Зарем некогаш сте помислувале дека на местото на една поранешна црква може да изникне ваков ексклузивен ресторан? Ресторанот „The Jane“, се наоѓа во Антверп, Белгија и нуди навистина поинакво гастрономско искуство.rnrn
rnrnОдличната храна не е единствениот аспект што местово го прави неодоливо. Тука е и впечатливиот и необичен ентериер. Забележителни се драматичните модерни дизајнерски елементи, како што се масивниот лустер, декорираниот под и совршено сочуваниот таван. Може да се каже дека во ресторанот, прекрасните современи елементи одлично се вклопуваат со старинскиот дизајн, при што се создава уникатен простор.rnrn
rnrnОд материјали, најдоминантни се дабовото дрво, природниот камен и кожата, употребена кај елементите за седење. Сепак, она што е најинтересно е поставеноста на кујната. Стаклените врати им овозможуваат на гостите да уживаат во ритуалот на подготовка на јадењата, во пријатна и специфична атмосфера. После сѐ, се чини дека одличната храна е новата религија!rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.