство не треба да учествува во изборите, бидејќи тие ја претставуваат целата земја. Кога еднаш жената ќе стане принцеза, за неа повеќе нема гласање на политичките избори доколку сака нејзиниот народ да ја сака.rn
3. Откажување од својата „дива“ страна
rnЖената која ќе стане принцеза најверојатно и не е некој тип голема бунтовничка, но доколку сепак имала некоја дива страна, таа ќе мора засекогаш да се откаже од неа. Ниту таа, ниту нејзиното семејство не смеат да дозволат никакви скандали.rn
4. Подготвеност на живот полн со формалности
rnПрекарите не се дозволени во кралската палата. И принцезата треба да се навикне на тоа останатите да ѝ се обраќаат со „Нејзиното кралско височество принцезата…“.
rn
5. Секогаш се со беспрекорен изглед
rnВрвните стилисти барем трипати неделно ја фенираат косата на Кејт Мидлтон, и таа треба редовно да ја негува и скратува. Скоро е невозможно да ја видете Кејт несредена во јавност и таа е идеална пример за совршено дотерана принцеза. Да се биде принцеза не е за некого кој сака да ги извршува работите во облека за вежбање после интензивен тренинг.rn
6. Живот во семејство во кои се следат кралските правила
rnКралицата ги одредува поголемиот дел од ситниците кои се случуваат во секојдневниот живот во кралското семејство. На пример, правило е вечерата да заврши откако кралицата ќе заврши со нејзиниот оброк.rn
7. Присуство во најдобрите училишта и на најпрестижните социјални настани
rnЗа една жена да стане принцеза, таа мора да го запознае принцот. Најголема веројатност да се случи тоа е на престижните институции за високо образование, гала вечерите, на баловите или пак хуманитарните случувања. За принцезата е важно да има што е можно повисоко образование, бидејќи таа има важно место во општеството.
rn
8. Откажување од каква било кариера
rnДа се биде принцеза е работа со полно работно време и така треба да остане. Дури иако таа се образувала во најпрестижните училишта и стекнала многу дипломи, таа мора да се откаже од сонот да изгради сопствена кариера. Кејт Мидлтон има дипломирано на факултетот за историја на уметност, но не се занимава со тоа во животот.rn
9. Не смее да биде член на никаква политичка организација
rnПринцезата никогаш не смее да се кандидира за каква било политичка позиција поради слични причини поради кои и не смее да гласа. Принцезата ја претставува целата земја, а кандидирањето за ангажирање во некоја политичка странка би создало поделеност.rn
10. Мора да се занимава со хуманитарна работа
rnПоголемиот дел од своето време принцезата го минува занимавајќи се со хуманитарна работа, и со тоа во својата земја претставува грижлива, мајчинска фигура. Поголемиот дел од принцезите се определуваат за една или две хуманитарни цели и работат на подобрување на тие определени подрачја.

